Здравје
Coca-Cola и PepsiCo ветија намалување на уделот на калории за 20 отсто до 2025 година
Најголемите американски производители на безалкохолни пијалоци, меѓу кои се Coca-Cola и PepsiCo, ветија намалување на уделот на калориите во засладените пијалоци за 20 отсто во наредните 10 години преку едукативни програми, маркетинг и амбалажа.
Вакви планови објавија Американското здружение на производители на безалкохолни пијалоци и Здружението за поздрави генерации на годишниот состанок на Клинтоновата глобална иницијатива во Њујорк.
Производителите на безалкохолни пијалоци планираат да ја остварат зацртната цел до 2025 година преку програма за едукација на граќаните за да го намалат внесувањето на калории преку конзумирање на пијалоци, како и преку зголемената понуд ана пијалоци кои се без или со многу малку калории, вклучително и флашираната вода.
Американското здружение на наведената индустрија ќе одбере независен проценител кој ќе го следи напредокот, но не е јасно колку конкретно калории подразира 20-отстотното намалување.
Најавената мерка веројатно се темели на обемот на продажбата, калориите според пијалоци и американските статистички податоци, рече Сузан К.Нили, претседателка и извршна директорка на Американското здружение на безалкохолни пијалоци. „Без преземање на такви обврски тешко би било да се задржи напредокот постигнат досега“, рече Нили.
Иницијативите за намалување на калориите не се ништо ново. Американското здружение на производители на пијалоци и Здружението за поздрави генерации со заеднички сили работат на намалување на калориите во пијалоците во училиштата.
Шеснаесет најголеми американски производители на храна и пијалоци, вклучително Coca-Cola и PepsiCo, во 2010 година се обврзаа дека до 2012 година ќе отстранат 1.000 милијарди калории од американскиот пазар, а до 2015 година 1.500 калории. Компаниите се дел од фондацијата за здрава тежина која ја предводат извршните директори на компаниите, а која е основана во 2009 година со цел да се намали дебелината кај населението.
Компаниите од фондацијата во јануари годинава објавија дека во 2-12 година заедно во САД продале 4.600 милијарди калории помалку во спроедба со 2007 година. Но, анализата на научниците од Универзитетот во Северна Каролина покажа дека вкупнито број на калории во пакувана храна која наведените компании им ја продале на семејства со деца не се променила од 2011 во 2012 година. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Зошто понекогаш е добро да се направи пауза во процесот на слабеење?
Паузите се период кога привремено го прекинувате калорискиот дефицит и преминувате на диета што ја одржува вашата моментална тежина.
Повеќето луѓе кои се обидуваат да ослабат се фокусираат на строги диети и постојан калориски дефицит, надевајќи се на брзи резултати. Сепак, таков пристап често води до замор, губење на мотивација и откажување пред да се постигнат посакуваните цели.
Еден од најефикасните начини за одржување на мотивацијата и постигнување подобри резултати е воведување планирани паузи за време на губењето на тежината. Паузите се период кога привремено го прекинувате калорискиот дефицит и преминувате на диета што ја одржува вашата моментална тежина.
Ова му дава на телото шанса да се одмори, а метаболизмот се стабилизира, додека психолошки се регенерира. Телото не е под стрес и подоцна кога ќе продолжите со планот и програмата, има мотивација.
Паузите исто така помагаат во учењето како правилно да се одржува тежината. Многу луѓе не знаат како да јадат по диетата и често се враќаат на старите навики, што доведува до враќање на изгубената тежина. Кратките, планирани паузи му овозможуваат на телото и навиките постепено да се прилагодат на новата тежина и навиките во исхраната.
Покрај тоа, паузата од ограничувањата го намалува гладот и психолошкиот притисок, што му помага на лицето да се врати на диетата со обновена енергија и дисциплина. Паузите не се знак на слабост или откажување, туку стратешка алатка за долгорочен успех во слабеењето.
Затоа, правењето планирани паузи може да ги подобри и физиолошките и психолошките аспекти на процесот на слабеење, да го олесни постигнувањето на целите и да помогне во одржувањето на посакуваната тежина по завршувањето на диетата.
Забава
Неколку навики додека се туширате секојдневно ви ја уништуваат кожата
При секојдневно туширање, често се јавуваат проблеми со кожата како што се затегнатост, лупење, сивост или иритација, а експертите ги објаснуваат најчестите причини за ова.
Дерматолозите предупредуваат дека најголемите проблеми со кожата не доаѓаат само од силните производи, туку и од мали, повторувачки грешки кои полека ја оштетуваат заштитната бариера. Затоа е клучна правилната нега на кожата.
Експертите тврдат дека најпријатните моменти во туширањето, долгите и топлите, се и најштетни бидејќи водата над 38 степени ги раствора липидите, природните масла што ја одржуваат кожата мека и еластична.
Кога ова се случува секој ден, бариерата се истенчува, губи влага и развива препознатлива комбинација од затегнатост и чувство на „крцкање“.
Кожата потоа изгледа чиста, но е и исцрпена. Експертите советуваат да се користи млака вода, која чисти без да ја наруши природната состојба на телото. После тоа, кожата подобро ја прифаќа грижата, а сувоста на кожата исчезнува речиси преку ноќ.
Дополнително, геловите полни со парфеми, сулфати и засилувачи на пена го прават она што го прави топлата вода, односно отстрануваат повеќе отколку што е потребно. Кога на тоа ќе се додаде и секојдневната употреба на сунѓери кои механички ја тријат кожата, резултатот е потенцијална хронична иритација, која најчесто се гледа на рамената, градите, нозете и подлактиците.
Она што ѝ е потребно на вашата кожа е понежен пристап во форма на поприродни гелови и оние со минимален број состојки, без интензивни мириси.
Исто така, препорачливо е да нанесувате производи за нега на тело во првите 60 секунди по туширањето. Тогаш вашата кожа најбрзо ја губи влажноста.
Кога млекото, лосионот или маслото се нанесуваат додека кожата е влажна, се создава заштитен слој што ја одржува кожата мека во текот на целиот ден.
Дерматолозите велат дека ова е една од најбрзите промени што носи видливи резултати, особено во зима кога воздухот е сув, а кожата е почувствителна од вообичаеното.
Забава
(Видео) Најдобрата вежба за стегнат задник
Како што температурите се намалуваат и тренинзите се префрлаат од парковите во теретаните, фокусот повторно е на докажани вежби за сила и форма.
Главниот фокус, секако, се задникот и нозете. Интернетот е полн со програми за „peachy gluteus“ и силни нозе, но кога ќе се собере сè и ќе се одземе, постои една вежба која постојано се издвојува како кралица на долниот дел од телото – бугарско чучнување.
Повеќето луѓе прво помислуваат на стандардното чучнување или популарниот hip thrust кога сакаат да го активираат задникот. И да, и двата се одлични за вежбање, но не се број 1. Според многу тренери и студии, бугарско чучнување е супериорна вежба кога станува збор за активирање на мускулите на задникот, тетивите и квадрицепсите. Тоа е еднострана вежба која ги таргетира вистинските мускули, а воедно ја подобрува рамнотежата, стабилноста и симетријата на телото.
Бугарско чучнување се изведува со поставување на едното стапало на подигната површина (обично клупа) додека се прави клекнување со другото. Иако изгледа едноставно, оваа вежба брутално ги погодува мускулите и по само неколку повторувања ќе почувствувате како „горат“ – во најдобрата смисла на зборот. Може да се прави со сопствена тежина, тегови или шипка, во зависност од вашето ниво на искуство.
Она што ја издвојува оваа вежба е максималното активирање на глутеусите во долната фаза од движењето и фактот дека ја елиминира можноста посилната нога да ја „преземе“ работата на послабата, што е чест проблем кај класичните чучњеви. Покрај тоа, бидејќи бара рамнотежа и координација, ги вклучува и мускулите на јадрото, па затоа работите со повеќе мускулни групи во една вежба.
Значи, ако сакате да ги обликувате нозете и задникот, а не сакате да поминувате часови во теретана правејќи бесконечни серии, бугарско чучнување треба да биде на врвот на вашата листа. Не е најлесно, но дефинитивно е најефикасна вежба.

