Контакт

Здравје

„Гасовите“ укажуваат на здравствената состојба

Објавено пред

Гасовите во цревата не се само непријатни, туку можат да бидат и важен показател за здравствената состојба, предупредуваат научниците.

dobivaj vesti na viber

„Она што излегува од вашиот задник ни говори само за последните дваесетина сантиметри од цревата“, вели Питер Гибсон од австралискиот универзитет Монаш во сојузната држава Викторија. Тимот научници што тој го предводи сака да дознае што се случува во претходните 130 сантиметри од дигестивниот систем завршувајќи со „крајната експлозија“.

Варењето на храната зависи од сложената интеракција меѓу гените, исхраната, метаболизмот и микроорганизмите во телото, од кои секој може да остави своја трага во гасовити нуспродукти. Секоја промена во „гасовите“ кои излегуваат од нашето тело, оттаму, може да биде знак на сериозни болести кои го погаѓаат кој и да е дел од тој процес, истакнуваат стручњаците.

Тимот на Гибсон работи на сонда којашто биги анализирала процесите по должината на целиот дигестивен систем и би ги мерела гасовите во сите фази на варењето.

Прекумерното производство на водород и метан укажува на можни проблеми до разградувањето на јаглехидратите, поради што скробот и шеќерот ферментираат во цревата. Преголемото количество метан, пак, може да го попречи движењето на цревата, што значи дека тоа би можело да биде причина за запек од кој патат луѓе со синдромот на нервозно дебело црево.

„Утврдено е мислење дека метанот се создава во долните делови од дебелото црево, меѓутоа во тоа не можеме да бидеме сигурни“, смета Гибсон.

Водородниот сулфид е гас кој на прдежите им го дава несносливиот мирис на расипани јајца. Освен непријатноста која може да ја предизвика на јавно место, хронично високото ниво на овој гас во цревата би можело да биде знак за оштетување на слузницата, воспаление, па дури и за рак на дебелото црево.

„Тоа е пример како гасот може да биде од неверојатна помош“, истакнува Гибсон.

Сегашните техники на мерење на подуеноста се само индиректни, како здивот или анализа на столицата и не ги откриваат проблемите во раната фаза на варењето на храната. Томот на Гибсон смета дека го рашил тој проблем, изумувајќи малечок сензор кој може да се проголта како апче. Додека минува низ телот, капсулата во правилни интервали собира гасови и податоците ги испраќа во компјутер. Покрај, тоа, ја мери температурата и киселоста кои можат да укажат на позицијата на сензорот во дигестивниот систем. Тоа е особено важно на крајот од патувањето низ цревата.

„Сакате да знаете дали излегол низ задникот, но тоа нема да го знаете бидејќи едноставно ќе заврши како дел од столицата“, вели Гибсон.

Податоците за температурата, меѓутоа, го даваат одговорот во истиот момент. „Кога температурата ќе падне, знаеме дека излегол надвор“, додава австралискиот научник и појаснува дека лекарите така би можеле да соберат податоци во реално време и во секоја фаза од патувањето на сензорот низ дигестивниот систем.

Засега прототипот го тестирале на свињи, но за неколку месеци планираат да го испробаат и на луѓе./крај/мф/сн

Извор: BBC



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Неколку навики додека се туширате секојдневно ви ја уништуваат кожата

Објавено пред

При секојдневно туширање, често се јавуваат проблеми со кожата како што се затегнатост, лупење, сивост или иритација, а експертите ги објаснуваат најчестите причини за ова.

dobivaj vesti na viber

Дерматолозите предупредуваат дека најголемите проблеми со кожата не доаѓаат само од силните производи, туку и од мали, повторувачки грешки кои полека ја оштетуваат заштитната бариера. Затоа е клучна правилната нега на кожата.

Експертите тврдат дека најпријатните моменти во туширањето, долгите и топлите, се и најштетни бидејќи водата над 38 степени ги раствора липидите, природните масла што ја одржуваат кожата мека и еластична.

Кога ова се случува секој ден, бариерата се истенчува, губи влага и развива препознатлива комбинација од затегнатост и чувство на „крцкање“.

Кожата потоа изгледа чиста, но е и исцрпена. Експертите советуваат да се користи млака вода, која чисти без да ја наруши природната состојба на телото. После тоа, кожата подобро ја прифаќа грижата, а сувоста на кожата исчезнува речиси преку ноќ.

Дополнително, геловите полни со парфеми, сулфати и засилувачи на пена го прават она што го прави топлата вода, односно отстрануваат повеќе отколку што е потребно. Кога на тоа ќе се додаде и секојдневната употреба на сунѓери кои механички ја тријат кожата, резултатот е потенцијална хронична иритација, која најчесто се гледа на рамената, градите, нозете и подлактиците.

Она што ѝ е потребно на вашата кожа е понежен пристап во форма на поприродни гелови и оние со минимален број состојки, без интензивни мириси.

Исто така, препорачливо е да нанесувате производи за нега на тело во првите 60 секунди по туширањето. Тогаш вашата кожа најбрзо ја губи влажноста.

Кога млекото, лосионот или маслото се нанесуваат додека кожата е влажна, се создава заштитен слој што ја одржува кожата мека во текот на целиот ден.

Дерматолозите велат дека ова е една од најбрзите промени што носи видливи резултати, особено во зима кога воздухот е сув, а кожата е почувствителна од вообичаеното.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Најдобрата вежба за стегнат задник

Објавено пред

Како што температурите се намалуваат и тренинзите се префрлаат од парковите во теретаните, фокусот повторно е на докажани вежби за сила и форма.

dobivaj vesti na viber

Главниот фокус, секако, се задникот и нозете. Интернетот е полн со програми за „peachy gluteus“ и силни нозе, но кога ќе се собере сè и ќе се одземе, постои една вежба која постојано се издвојува како кралица на долниот дел од телото – бугарско чучнување.

Повеќето луѓе прво помислуваат на стандардното чучнување или популарниот hip thrust кога сакаат да го активираат задникот. И да, и двата се одлични за вежбање, но не се број 1. Според многу тренери и студии, бугарско чучнување е супериорна вежба кога станува збор за активирање на мускулите на задникот, тетивите и квадрицепсите. Тоа е еднострана вежба која ги таргетира вистинските мускули, а воедно ја подобрува рамнотежата, стабилноста и симетријата на телото.

Бугарско чучнување се изведува со поставување на едното стапало на подигната површина (обично клупа) додека се прави клекнување со другото. Иако изгледа едноставно, оваа вежба брутално ги погодува мускулите и по само неколку повторувања ќе почувствувате како „горат“ – во најдобрата смисла на зборот. Може да се прави со сопствена тежина, тегови или шипка, во зависност од вашето ниво на искуство.

Она што ја издвојува оваа вежба е максималното активирање на глутеусите во долната фаза од движењето и фактот дека ја елиминира можноста посилната нога да ја „преземе“ работата на послабата, што е чест проблем кај класичните чучњеви. Покрај тоа, бидејќи бара рамнотежа и координација, ги вклучува и мускулите на јадрото, па затоа работите со повеќе мускулни групи во една вежба.

Значи, ако сакате да ги обликувате нозете и задникот, а не сакате да поминувате часови во теретана правејќи бесконечни серии, бугарско чучнување треба да биде на врвот на вашата листа. Не е најлесно, но дефинитивно е најефикасна вежба.

Прикажи повеќе...

Забава

Трчањето во зима е најдоброто нешто што можете да го направите за вашето тело

Објавено пред

Кога температурите се приближуваат кон нула, облекувањето патики, јакна, капа и трчањето навечер не звучи како привлечна идеја за повеќето од нас.

dobivaj vesti na viber

Со исклучок на страствените тркачи кои не се откажуваат од своите омилени активности дури ни во текот на зимските месеци, тренингот дома или во теретана дефинитивно изгледа како подобра опција.

Сепак, трчањето на студ има неколку неочекувани придобивки за нашите тела. Иако на прв поглед можеби не е најпријатно, постојат неколку причини зошто зимата може да биде одлично време да додадете џогирање во вашата фитнес рутина.

Покрај тоа, експертите тврдат дека трчањето на студ е всушност поздраво за нашите тела отколку на топлина, а некои од придобивките вклучуваат согорување на повеќе калории и борба против сезонското афективно нарушување.

Трчањето на студ може да го забрза вашиот метаболизам
Иако нашите тела се загреваат кога трчаме, истражувањата сугерираат дека престојот на студени температури може да стимулира специфична форма на термогенеза, или зголемување на метаболизмот, што главно се постигнува со активирање на специјално ткиво наречено кафеава маст – вид маснотии што е одговорно за согорување калории.

Позитивен ефект врз менталното здравје
„Runner’s high“, термин што ја опишува еуфоричната состојба што ја чувствуваат тркачите за време и по неколку километри трчање, се јавува поради ослободување на ендорфини и ендоканабиноиди кои го намалуваат стресот и го поттикнуваат чувството на среќа. Ова чувство се јавува без оглед на годишното време, но во зимските месеци може да има уште попозитивен ефект, особено кај оние кои страдаат од зимска тага.

Исто така, почестото изложување на студ му помага на нашето тело да се навикне на него, што постепено ќе го намали одговорот на стресот на зимските временски услови.

Како да се подготвите за трчање на студ
Прво на сите, проверете ја временската прогноза – трчањето на дожд или снег ако сте почетник дефинитивно нема да биде пријатно искуство, а ризикувате повреда ако немате соодветна обувка. За секој случај, најдобро е да изберете ден без врнежи.

Експертите советуваат: ако одите на трчање, нема да ви треба толку дебела облека како да одите на лежерна прошетка. Облечете се како температурата да е десет степени повисока отколку што е всушност, бидејќи вашето тело природно ќе се загрее. Исто така, направете кратко загревање пред да го напуштите станот.

Што се однесува до облеката, важно е да носите слоеви кои го штитат телото, а воедно овозможуваат движење и дишење. Термо хеланки за трчање, маица со долги ракави која не ја впива потта и водоотпорна и ветроотпорна јакна ќе бидат задолжителни. Иако инаку е одличен материјал, памучните маици не се најдобра опција бидејќи ја впиваат потта, што дополнително ќе ве разлади. Исто така е важно да носите ракавици или маица што ги покрива дланките, бидејќи студот најмногу го чувствуваме на екстремитетите. Специјална маска за лице е исто така добра идеја, бидејќи студениот воздух може да предизвика кашлање и суво грло.

фото: unsplash

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Арсовска не знаела дека треба да поднесе имотна состојба по престанокот на мандатот, ја обвини ДКСК за јавен линч

Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, не знаела дека треба да поднесе имотна состојба по престанок на нејзиниот мандат...

Македонија11 часа

Мицкоски: Поради вештачки причини ние сè уште не можеме да бидеме дел од европското семејство

Поради вештачки причини ние сè уште не можеме да бидеме дел од европското семејство, изјави премиерот, Христијан Мицкоски во Брисел....

Македонија16 часа

(Видео) Кузеска: Фирма со тројца вработени добила 1,2 милион евра за два месеца

„Им благодариме на сите граѓани кои се приклучија и доставија информации и докуметни на нашата дигитална платформа за борба против...

Македонија17 часа

Преку мобилна апликација секој ќе може да си провери дали има казна од „Безбеден град“, ќе се бележи историја на прекршоци за секого

Граѓаните што направиле некој од четирите прекршоци што ги регистрираат камерите на „Безбеден град“ и без да им стигне известување...

Македонија17 часа

35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба, меѓу нив Ѓорѓиевски и Арсовска, соопшти Комисијата за спречување на корупцијата

Државната комисија за спречување на корупцијата, во согласност со член 17 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на...

Македонија18 часа

Орце продолжува со скандалозни назначувања, партиски кадар со криминално досие на чело на Зоолошката, велат од Левицата

Левицата предупредува дека најавите за ново раководство во Зоолошката градина во Скопје претставуваат уште еден алармантен пример за тоа како...

Македонија18 часа

Куќен притвор и 24-часовен надзор за Љупчо Пецов-Ѓаволот, доставил документи за влошена здравствена состојба

Во текот на вчерашниот ден во Основниот кривичен суд Скопје пред судија на претходна постапка беше спроведен Љупчо Пецов-Ѓаволот, на...

Топ19 часа

Кривични пријави за измама и давање лажен исказ: изготвиле фактури иако знаеле дека договорите за превоз на ученици во Тетово биле истечени

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.З.(46) од Тетово и против правно лице –транспортно претпријатие од Тетово поради постоење основи...

Топ19 часа

Ја убиле со пиштол, телото ѝ го спуштиле во дупка и го запалиле: истрага против две лица за свирепо убиство на жена во гостиварско Неготино

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица осомничени дека извршиле кривично дело – Убиство...

Македонија20 часа

„Дали Коцевски тактизира со оставката за да купи време и да се забошотат над 40 предмети за висока корупција за функционери од СДС и ДУИ“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Љупчо Коцевски тактизираше дури и со сопствената оставка и одлучи да ги пресретне непријатните дискусии и вистината за неговото работење...

Свет20 часа

Трамп ја продолжи забраната за патување во САД за уште седум земји

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го прошири списокот на земји чии граѓани имаат забрана за патување во Соединетите Американски Држави,...

Свет21 час

Терористот од Сиднеј обвинет за 59 кривични дела

24-годишниот Навид Акрам, кого полицијата го сомничи дека стои зад масакрот на плажата Бонди во Сиднеј, е обвинет за вкупно...

Македонија23 часа

(Видео) Филипче го соопшти новото раководство на партијата: СДСМ има нов тим, нова сила – нова енергија!

Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, по завршувањето на вчерашната седницата на Централниот одбор на СДСМ го...

Македонија1 ден

МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците

Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во...

Македонија2 дена

Стојаноски: СДСМ ја напуштија седницата кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти,...

Топ2 дена

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Полицијата го уапси возачот кој денеска со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар. Според информациите на МВР, денеска (16.12.2025) околу...

Македонија2 дена

(Видео) СДСМ бара оставка од директорката на ГАК по смртта на новороденчето: „Има сомнежи за лекарска грешка“

СДСМ бара оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство по смртта на новороденчето. „Денеска со огорченост стоиме пред...

Македонија2 дена

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој кажа дека од почетокот тврдел дека евентуалната постапка за...

Македонија2 дена

ДЗР утврди неправилности во финансиското работење на АД „Државна лотарија“ и можни злоупотреби со паричните средства во готово

Со извршената ревизија во АД Државна лотарија за 2024 година, утврдени се сериозни неправилности кои се поврзани со нелогични и...

Топ2 дена

При претреси во Виница и Виничко пронајдени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети: петмина уапсени

Вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или...