Здравје
Грижа за кожата во лето
Кожата е најголемиот орган во нашето тело и игра важна улога во заштитата на внатрешните органи. За да се спречи оштетувањето на кожата и да се намали ризикот од рак на кожата, потребна е пред се правилна заштита. Умереното изложување на сонце е корисно и помага за настанување на Витаминот Д кој е од важно значење за функционирање на мускулите, јакнење на коските и подобрување на циркулацијата меѓутоа при изложување на сонце важна е правилната заштита од УВ зраците и превентивно да ги почитуваме советите од дерматолог како да се заштитиме во сончевиот период. Незаштитената кожа лесно може да биде оштетена од дејството на ултравиолетовите зраци.
Превентивни прегледи на бемки во лето
Препорачливо е контрола на бемките да се изврши пред почетокот на летната сезона и по завршувањето на сезоната, на тој начин се откриваат промените ако евентуално настанале од сончевите зраци. Овој тип на споредба е единствено можен со компјутеризирана дерматоскопска дијагностика. Откако ќе се снимат и запамтат бемките, секоја новопојавена или промена на старата бемка лесно се забележува, а понатаму и се следи и по потреба се интервенира.
Меланомот е најопасната форма на рак на кожата. Потекнува од пигментните клетки меланоците сместени во епидермот на кожата. Последните децении во пораст е инциденцата на појавување на меланомот, што се објаснува со зголемената УВ-зрачење. Сепак може да се превенира ако рано се дијагностицира и во висок процент се излекува. Освен сончевата експозиција, генетичките фактори во голема мера влијаат меланоцитите да се преобратат во малигни. Друг фактор се и честите трауми или откинување на бемката. Најголем број меланоми се црни и кафеави. Меланомите често ја менуваат својата форма, се распаѓаат, крварат а може и да се воспалат. Најчеста локализација е на лицето и нозете.
Заштитата од сончевите зраци, заштитната облека и рационалното избирање на најповолните периоди во денот за извршување на секојдневните обврски, дејствуваат долгорочно во правец на заштита од поголеми оштетувања на кожата. Затоа е важно да се заштитиме при појава на првите сончеви зраци, а со тоа ќе се заштитиме од подоцнежните негативни влијанија кои неповолно и штетно би влијаеле на Вашата кожа.
Нега на кожата за време на летниот период
За време на летниот период кога поголемиот дел од нашата кожа е изложен на надворешни влијанија, неопходно е потребно интензивно и секојдневно да ја негуваме, хидрираме и заштитуваме нашата кожа. Во тој процес особено е ефикасно да се направат интензивни третмани за хидратација надополнети со кристален пилинг за чистење на мртвиот слој на клетки од кожата. На овој начин ќе се амортизираат штетните ефекти на јаките ултравиолетови зраци кои ги забрзуваат процесите на предвремено стареење на кожата.
Ласерска епилација во лето
Денес напреднатите ласерски системи ги заменија непријатните, скапи и краткотрајни методи за отстранување на влакна, како што се бричење, депилација со восок или со депил-крем, електроепилација и сл. За разлика од сите нив, ласерскиот третман е неинвазивен пристап, кој овожможува трајно отстранување на влакната, практичен е за големи површини на телото и нема иритација.
За полесно да донесете одлука обратете внимание главно на две нешта- ласерот со кој се врши епилацијата и персоналот кој го изведува тоа.
Моментално во светот ласерска епилација во лето е дозволена од безбедносни причини единствено со еден ласер најновиот, диоден ласер со клизна технологија Soprano XL. Со уникатната технологија на епилација со сонда во движење топлината ја примаат и влакнените корени и околните клетки. На тој начин со здружено дејство влакната се уништуваат а кожата останува без реакција. Уште веднаш може да се експонирате на сонце а и обратно, кратко после експозицијата на сонце да направите ласерска епилација. Секако дека што е понова технологијата тaа не само што е побезбедна туку и поефикасна и побезболна.
Дочекајте ги летните денови спремни и уживајте безгрижно во нив со препораките од дерматолог за заштита од УВ зраците и несаканите последици од нив, со обликувано тело без влакна.
Пишува: д-р Анета Кокалеска Петрушевска
Спец. дерматолог
Ординација д-р Анчевски
www.ancevski.com.mk/крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Зошто понекогаш е добро да се направи пауза во процесот на слабеење?
Паузите се период кога привремено го прекинувате калорискиот дефицит и преминувате на диета што ја одржува вашата моментална тежина.
Повеќето луѓе кои се обидуваат да ослабат се фокусираат на строги диети и постојан калориски дефицит, надевајќи се на брзи резултати. Сепак, таков пристап често води до замор, губење на мотивација и откажување пред да се постигнат посакуваните цели.
Еден од најефикасните начини за одржување на мотивацијата и постигнување подобри резултати е воведување планирани паузи за време на губењето на тежината. Паузите се период кога привремено го прекинувате калорискиот дефицит и преминувате на диета што ја одржува вашата моментална тежина.
Ова му дава на телото шанса да се одмори, а метаболизмот се стабилизира, додека психолошки се регенерира. Телото не е под стрес и подоцна кога ќе продолжите со планот и програмата, има мотивација.
Паузите исто така помагаат во учењето како правилно да се одржува тежината. Многу луѓе не знаат како да јадат по диетата и често се враќаат на старите навики, што доведува до враќање на изгубената тежина. Кратките, планирани паузи му овозможуваат на телото и навиките постепено да се прилагодат на новата тежина и навиките во исхраната.
Покрај тоа, паузата од ограничувањата го намалува гладот и психолошкиот притисок, што му помага на лицето да се врати на диетата со обновена енергија и дисциплина. Паузите не се знак на слабост или откажување, туку стратешка алатка за долгорочен успех во слабеењето.
Затоа, правењето планирани паузи може да ги подобри и физиолошките и психолошките аспекти на процесот на слабеење, да го олесни постигнувањето на целите и да помогне во одржувањето на посакуваната тежина по завршувањето на диетата.
Забава
Неколку навики додека се туширате секојдневно ви ја уништуваат кожата
При секојдневно туширање, често се јавуваат проблеми со кожата како што се затегнатост, лупење, сивост или иритација, а експертите ги објаснуваат најчестите причини за ова.
Дерматолозите предупредуваат дека најголемите проблеми со кожата не доаѓаат само од силните производи, туку и од мали, повторувачки грешки кои полека ја оштетуваат заштитната бариера. Затоа е клучна правилната нега на кожата.
Експертите тврдат дека најпријатните моменти во туширањето, долгите и топлите, се и најштетни бидејќи водата над 38 степени ги раствора липидите, природните масла што ја одржуваат кожата мека и еластична.
Кога ова се случува секој ден, бариерата се истенчува, губи влага и развива препознатлива комбинација од затегнатост и чувство на „крцкање“.
Кожата потоа изгледа чиста, но е и исцрпена. Експертите советуваат да се користи млака вода, која чисти без да ја наруши природната состојба на телото. После тоа, кожата подобро ја прифаќа грижата, а сувоста на кожата исчезнува речиси преку ноќ.
Дополнително, геловите полни со парфеми, сулфати и засилувачи на пена го прават она што го прави топлата вода, односно отстрануваат повеќе отколку што е потребно. Кога на тоа ќе се додаде и секојдневната употреба на сунѓери кои механички ја тријат кожата, резултатот е потенцијална хронична иритација, која најчесто се гледа на рамената, градите, нозете и подлактиците.
Она што ѝ е потребно на вашата кожа е понежен пристап во форма на поприродни гелови и оние со минимален број состојки, без интензивни мириси.
Исто така, препорачливо е да нанесувате производи за нега на тело во првите 60 секунди по туширањето. Тогаш вашата кожа најбрзо ја губи влажноста.
Кога млекото, лосионот или маслото се нанесуваат додека кожата е влажна, се создава заштитен слој што ја одржува кожата мека во текот на целиот ден.
Дерматолозите велат дека ова е една од најбрзите промени што носи видливи резултати, особено во зима кога воздухот е сув, а кожата е почувствителна од вообичаеното.
Забава
(Видео) Најдобрата вежба за стегнат задник
Како што температурите се намалуваат и тренинзите се префрлаат од парковите во теретаните, фокусот повторно е на докажани вежби за сила и форма.
Главниот фокус, секако, се задникот и нозете. Интернетот е полн со програми за „peachy gluteus“ и силни нозе, но кога ќе се собере сè и ќе се одземе, постои една вежба која постојано се издвојува како кралица на долниот дел од телото – бугарско чучнување.
Повеќето луѓе прво помислуваат на стандардното чучнување или популарниот hip thrust кога сакаат да го активираат задникот. И да, и двата се одлични за вежбање, но не се број 1. Според многу тренери и студии, бугарско чучнување е супериорна вежба кога станува збор за активирање на мускулите на задникот, тетивите и квадрицепсите. Тоа е еднострана вежба која ги таргетира вистинските мускули, а воедно ја подобрува рамнотежата, стабилноста и симетријата на телото.
Бугарско чучнување се изведува со поставување на едното стапало на подигната површина (обично клупа) додека се прави клекнување со другото. Иако изгледа едноставно, оваа вежба брутално ги погодува мускулите и по само неколку повторувања ќе почувствувате како „горат“ – во најдобрата смисла на зборот. Може да се прави со сопствена тежина, тегови или шипка, во зависност од вашето ниво на искуство.
Она што ја издвојува оваа вежба е максималното активирање на глутеусите во долната фаза од движењето и фактот дека ја елиминира можноста посилната нога да ја „преземе“ работата на послабата, што е чест проблем кај класичните чучњеви. Покрај тоа, бидејќи бара рамнотежа и координација, ги вклучува и мускулите на јадрото, па затоа работите со повеќе мускулни групи во една вежба.
Значи, ако сакате да ги обликувате нозете и задникот, а не сакате да поминувате часови во теретана правејќи бесконечни серии, бугарско чучнување треба да биде на врвот на вашата листа. Не е најлесно, но дефинитивно е најефикасна вежба.

