Контакт

Здравје

Израелка свиреше виолина додека и’ го оперираа мозокот

Објавено пред

Израелска музичарка свирела на виолина додека со операција на мозокот лекарите се обидувал да ја отстранат причината за треморот, кој ја чинел кариерата
 

dobivaj vesti na viber

Израелска музичарка свирела на виолина додека со операција на мозокот лекарите се обидувал да ја отстранат причината за треморот, кој ја чинел кариерата

 

Треморот е воочливо неволно тресење на целото тело, екстремитети или одредени групи мускули, со брзо наизменично грчење. Може да биде хроничен симптом на некои органско, невролошко или психичко заболување, и минлива појава. Овие осцилации можат да бидат од едвај забележливи до многу големи кои можат да предизвикаат целосно неспособност.

Началникот на неврохируршкото одделение во болницата „Сураски“ во Тел Авив, Јицак Фриед изјавил за медиумите дека операцијата на мозокот на Наоми Елишув била изведена во средата додека била будна за да може прецизно да се одреди каде да биде поставена електродата. „Електродата мора да биде поставена точно во милиметар“, рекол Фриед, пренесува агенцијата DPA.

Затоа хирургот побарал Елишув да свири на својот инструмент за да биде сигурен дека стимулацијата на мозокот со електродата го отстранила треморот без нуспојави. „Ова е првпат да оперирав пациент кој свиреше во текот на зафатот. Многу ми е мило што присуствував на приватен концерт на талентирана и ценета музичарка“, додал.

Шеесетгодишната Елишув порано била виолинистка на литванскиот национален симфониски оркестар и на израелскиот камерен оркестар, но тресењето ја принуди да ја прекине кариерата на инструменталист и да се посвети на подучувањето.

Операцијата над музичарката била изведена низ дупка во черепот низ којашто во еден од мозочните центри за движење е воведена електрода од 1,3 милиметри. Елишув во текот на операцијата требало да зборува што чувствува. „Кога го погодивме местото, се слушна совршен Моцарт. Немаше веќе тресење“, изјавил Фриед.

„Виолината е мојата најголема љубов. Треморот ме запре во професионалното свирење, а тоа беше тешко за жена како мене, која свиреше целиот живот“, изјавила восхитената Елишув. Додала дека сега одвај чека да му се врати на нормалното живеење: „Сакам да свирам и да испијам чај без страв дека ќе го истурам“./крај/мф/сн

Извор: DPA

Забава

Методот 5/25/25 – најпопуларната диета по празниците: Топи килограми без ограничување на оброкот

Објавено пред

Методот 5/25/25, измислен од фитнес инструкторката Џули Капицело, не го ограничува вашиот оброк, а ви помага да ослабете.

dobivaj vesti na viber

Нема смисла да се лажете себеси – не постои единствен и најдобар начин за слабеење, бидејќи нашите тела се различни и имаме различни потреби – од губење на 3-6 килограми до губење на дури 30 или 60 килограми. За среќа, балансираниот пристап кон слабеењето, базиран на разновидно мени и неисклучување на цели групи на храна од исхраната, станува сè попопуларен.

Таков метод за слабеење е 5/25/25, измислен од фитнес инструкторката Џули Капицело. Што е уникатно во врска со овој метод?

Методот 5/25/25 не го ограничува вашиот оброк.
Методот 5/25/25 се фокусира на додавање намирници во вашата исхрана, а не на исклучување од вашето мени. Според неговиот автор, тоа е одлична основа за употреба, без оглед на тоа дали штотуку започнувате или веќе имате искуство во грижата за вашата фигура и што јадете секој ден.

Методот 5/25/25 значи пет оброци дневно. Секој треба да содржи 25 г протеини, а во текот на денот треба да обезбедиме и 25 г влакна. Благодарение на овој пристап, не ограничуваме одредени намирници, туку додаваме „гориво“ на нашите оброци што помага да се одржи витка фигура.

Пример за мени предложено од фитнес тренер:

– Појадок: јајца, сланина од мисирка и тост;

– Ручек: салата со стек и многу зеленчук;

– Оброк пред тренинг: оризови вафли со путер од кикирики и банана;

– Оброк по тренинг: протеински шејк;

– Вечера: пилешко, печен компир и зелен зеленчук.

„Запомнете дека нутритивните потреби на секого се различни, затоа користете го ова како водич/почетна точка, а не како совршен план за оброци за вас“, потсетува фитнес инструкторот.

Како функционира методот 5/25/25?

Помалите оброци што содржат доза на протеини и влакна, консумирани редовно, помагаат во стабилизирање на нивото на шеќер во крвта, што значи дека не чувствуваме прејадување или сме претерано гладни. Во текот на денот, му обезбедуваме на нашето тело „гориво“ што може да го користи. Протеините се градежен блок на мускулите, лесно се сваруваат и ви овозможуваат да се чувствувате сити подолго по оброкот. Соодветната количина на протеини, исто така, има позитивен ефект врз придвижување на метаболизмот. Соодветното ниво за повеќето жени е 25 g протеини по оброк.

Покрај протеините, методот 5/25/25 е важен и за снабдувањето со влакна. За жал, обично консумираме премалку од нив, што доведува до разни проблеми, вклучително и проблеми со варењето. „Консумирањето на оваа количина на влакна (25 g на ден) помага во одржувањето на редовните празнења на цревата и го промовира здравјето на цревата со поддршка на корисните бактерии“, објаснува фитнес инструкторот, додавајќи дека влакната, исто така, го зголемуваат чувството на ситост по оброците и помагаат во стабилизирање на нивото на енергија.

Како да се имплементира методот 25/5/25?

Методот 5/25/25 не е тежок за спроведување на дневна основа, но има неколку правила што треба да се запомнат:

Јадете помали оброци богати со хранливи материи
Фокусирајте се на планирање пет помали оброци на ден, што ќе ви помогне да избегнете прејадување и напади на глад и да одржувате стабилни нивоа на шеќер во крвта. Базирајте ги вашите оброци на протеини, здрави масти и влакна. На почетокот на вашата авантура 5/25/25, можете да испечатите листи на производи богати со одредени состојки и да ги комбинирате соодветните производи во оброци врз основа на тоа.

Секогаш чувајте извори на протеини во вашиот фрижидер
Ќе биде полесно да ги планирате вашите оброци и да додавате протеини во секој од нив ако имате производи богати со протеини при рака. Затоа, погрижете се вашиот фрижидер (и замрзнувач) да бидат полнети со многу туна, грчки јогурт, урда, пилешко и лосос. Ако не јадете животински производи или го ограничувате внесот на месо, важно е да се снабдите со грав и други мешунки, кои се одлични извори на протеини.

Појадувајте во рок од три часа по будењето
Појадокот е најважниот оброк во денот, но ако не ви се јаде веднаш по будењето, нема смисла да се форсирате. Сепак, вреди да го изедете првиот оброк во рок од три часа по будењето и не заборавајте да додадете протеини. Појадок на база на јајца или овесна каша со природен јогурт ќе ви даде чувство на ситост и енергија во првата половина од денот.

Прикажи повеќе...

Забава

Зошто понекогаш е добро да се направи пауза во процесот на слабеење?

Објавено пред

Паузите се период кога привремено го прекинувате калорискиот дефицит и преминувате на диета што ја одржува вашата моментална тежина.

dobivaj vesti na viber

Повеќето луѓе кои се обидуваат да ослабат се фокусираат на строги диети и постојан калориски дефицит, надевајќи се на брзи резултати. Сепак, таков пристап често води до замор, губење на мотивација и откажување пред да се постигнат посакуваните цели.

Еден од најефикасните начини за одржување на мотивацијата и постигнување подобри резултати е воведување планирани паузи за време на губењето на тежината. Паузите се период кога привремено го прекинувате калорискиот дефицит и преминувате на диета што ја одржува вашата моментална тежина.

Ова му дава на телото шанса да се одмори, а метаболизмот се стабилизира, додека психолошки се регенерира. Телото не е под стрес и подоцна кога ќе продолжите со планот и програмата, има мотивација.

Паузите исто така помагаат во учењето како правилно да се одржува тежината. Многу луѓе не знаат како да јадат по диетата и често се враќаат на старите навики, што доведува до враќање на изгубената тежина. Кратките, планирани паузи му овозможуваат на телото и навиките постепено да се прилагодат на новата тежина и навиките во исхраната.

Покрај тоа, паузата од ограничувањата го намалува гладот ​​и психолошкиот притисок, што му помага на лицето да се врати на диетата со обновена енергија и дисциплина. Паузите не се знак на слабост или откажување, туку стратешка алатка за долгорочен успех во слабеењето.

Затоа, правењето планирани паузи може да ги подобри и физиолошките и психолошките аспекти на процесот на слабеење, да го олесни постигнувањето на целите и да помогне во одржувањето на посакуваната тежина по завршувањето на диетата.

Прикажи повеќе...

Забава

Неколку навики додека се туширате секојдневно ви ја уништуваат кожата

Објавено пред

При секојдневно туширање, често се јавуваат проблеми со кожата како што се затегнатост, лупење, сивост или иритација, а експертите ги објаснуваат најчестите причини за ова.

dobivaj vesti na viber

Дерматолозите предупредуваат дека најголемите проблеми со кожата не доаѓаат само од силните производи, туку и од мали, повторувачки грешки кои полека ја оштетуваат заштитната бариера. Затоа е клучна правилната нега на кожата.

Експертите тврдат дека најпријатните моменти во туширањето, долгите и топлите, се и најштетни бидејќи водата над 38 степени ги раствора липидите, природните масла што ја одржуваат кожата мека и еластична.

Кога ова се случува секој ден, бариерата се истенчува, губи влага и развива препознатлива комбинација од затегнатост и чувство на „крцкање“.

Кожата потоа изгледа чиста, но е и исцрпена. Експертите советуваат да се користи млака вода, која чисти без да ја наруши природната состојба на телото. После тоа, кожата подобро ја прифаќа грижата, а сувоста на кожата исчезнува речиси преку ноќ.

Дополнително, геловите полни со парфеми, сулфати и засилувачи на пена го прават она што го прави топлата вода, односно отстрануваат повеќе отколку што е потребно. Кога на тоа ќе се додаде и секојдневната употреба на сунѓери кои механички ја тријат кожата, резултатот е потенцијална хронична иритација, која најчесто се гледа на рамената, градите, нозете и подлактиците.

Она што ѝ е потребно на вашата кожа е понежен пристап во форма на поприродни гелови и оние со минимален број состојки, без интензивни мириси.

Исто така, препорачливо е да нанесувате производи за нега на тело во првите 60 секунди по туширањето. Тогаш вашата кожа најбрзо ја губи влажноста.

Кога млекото, лосионот или маслото се нанесуваат додека кожата е влажна, се создава заштитен слој што ја одржува кожата мека во текот на целиот ден.

Дерматолозите велат дека ова е една од најбрзите промени што носи видливи резултати, особено во зима кога воздухот е сув, а кожата е почувствителна од вообичаеното.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

Уапсено лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје

Полициски службеници од МВР денеска (12 јануари 2026 година) во 12:40 часот на улицата Кирил и Методиј во Скопје го...

Македонија2 часа

Како членка на НАТО, не ни прилегаат технички влади, а предвремените избори носат нестабилност, рече Гаши

Претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека е поборник на идејата за одржување редовни избори, оценувајќи дека честите предвремени избори...

Култура3 часа

„Една битка по друга“, „Хамнет“ и „Адолесценција“ доминираа на Златните глобуси

Во неделата беа доделени престижните награди Златен глобус. Филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another) беше прогласен за...

Македонија4 часа

Непознати глутници се појавија преку ноќ – пронајдени улични кучиња од Албанија во Скопје, се бара истрага и проверка на безбедносните камери

Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...

Македонија4 часа

Водата се повлекува во повеќе региони, дел од патиштата затворени поради поплави, одрони и снег

Центарот за управување со кризи информира дека по обилните врнежи, состојбата на терен е стабилизирана во дел од регионите, а...

Македонија6 часа

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...

Македонија6 часа

Минусни температури низ целата земја, на Попова Шапка измерени -16 степени

Утрово најстудено било на Попова Шапка кадешто се измерени -16 степени целзиусови, -14 било во Mаврови Анови, -13 во Kрушево,...

Свет8 часа

Трамп: Иран нè контактираше за преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со...

Свет8 часа

Иранската револуционерна гарда му се закани на Трамп

Иранската револуционерна гарда јавно му се закани на Доналд Трамп поради неговото споменување на потенцијална американска воена акција против владата...

Свет8 часа

Телеграф: Лондон планира да испрати војници на Гренланд, Велика Британија: Тоа е поради Русија

Велика Британија вчера соопшти дека дискусиите со другите членки на НАТО за одбивање на руската активност на Арктикот се „рутински“,...

Македонија8 часа

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа8 часа

Русите го замрзнуваат Киев, Зеленски: Ситуацијата е исклучително тешка

Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев остануваат без греење по разорниот руски напад во петок наутро, соопштија локалните власти....

Македонија17 часа

(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и...

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени...

Свет21 час

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет22 часа

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет1 ден

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет1 ден

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет1 ден

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет1 ден

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...