Контакт

Здравје

Корисни поуки од семинарот „Европското срце чука за здрави науки“

Објавено пред

Заврши седумдневниот семинар кој се одржа во Кратово, насловен „Европското срце чука за здрави навики”, а во организација на Слоу Фуд Млади Македонија со поддршка на програмата „Млади во акција”.
 
 

dobivaj vesti na viber

Заврши седумдневниот семинар кој се одржа во Кратово, насловен „Европското срце чука за здрави навики”, а во организација на Слоу Фуд Млади Македонија со поддршка на програмата „Млади во акција”.

 

 

Главните теми поради кои беше одржан овој семинар беа здравиот стил на живеење во Европа, влијанијето на овој начин на живот врз младите луѓе како и однесувањето во заедниците.

Идеата за семинарот произлезе од начинот на живот кој моментално го живееме, навиките, нездравата исхрана, болестите кои се едни од најголемите проблеми на денешницата, особено во оние земји кои се надвор од законодавството и регулативите на ЕУ.

Целта поради која се собраа учесниците на семинарот беше да им се обезбеди простор и време на младинските организации кои работат на овие теми, да ја презентираат нивната работа, да разменуваат примери и искуства, да се фокусираат на теми кои се поврзани со здравјето и да се поттикне понатамошна соработка помеѓу младите.

Активностите во семинарот се насочија кон подобрување на квалитетот на системите за подршка на активности во насока на зајакнување на младите и младинските организации за прашања во врска со здравјето и здравиот начин на живот.

Учесниците беа вклучени во активности за градење тимови, групни вежби и анализи, како и во дискусии за здравиот начин на живот, споделување на сопствени искуства, презентирање на своите држави и организации, едукации за проекти.

Во еден дел од своите активности учесниците имаа можност да анкетираат дел од граѓаните на градот Кратово со цел да оценат на какво ниво се наоѓа нивниот живот во поглед на здравите навики.

Исто така беа во посета на општината каде беа пречекани од надлежни органи кои им одговараа на поставените прашања од страна на учесниците, и им објаснаа какви се активности тие имаат во градот.

Надвор од активностите учесниците беа во посета на музеј куќата каде господинот Стевче Доневски им покажа како се прави кратовска к’цана сол. Таму беа пречекани со традиционален зелник, баничка и ајвар, а беа во обиколка на градот и ги слушнаа легендите за 15-те мостови во Кратово./крај/мф/бс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Здравје

Овошје кое треба да го јадете почесто доколку сакате да ослабете

Објавено пред

Да се ​​открие која храна да се јаде и која да се избегнува кога станува збор за слабеење понекогаш може да биде многу предизвикувачки поради разновидноста на достапните информации. Доколку размислувате за слабеење и не сте сигурни кое овошје треба да почнете да го јадете почесто, група диететичари ги издвоила четирите најдобри опции кои можете да ги вклучите во вашата исхрана.

dobivaj vesti na viber

 

Банани

Диететичарот Кејли Џорџ објаснува дека содржината на шеќер зависи од зрелоста на бананата, а незрелите зелени банани содржат најмалку шеќер. „Зелените банани се познати и по нивната висока содржина на отпорен скроб, што е одлично за здравјето на цревата и целокупното губење на тежината“, истакнува тој. Иако содржат шеќер, бананите содржат и влакна кои можат значително да влијаат и да помогнат во слабеењето.

Манго
Мангото е сочно тропско овошје кое содржи приближно три грама влакна и само 99 калории по чаша. Бидејќи калорискиот дефицит е важен за губење на тежината, може да биде корисно да се замени висококалоричната храна со нискокалорична, но вкусна храна.

Со јадење манго, можете да го задоволите вашиот внес за слатко, а сепак да се грижите за калориите, а истовремено да бидете сигурни дека внесувате влакна во вашето тело, што е исклучително важно за здравјето на дигестивниот систем.

Ананас
Друго овошје кое треба почесто да го јадете доколку сакате да ослабете е ананасот. Ова овошје содржи ензим наречен бромелаин, за кој се покажа дека има позитивен ефект врз отпорноста на инсулин и одржување на рамнотежата на шеќерот во крвта.

Постигнувањето на избалансиран шеќер во крвта му помага на телото да ги користи и согорува мастите, промовирајќи поефикасно управување со тежината. Исто така, ананасот е нискокалорично овошје и добар извор на влакна. Ако го исечете и префрлите во шолја, ќе внесете само 83 калории и ќе внесете два грама влакна во телото, пренесува Eating Well.

Јаболка
Јадењето едно јаболко дневно не само што го оддалечува лекарот, туку може да помогне и во контролата на тежината.Јаболките се познати по тоа што се нискокалорични и богати со вода и растителни влакна, што помага да останете сити подолго време.

Покрај содржината на влакна и релативно малку калории по јаболко, ова овошје е богато со антиоксиданси кои помагаат во борбата против воспаленија и болести. Како што известува Eating Well, антиоксидансите во јаболката помагаат во борбата против оксидативниот стрес, кој ги оштетува клетките и е поврзан со состојби како што се кардиоваскуларни болести, дијабетес и дебелина.

Прикажи повеќе...

Здравје

Безброј луѓе одат во Индија по „чудесниот лек“ за астма

Објавено пред

Безброј луѓе, кои боледуваат од астма, одат во индискиот град Хајдерабад бидејќи наводно мала жива риба полнета со одредени растенија е чудотворен лек за астма, пишува АП.

dobivaj vesti na viber

Агенцијата вели дека секое лето, на ден кој се смета за астролошки поволен, луѓето што страдаат од астма и други респираторни заболувања патуваат во Хајдерабад за да проголтаат мали живи риби полнети со разни чудотворни билки направени од семејството Батини.

Според легендата, во 1845 година еден светец скитник му ја претставил тајната формула на чудотворната билка на еден човек што живеел во градот Хајдерабад, Веран Гуд, и му рекол да им ја даде формулата бесплатно на пациентите со астма.

Оттогаш, потомците на Гуд, познати како семејството Батини, ги зачувале традицијата и хербалната формула.

Секоја риба чини 40 рупии или 50-ина центи.

Кога се купува, живата риба се става во пластична кеса наполнета со вода и се носи кај семејството Батини, кое става мешавина од растенија во устата на рибата.

Прикажи повеќе...

Забава

Кората од портокал може да има изненадувачки здравствени придобивки за срцето

Објавено пред

Горчливата кора од портокал е тука за да го заштити плодот, а може да го заштити и нашето тело, само ако престанеме да ја фрламе.

dobivaj vesti na viber

Откриено е дека кората од портокал содржи биоактивно соединение, наречено ферулоилпутресцин (ФП), кое може да има корист за здравјето на срцето кога се јаде.

Ова откритие ги заинтересирало научниците од Универзитетот во Флорида и американското Министерство за земјоделство.

Во експериментите, кога глувците биле хранети со хранлив екстракт од кора од портокал, богат со ФП, шест недели по ред, истражувачите забележале намалување на биомаркерите во крвта поврзани со воспаление и кардиоваскуларни болести.

ФП е метаболит првично пронајден во листовите и сокот од грејпфрут. Иако се појавува и во некои портокали, се чини дека не е присутен во лимон и мандарини.

Соединението привлече голем интерес во последниве години поради својот антиоксидативен и антиинфламаторен потенцијал, но сè уште има многу експерти кои не знаат многу за тоа, пренесува „Сајнс алерт“.

„Ова е ново откритие што го нагласува претходно непризнаениот здравствен потенцијал на ферулоилпутрецинот во намалувањето на ризикот од кардиоваскуларни болести“, вели научникот за храна Ју Ванг од Универзитетот во Флорида.

Портокалите се едно од најпопуларните овошја во светот, се консумира главно за нивниот сок, а горчливата кора обично се фрла.

Секоја година 32 милиони тони кора од портокал оди во отпад, иако се јаде и може да биде добра за нас.

Во споредба со сочниот дел, кората од портокал содржи импресивна концентрација на витамини, антиоксиданси и лимонен – ​​хемикалија која може да има антивоспалителни и антиканцерогени својства. Откривањето кои биоактивни соединенија се најважни за човековото здравје и зошто ќе биде клучно ако научниците сакаат да создадат најздрав можен екстракт.

 

Работата на Ванг и нејзините колеги овозможи грант од 500.000 американски долари од владин оддел за истражување дали екстрактот од кора од портокал може да го подобри здравјето на нашите црева и срцето.

Кора од портокал не е најлесната храна за внесување во оброкот, но ако научниците можат да дизајнираат производ од кората, таа би можела да стане популарна храна за подобрување на здравјето.

Неколку компании веќе брзаат да го направат токму тоа. А неодамна, истражувачите открија дека со само малку труд, кората од банана може да се претвори во вкусна, хранлива закуска полна со антиоксиданси и витамини. Истото важи и за кората од манго.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија46 минути

Паднати дрвја, оштетени возила, повредено лице – невремето ги зафати Скопје, Струмица, Битола, Гевлегија, Валандово

ЦУК: 2 381 повици на 112 во последното деноноќие, повеќето за штети и опасности настанати од невремето во Скопско, Струмичко,...

Македонија1 час

Се враќаат оградата околу Владата и Коце Трајановски во политиката – 2016 година никогаш не била поблиску, велат од СДСМ

Според СДСМ, само по неколку владини одклуки и една шака нови функционери, јасно е кој правец го фати ВМРО-ДПМНЕ. Тоа...

Свет2 часа

Лукашенко: Белоруските трупи се во состојба на готовност

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека безбедноста на државната граница е зајакната, а одредени војници се ставени во состојба...

Свет2 часа

Се урна зграда, загинаа најмалку 14 лица во Египет

Најмалку 14 лица загинаа, а шест се повредени при уривање трикатна зграда во јужниот дел на Египет. Инцидентот се случил...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Со платите што досега беа за економските директори ќе се подобруваат здравствените услуги

Владата ги укина економските директори во здравствените установи, парите ќе одат кон подобрување на здравствените услуги, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. На...

Свет3 часа

Бајден за дебатата: Не го слушав мојот персонал, за малку ќе заспиев на сцената

Американскиот претседател Џо Бајден го обвини „џет-легот“ за неговите лоши перформанси на минатонеделната дебата на Си-ен-ен. Тој им рече на...

Македонија3 часа

СДСМ: Нема никогаш да ги прифатиме повиците на лажните патриоти од ЗНАМ, не не плашат ќорците на тројанскиот коњ Максим Димитриевски

Вистинските социјалдемократи кои се борат со срце и со душа за остварување на социјалдемократските вредности нема никогаш да ги прифатат...

Македонија18 часа

Димовски, Пандов, Клековски, Миланов и Трајанов нови директори на пет државни институции

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа втората седница на која се донесоа повеќе одлуки, меѓу кои и одлука...

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски ќе ја враќа оградата околу владината зграда

На денешната втора седница, Владата на Република Северна Македонија донесе одлука да ја врати металната ограда околу владината зграда. Оградата...

Македонија21 час

Лога: Никој не може да им го забрани на албанските граѓани користењето на нивното национално знаме

Никој не може да им го забрани на албанските граѓани на Северна Македонија користењето на нивното национално знаме, а уште...

Македонија23 часа

Самарас: Мицотакис да стави вето за Албанија, а за Скопје вето на секој чекор и повлекување од преспанскиот договор

Премиерот Киријакос Мицоракис веднаш да ја промени надворешната политика, порача поранешниот грчки премиер, Андонис Самарас. Тој го повика Мицотакис да...

Македонија23 часа

Деспотовски нема да бара апанажа: Ако сме способни за функции и ако сме оставиле чист образ, можеме да се снајдеме понатаму

Досегашниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски, кој извести дека утрово поднел оставка од функцијата, вели дека нема да бара апанажа....

Македонија1 ден

(Видео) Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб

Вратено е македонското знаме на врвот Голем Кораб. На социјалните мрежи е објавена снимка од промената на знамето.   View...

Македонија1 ден

Муртезини го помеша евроамбасадорот Дејвид со Ричард Гир, па се пошегува на своја сметка

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, направи гаф кога, наместо евроамбадорот Дејвид Гир, го кажа името на познатиот актер со...

Регион1 ден

Пожари на грчките острови Крит, Кос и Хиос

Сè уште горат три пожари, кои избувнаа на грчките острови Крит, Кос и Хиос, иако пожарникарите делумно успеаја да ги...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е чувар на фотелјата на Заев

Венко Филипче е чуварот на фотелјата на Зоран Заев во СДС. Тоа е општ впечаток во јавноста, па дури и...

Македонија2 дена

По 15 години, Таравари ќе направи нова позитивна листа на лекови штом се назначи нов директор на Фондот за здравство

Нова позитивна листа на лекови и нов закон за лекови најави денес министерот за здравство, Арбен Таравари. Ревидирање на листата...

Македонија2 дена

Да се додаде уште еден предлог кон договорот со Бугарија оти францускиот беше репреговарање, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа причина кон договорот за добрососедство со Бугарија да не се додаде уште еден предлог. Мицкоски...

Македонија2 дена

Таравари за Ахмети: Му посакувам убаво и мирно опозиционерство, се надевам дека ќе расчисти некои кадри, кои му се веќе кородирани

Министерот за здравство Арбен Таравари одговори на вчерашните обвинувања од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека „Влен“станала слуга на ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија2 дена

На Табановце и Богородица се чека најмалку 45 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини...