Контакт

Здравје

Најголем број нови случаи на заболени од ХИВ во историјата на Европа

Објавено пред

Канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) надлежна за европскиот регион регистрирала над 142.000  ХИВ дијагностицирани лица во 2014-та, што претставува најголем број на нови заразени лица за една година досега, од почетокот на нивното евидентирање во ’80-тите.

dobivaj vesti na viber

Според најновите податоци на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦПКБ) и регионалната канцеларија на СЗО за Европа, ХИВ епидемијата има најголем размер во источниот дел на регионот, каде бројот на нови дијагностицирани инфекции е зголемен повеќе од два пати, само во последната декада.

Главна причина за пораст на бројките во источна Европа е пренесувањето по хетеросексуален пат, но голем удел има и инфицирањето преку дроги кои се инјектираат. Во земјите од ЕУ и Европската економска област (ЕЕО) пак, примарен начин за пренесување е сексуалниот однос меѓу мажи. Двајца од тројца нови инфицирани со ХИВ се родум од Европа, додека странците, меѓу кои и мигрантите претставуваат само една третина од нив.

„Оваа година, и покрај сите напори во борбата против ХИВ, во европскиот регион се регистрирани над 142.000 нови инфекции, што е најголем број на нови заболени воопшто некогаш. Ова претставува сериозен проблем“, вели д-р Сузана Јакаб, директор на регионалната канцеларија на СЗО за Европа. „Ги повикуваме европските држави да преземат сериозна акција и да ја спречат ХИВ епидемијата еднаш засекогаш, користејќи ги сите информации за превенција и контрола на вирусот, вклучувајќи ги и новите упатства за лекување“.

„Стапката на нови дијагностицирани е зголемена повеќе од два пати во некои земји на ЕУ и ЕЕО, а во други е намалена за 25 проценти од 2004 година наваму. Сепак, глобалната епидемија со ХИВ и понатаму постои и состојбата е главно непроменета“, објаснува в.д. директорот на ЕЦПКБ, Андреа Амон. „Ова значи дека преземените акции за борба со ХИВ во ЕУ и ЕЕО не се доволно ефективни за да резултираат со значително намалување на бројот на инфицирани во последната декада“.

 

Исклучувањето од општеството доведува до поголем ризик од ХИВ инфекција меѓу бегалците и мигрантите

Бројот на мигранти инфицирани со вирусот ХИВ во Европа бележи нагло опаѓање последниве десет години, а информациите укажуваат дека голем дел од нив се инфицираат по нивното пристигнување таму.

„Бегалците и мигрантите и понатаму се приоритет при превенцијата и лекувањето на инфицираните со вирусот ХИВ. Конфликтите и катастрофите не треба да го попречат пристапот до услугите кои им се потребни на лицата кои се засегнати од вирусот ХИВ. Кога бегалците и мигрантите се жртви на општествено исклучување во земјите на прием, тие се изложени на поголем ризик од инфекција со вирусот ХИВ, што може да доведе до ризично однесување со коешто се зголемува опасноста од инфицирање. Овој ризик дополнително се зголемува со неадекватен пристап до услугите кои им се потребни на инфицираните со ХИВ и стравот дека ќе се бидат стигматизирани“, нагласи д-р Јакаб. „СЗО ги повикува сите земји во Европа да им овозможат услуги за превенција, тестирање и лекување од оваа инфекција на сите бегалци и мигранти, независно од нивниот легален статус. Ова е и најсигурниот начин да се заштити домашното население од инфекција со ХИВ“.

 

Сексот меѓу мажи е главниот начин на инфекција во ЕУ и ЕЕО

И покрај конкретните програми за превенција во многуте европски земји, сексот помеѓу мажи е примарниот начин за пренесување на вирусот во ЕУ и ЕЕО.

„Бројот на ХИВ дијагностицираните случаи меѓу мажите кои што имаат секс со мажи се зголемува алармантно, од 30 проценти во 2005-та, до 42 отсто во 2014 година. Ова покачување е забележливо скоро секаде, освен шест земји од ЕУ и ЕЕО“, нагласува в.д. директорот на ЕЦПКБ Андреа Амон. „Европа мора да ги зголеми своите напори за да допре до оваа група. Тоа вклучува разгледување на нови стратегии како што е пред-експозициска профилакса од ХИВ и пристап до лекување и нега за државјаните ЕУ кои престојуваат во други земји на Унијата“. Во новите препораки, ЕЦПКБ открива седум клучни услуги кои се докажале како ефективни во редуцирањето и превенцијата на инфекцијата со ХИВ меѓу мажите кои имаат секс со мажи.

 

Пречка за искоренување на СИДАта: задоцнето дијагностицирање

Скоро половина од ХИВ инфекциите во европскиот регион се дијагностицирани доцна; ова го зголемува ризикот од влошена здравствена состојба, смрт и пренос на ХИВ. Големиот број на случаи со СИДА во источниот дел на регионот ја потврдува улогата на задоцнетата ХИВ дијагностика, одложениот почеток на антиретровирална терапија (АРТ) и намалената достапност на лекувањето.

Бројот на случаи со СИДА во ЕУ и ЕЕА константно се намалува. Сепак, две третини од дијагностицираните случаи пријавени во 2014-та настанале за време на или кратко по дијагностицирањето на ХИВ, што покажува дека имунолошкиот систем на овие луѓе веќе почнал да слабее. Касното дијагностицирање е поприсутно меѓу мигрантите, но само половина од земјите од ЕУ и ЕЕО нудат бесплатно лекување за мигрантите кои немаат документи.

 

Нови глобални упатства за унапредување на превенцијата и лекувањето на ХИВ

Во 2015 година СЗО излезе со нови глобални упатства за превенција и лекување на ХИВ, според кои за сите луѓе кои живеат со ХИВ треба да се воведе антиретровирална терапија, без разлика на бројот на нивните ЦД4 клетки. Сега постојат цврсти докази дека има двојна корист од раниот третман, и за здравјето на личностите кои се лекуваат и за спречување на понатамошното пренесување на ХИВ инфекцијата.

Сепак, раното тестирање, подршката од обучени непрофесионалнални лица и потенцијалот за самостојно тестирање за ХИВ треба да се зголеми за инфицираните лица да ја користат и оваа нова можност. Ова ќе овозможи рано дијагностицирање и старт на лекувањето, што ќе резултира со подобар резултат од третманот и намалено заболување и смртност. /крај/мф/ап

Извор: Макфакс

Забава

„Женски“ витамини и минерали: Осумте најважни нутриенти за жените, без оглед на возраста

Објавено пред

Без разлика колку години имате, важно е да знаете кои витамини и минерали се особено важни за жените и зошто секоја жена треба да ги има предвид.

dobivaj vesti na viber

Витамините и минералите се клучни сојузници на здравјето – тие учествуваат во скоро сите процеси во телото, од создавање енергија и зајакнување на имунитетот до здрава кожа, коса и коски. Иако се важни за секого, потребите на жените за одредени хранливи материи може да варираат поради хормонални промени, менструалниот циклус, бременоста, стресот и начинот на живот.

Затоа е важно да знаете кои витамини и минерали се особено важни за жените, без оглед на возраста. Подолу е даден преглед на најважните витамини и минерали што секоја жена треба да ги има предвид.

Железо
Железото е еден од најважните минерали за жените, особено поради редовното губење крв за време на менструацијата. Тоа е клучно за формирање на хемоглобин и транспорт на кислород во телото, а неговиот недостаток може да предизвика замор, слабост и намалување на концентрацијата.

Калциум
Калциумот е неопходен за здравјето на коските и забите, но и за правилно функционирање на мускулите и нервниот систем. Кај жените, игра особено важна улога во спречувањето на остеопороза, особено како што старееме.

Витамин Д
Витаминот Д помага во апсорпцијата на калциум и е неопходен за здравјето на коските, како и за имунитетот и хормоналната рамнотежа. Бидејќи најчесто се произведува со изложеност на сончева светлина, многу жени имаат недостаток од него, особено во зимските месеци.

Витамин Б12
Витаминот Б12 е важен за здравјето на нервниот систем, производството на црвени крвни зрнца и нивото на енергија. Неговиот недостаток може да се манифестира со замор, лошо расположение и проблеми со меморијата, а е почест кај вегетаријанците и веганите.

Фолна киселина (витамин Б9)
Фолната киселина е особено важна за жените во репродуктивна возраст, бидејќи е вклучена во создавањето нови клетки и синтезата на ДНК. Исто така, придонесува за здравјето на срцето и може да помогне во намалувањето на заморот.

Магнезиум
Магнезиумот помага во опуштање на мускулите, намалување на стресот и подобрување на квалитетот на спиењето. Често се препорачува за жени кои се борат со напнатост, грчеви или ПМС симптоми.

Витамин Ц
Витаминот Ц е моќен антиоксиданс кој го зајакнува имунитетот и придонесува за здравјето на кожата со стимулирање на производството на колаген. Исто така, помага за подобра апсорпција на железото од храната, што е дополнителен плус за жените.

Цинк
Цинкот е важен за здрава кожа, коса и нокти, како и за имунитет и хормонална рамнотежа. Неговиот недостаток може да се одрази во послаб имунитет, кршливи нокти и проблеми со кожата.

Прикажи повеќе...

Забава

Јадете колку што сакате: Овие 9 намирници нема да ве здебелат

Објавено пред

Следењето на вашата исхрана и внесот на калории често може да биде предизвикувачко, особено со зафатен начин на живот и постојана достапност на разновидна храна. Да не ги спомнуваме празничните гозби што ги уживавме.

dobivaj vesti na viber

Броењето калории и контролирањето на порциите може да изгледа премногу и тешко за одржување во желбата да ја одржите посакуваната тежина и да не добиете вишок килограми. Сепак, добрата вест е дека постојат намирници кои се толку заситувачки и природно нискокалорични што зголемувањето на телесната тежина од нив е практично невозможно, без оглед на количината.

Според експертите од популарниот YouTube канал и онлајн фитнес бренд, Gravity Transformation – Fat Loss Experts, постои цела низа намирници со кои речиси е невозможно да претерате. Тие објаснија дека „скоро невозможно“ не значи дека имате право да јадете неограничено, бидејќи прејадувањето со која било храна сепак може да биде штетно за вашето здравје. Придржувањето до балансирана исхрана и редовна рутина на вежбање е сè уште клучно.

Со овие девет намирници, нема да се здебелите, без разлика колку јадете, пишува Mirror.

9. Јајца
Јајцата се со исклучително висока содржина на протеини, што ги прави неверојатно заситувачки. Плус, протеините го забрзуваат вашиот метаболизам. Ова значи дека не ги апсорбирате целосно сите калории од јајцата, бидејќи голем дел се согорува за време на процесот на варење“, објаснуваат експертите за губење маснотии. Меѓутоа, ако правите омлет полн со додатоци, резултатот може да биде различен.

8. Лосос
Следно на листата е диво уловен лосос. Експертите препорачуваат избегнување на лосос одгледан на фарма, бидејќи содржи значително повеќе масти од диво уловен лосос. Експертите за губење масти сугерираат дека диво уловен лосос е всушност одличен за регулирање на телесната тежина бидејќи е богат со протеини, многу заситувачки и има половина од мастите од лососот одгледан на фарма.

7. Салца
„Салцата е еден од сосовите со најмалку калории“, велат експертите. Според Healthline, типична порција салца е околу две лажици и содржи помалку од 10 калории во просек, така што можете да ја додадете обилно во вашите омилени јадења без да се грижите за контрола на порциите. Халапењо пиперките, кои содржат соединение наречено капсаицин, исто така можат да ја зголемат способноста на вашето тело да согорува масти, што може да помогне во губењето на тежината.

6. Кисели краставички
Киселите краставички се одлични за јадење во големи количини бидејќи се природно ниски во масти и калории, што ги прави паметен избор за секој што внимава на внесот. Тие исто така обезбедуваат мали, но вредни количини на есенцијални витамини и минерали. Сепак, здравствените експерти предупредуваат дека тие содржат многу натриум.

5. Пилешки гради
Пилешкото е главен извор на немасни протеини, нудејќи висок процент на протеини по порција, а воедно е ниско во мастите, што го прави основна состојка во многу здрави диети. „Порција од 100 грама пилешки гради содржи 165 калории, 31 грам протеини и 3,6 грама масти. Ова значи дека околу 80% од калориите во пилешките гради доаѓаат од протеини, а 20% од масти“, објаснуваат експертите од Healthline.

4. Лубеница
Според Healthline, лубеницата е составена претежно од вода (91%) и јаглехидрати (7,6%). Таа речиси и да не содржи протеини или масти и е многу нискокалорична. Според експертите, 100 грама лубеница содржи само 30 калории.

3. Печурки
Печурките се исто така на листата на храна што можете да ја јадете без страв од зголемување на телесната тежина. Ова е затоа што се нискокалорични, а богати со витамини и хранливи материи.

2. Пиперки
Исто како печурките, пиперките се нискокалорични, но сепак се полни со хранливи материи кои го поддржуваат вашиот метаболизам и имунолошки систем. Една пиперка со средна големина, околу 120 грама, има само 30 до 40 калории, според земјоделската компанија Dominion Integrated Farms. „Пиперките, благодарение на нивната содржина на влакна и вода, помагаат во промовирањето на ситоста. Тие додаваат волумен на оброците без значително зголемување на калориите, што ги прави совршени за големи, нискокалорични оброци“, објасни компанијата.

1. Пуканки
Пуканките се изненадувачки одлична, нискокалорична ужина. Не само што обезбедуваат влакна, туку содржат и антиоксиданси кои ја поддржуваат циркулацијата и помагаат во варењето на храната.

„Пуканките за кино се различни од домашните пуканки. Кутија пуканки за кино може да содржи до 1.090 калории и 2.650 милиграми натриум. Кога се пукаат на воздух и се лесно зачинети, пуканките се ефикасно здрава ужина“, објасни Американското здружение за срце.

Прикажи повеќе...

Забава

Методот 5/25/25 – најпопуларната диета по празниците: Топи килограми без ограничување на оброкот

Објавено пред

Методот 5/25/25, измислен од фитнес инструкторката Џули Капицело, не го ограничува вашиот оброк, а ви помага да ослабете.

dobivaj vesti na viber

Нема смисла да се лажете себеси – не постои единствен и најдобар начин за слабеење, бидејќи нашите тела се различни и имаме различни потреби – од губење на 3-6 килограми до губење на дури 30 или 60 килограми. За среќа, балансираниот пристап кон слабеењето, базиран на разновидно мени и неисклучување на цели групи на храна од исхраната, станува сè попопуларен.

Таков метод за слабеење е 5/25/25, измислен од фитнес инструкторката Џули Капицело. Што е уникатно во врска со овој метод?

Методот 5/25/25 не го ограничува вашиот оброк.
Методот 5/25/25 се фокусира на додавање намирници во вашата исхрана, а не на исклучување од вашето мени. Според неговиот автор, тоа е одлична основа за употреба, без оглед на тоа дали штотуку започнувате или веќе имате искуство во грижата за вашата фигура и што јадете секој ден.

Методот 5/25/25 значи пет оброци дневно. Секој треба да содржи 25 г протеини, а во текот на денот треба да обезбедиме и 25 г влакна. Благодарение на овој пристап, не ограничуваме одредени намирници, туку додаваме „гориво“ на нашите оброци што помага да се одржи витка фигура.

Пример за мени предложено од фитнес тренер:

– Појадок: јајца, сланина од мисирка и тост;

– Ручек: салата со стек и многу зеленчук;

– Оброк пред тренинг: оризови вафли со путер од кикирики и банана;

– Оброк по тренинг: протеински шејк;

– Вечера: пилешко, печен компир и зелен зеленчук.

„Запомнете дека нутритивните потреби на секого се различни, затоа користете го ова како водич/почетна точка, а не како совршен план за оброци за вас“, потсетува фитнес инструкторот.

Како функционира методот 5/25/25?

Помалите оброци што содржат доза на протеини и влакна, консумирани редовно, помагаат во стабилизирање на нивото на шеќер во крвта, што значи дека не чувствуваме прејадување или сме претерано гладни. Во текот на денот, му обезбедуваме на нашето тело „гориво“ што може да го користи. Протеините се градежен блок на мускулите, лесно се сваруваат и ви овозможуваат да се чувствувате сити подолго по оброкот. Соодветната количина на протеини, исто така, има позитивен ефект врз придвижување на метаболизмот. Соодветното ниво за повеќето жени е 25 g протеини по оброк.

Покрај протеините, методот 5/25/25 е важен и за снабдувањето со влакна. За жал, обично консумираме премалку од нив, што доведува до разни проблеми, вклучително и проблеми со варењето. „Консумирањето на оваа количина на влакна (25 g на ден) помага во одржувањето на редовните празнења на цревата и го промовира здравјето на цревата со поддршка на корисните бактерии“, објаснува фитнес инструкторот, додавајќи дека влакната, исто така, го зголемуваат чувството на ситост по оброците и помагаат во стабилизирање на нивото на енергија.

Како да се имплементира методот 25/5/25?

Методот 5/25/25 не е тежок за спроведување на дневна основа, но има неколку правила што треба да се запомнат:

Јадете помали оброци богати со хранливи материи
Фокусирајте се на планирање пет помали оброци на ден, што ќе ви помогне да избегнете прејадување и напади на глад и да одржувате стабилни нивоа на шеќер во крвта. Базирајте ги вашите оброци на протеини, здрави масти и влакна. На почетокот на вашата авантура 5/25/25, можете да испечатите листи на производи богати со одредени состојки и да ги комбинирате соодветните производи во оброци врз основа на тоа.

Секогаш чувајте извори на протеини во вашиот фрижидер
Ќе биде полесно да ги планирате вашите оброци и да додавате протеини во секој од нив ако имате производи богати со протеини при рака. Затоа, погрижете се вашиот фрижидер (и замрзнувач) да бидат полнети со многу туна, грчки јогурт, урда, пилешко и лосос. Ако не јадете животински производи или го ограничувате внесот на месо, важно е да се снабдите со грав и други мешунки, кои се одлични извори на протеини.

Појадувајте во рок од три часа по будењето
Појадокот е најважниот оброк во денот, но ако не ви се јаде веднаш по будењето, нема смисла да се форсирате. Сепак, вреди да го изедете првиот оброк во рок од три часа по будењето и не заборавајте да додадете протеини. Појадок на база на јајца или овесна каша со природен јогурт ќе ви даде чувство на ситост и енергија во првата половина од денот.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа24 минути

(Фото) Три деца загинаа во руски напад врз Харков, луѓе останаа без струја во Запорожје

Во напад со руски беспилотни летала врз Боходухив во Харковската област загинаа три мали деца и еден маж, додека нападите...

Свет50 минути

Трамп ѝ дава на Европа контрола врз три клучни бази на НАТО

Доналд Трамп им ја предаде контролата врз три клучни командни центри на НАТО на европските нации во историско реконструкција во...

Свет3 часа

Ученик за пукањето во училиштето во Канада: Ја забарикадиравме вратата со клупи

Дариан Квист, матурант во средното училиште Тамблер Риџ, ги опиша моментите од пукањето во неговото училиште за CBC. Тој рече...

Свет3 часа

(Видео) „Брзата реакција на полицијата спречи поголема трагедија во училиштето“

Премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Иби, се обрати до јавноста во врска со нападот. „Ова е ужасна и незамислива трагедија“,...

Свет3 часа

Канадскиот премиер: Шокиран сум од овој ужасен напад

Канадскиот премиер Марк Карни го нарече пукањето во Тамблер Риџ, Британска Колумбија, „ужасно“, велејќи дека е шокиран од нападот и...

Свет3 часа

(Видео) Масакр во Канада:10 лица убиени, најмалку 25 повредени во училишта и домови

Десет лица, вклучувајќи го и осомничениот напаѓач, се пронајдени мртви по пукање во град во североисточната канадска покраина Британска Колумбија,...

Македонија11 часа

Силен земјотрес почувствуван во Македонија

Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија. Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на...

Македонија16 часа

Владата најави вонредни контроли на фирмите за медицински канабис

Владата на 149-тата седница одлучи да ги задолжи надлежните институции да спроведат вонредни контроли на сите фирми што имаат одобрение за...

Македонија17 часа

(Видео) Мицкоски и Тошковски ги покажаа 40 тони запленета марихуана: „Никој не е над законот“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и премиерот, Христијан Мицкоски, дадоа изјава пред просториите во МВР во кои се сместени...

Македонија19 часа

Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формули за доенчиња, соопшти АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна...

Македонија20 часа

(Видео) Филипче: СДСМ повторно го поднесе законот за 600 евра минимална плата

Денеска пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата повторно ќе го поднесе Законот за измена на Законот за...

Македонија20 часа

Мицкоски: Не би се изненадил ако дојдеме и до 100 тони запленета марихуана

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на случајот со запленетата марихуана, дали ќе има некакви одлуки...

Македонија20 часа

Најнов извештај: Во Македонија нема суштински напредок во борбата против корупцијата

Република Северна Македонија и годинава бележи 40 поени на Индексот за перцепција на корупцијата, што значи дека нема суштински напредок...

Македонија21 час

Левица: Усвоен предлог – законот со кој се укинува дискреционото право на директорите за вработувања во болниците

На денешната седница, Собранието на Република Македонија, во прва фаза, го усвои Предлог-законот поднесен од Левица со кој се укинува...

Македонија22 часа

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

Добро утро на сите, освен на пратениците, поздрави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, пред почетокот на...

Свет22 часа

Лавров: Долг е патот до мир во Украина

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека нема причина да се биде ентузијастичен за притисокот на американскиот претседател...

Македонија23 часа

„Инјекција“ од 112 милиони евра од Владата за општините во годината на локалните избори, соопшти Центарот за граѓански комуникации

Денеска, Центарот за граѓански комуникации го објави извештајот од следењето на доделувањето пари од Владата за инфраструктурни проекти во општините...

Македонија24 часа

Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање, порача Герасимовски

Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени...

Македонија1 ден

ЈО да ја испита улогата на Заев и Филипче во случајот со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Нема скандал а во тоа да не се замешани кланот Заеви и Венко Филипче. И во последниот случај со заплената...

Свет1 ден

Вознемирувачки епизоди и морничави детали од новите документи за Епстин

Јавноста во голема мера се фокусираше на откритијата за Доналд Трамп, Бил Гејтс, Илон Маск и други познати личности во...