Здравје
Откриено потенцијално лечење на ‘синдромот маѓосаниот ден’

Неврофизиолозите создале еден вид невропротеза, којашто овозможува поврзување на центрите за краткотрајната меморија со деловите од мозокот во кои се зачувуваат долготрајните сеќавања, што може да им помогне на лицата кои страдаат од мистериозниот ткн „синдром на маѓосаниот ден“, според филмот на Хародл Рамис „Денот на мрмотот“ односно неможноста да се запомнат новите информации.
Овој изум биолозите од универзитетот Јужна Калифорнија во Лос Анџелес, на годишната конференција на Институтот на инженерите за елетротехника и електроника (IEEE), посветена на проблемите во медицината и биологијата, која се одржува во Милано.
Своевидната протеза претставува збир од електроди, приклучени на непроменетите области на хипокампусот, центарот на меморијата во човековиот мозок, и специјалната програма којашто ја има улогата на своевиден „преведувач“.
Како што објаснуваат творците на оваа невропротеза, Тед Бергер и Дон Сонг, центрите за краткотрајната и долготрајната меморија во мозокот на човекот и другите цицачи „говорат на различни јазици“, и обично им помага да комуницираат одреден регионот во хипокампусот. Доколку овој дел од мозокот е оштетен како резултат на некоја повреда или развојот на мистериозниот „синдром на денот на мрмотот“, или започнува да има тешкотии во функционирањето, како при Алцхајмеровата болест, лицето ја губи способноста за помнење на новите информации.
Бергер и Сонг научиле како да ја имитираат функцијата на тие региони „толкувачи“, набљудувајќи ја работата на мозокот на животни и неколку волонтери кои боледувале од епилепсија во чии хипокамуси биле имплантирани електроди за време на операција. Користејќи ги добиените информации, неврофизиолозите создале компјутерски алгоритам, кој може да врши слични конверзии помеѓу видовите сигнали.
Неговата работа, научниците ја проверила на групата испитаници кои пателе од епилепсија, споредувајќи ги сигналите кои се генерирале во синџирите на долготрајната меморија, што ги давала програмата по обработувањето на нервните импулси, кои потекнувале од центарот за краткотрајно сеќавање.
Експериментот покажал дека алгоритамот се справува со проблемот во 90 отсто од случаите и „машинско преведените“ сигнали целосно се совпаѓале. Овој успех, како што веруваат научниците, ќе овозможи да им се помогне на лицата со Алцхајмеровата болест и со ткн „синдром на маѓосаниот ден“ да водат потполн живот.
Како што појаснуваат научниците, овој уред не е апарат за читање на мислите, тој ги преведува сигналите од еден тип во другиот кој е целосно „слеп“, без дешифрирање на содржината. Затоа безбедноста намислите на пациентите не може да бидат доведени во опасност, тврдат научниците./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Симптоми и совети во раните фази од бременоста

Колку и да звучи изненадувачки, жената воопшто не е бремена во првата недела од бременоста. Бидејќи овулацијата и зачнувањето всушност тешко се одредуваат, а физичките знаци на менструацијата е многу полесно да се утврдат, повеќето акушери ја сметаат бременоста од првиот ден од последната менструација. Според лекарите и класификацијата на бременоста по недели во првата недела од бременоста, вие всушност имате менструација и сè уште не сте бремени. Вие всушност нема да го зачнете вашето бебе до втората или третата недела од бременоста, во зависност од должината на вашиот циклус.
Во првата недела од бременоста
Во оваа рана фаза, кога сè уште не сте навистина бремени, симптомите што ги чувствувате се типични за вашата менструација и може да траат од три до седум дена. Тие главно вклучуваат вагинално крвавење, грчеви и болки во долниот дел на грбот и надуеност. Покрај тоа, може да има промени во расположението како резултат на хормонални промени и појава на главоболка.
Првите знаци на бременост не се појавуваат веднаш, додека вообичаените рани знаци на бременост во првите недели по оплодувањето вклучуваат болка во градите, замор, честа потреба за мокрење и гадење. Првата недела од бременоста е вистинско време да размислите и планирате како да го подготвите вашето тело да носи бебе.
За почеток, добро би било бременоста да ја започнете со здрава телесна тежина и без или со што помалку лоши навики, како пушење и внесување алкохол. Додека внесот на кофеин треба да се намали на најмалку една до две шолји кафе дневно. Исто така, се препорачува да се земаат пренатални витамини со 400 mcg фолна киселина дневно.
Влегување во втората недела од бременоста
Во втората недела од бременоста, кога сè уште не сте бремени, менструацијата треба да заврши и да почне овулацијата во следните неколку дена. Иако всушност не сте бремени во втората недела, може да се каже дека можеби сте многу блиску, треба да бидете внимателни и да ги забележите знаците на овулација и да имате повеќе секс во тој период.
Знаци на кои треба да обрнете внимание се, на пример, промени во цервикалната слуз, која, како што се приближувате до овулацијата, станува потенка, појасна и поцврста, како белката од јајце, што инаку и помага на спермата да го најде патот до јајце клетката. Еден од знаците е заострувањето на сетилото за мирис, што е последица на хормоналните промени и веројатно природен начин за лесно намирисување на машки феромони во непосредна близина, во периодот кога се обидувате да се размножите. Сето ова нема да помине без мала болка, која ќе се појави во градите, исто така како резултат на хормонални осцилации, и во карлицата, каде што ќе чувствувате трнење на едната страна од стомакот, додека вашиот јајник ослободува нова јајце клетка.
Благи крвави дамки се смета за честа појава, иако треба да се консултира гинеколог ако се интензивира, како што е вообичаено и зголемен сексуален нагон. Промена има и во грлото на матката, кое ако редовно го проверувате ќе забележите промена бидејќи станува поотворено, повисокп и помеко при овулација.
Втората недела од бременоста е вистинско време да воведете смирувачка рутина во вашиот живот, со цел да го намалите стресот што е можно повеќе, што може значително да ја намали веројатноста за успешно и брзо забременување, без разлика колку се грижите за се друго. Треба да пиете многу вода и да се храните добро, а доколку веќе не сте го направиле тоа целосно исфрлете ги алкохолот и цигарите и започнете редовно вежбање со умерен интензитет.
(ПР-текст)
Забава
Три клучни симптоми кои најавуваат срцев удар – вратот, рамената и рацете

Крајот на одморот и враќањето на работа може да биде поттик за срцев удар. Затоа, според лекарите, првиот работен ден треба добро да се испланира за да се решат насобраните обврски, бидејќи намалувањето на стресот е добро за кардиоваскуларниот систем, особено за оние чие здравје е веќе нарушено.
Охрабрувачки е што може да се предвиди срцев удар, а навреме да се обратите на лекар.
Професор д-р Бранко Белеслин, кардиолог од Универзитетскиот клинички центар на Србија, вели дека вообичаено е пациентите да чувствуваат краткотрајна болка во градите, слабост и чувство на прескокнување на срцето неколку дена пред срцев удар.
„ Луѓето кои треба да бидат загрижени за овие симптоми се првенствено оние кои имаат фактори на ризик за срцев удар. Така, пушачите, дијабетичарите, оние со значително покачени масти во крвта, хипертензивните и оние кои имале семејна историја на срцев удар, особено на помлада возраст“, забележува д-р Белеслин.
Болките зад градната коска, особено оние кои се шират на вратот, рамената, рацете, придружени со замор и потење се причина што побрзо да се побара лекарска помош.
„ ЕКГ, лабораториски анализи и, доколку е потребно, рендген на срцето и белите дробови или ултразвук на срцето, се основните тестови што треба да му се направат на пациентот за да се потврди или исклучи миокарден инфаркт“, вели тој.
Секоја кардиоваскуларна болест со право се смета за подмолна болест, бидејќи првиот срцев удар во животот, кај навидум здрав човек, може да биде фатален.
„ Најчеста причина за ненадејна смрт е срцев удар и тешки аритмии кои го придружуваат. Затоа е важно пациентите итно да се јават на лекар доколку почувствуваат болка во градите, проследена со несвестица и ако таа трае континуирано и повеќе од 20 до 30 минути. Задолжително прво да се јавите во брза помош, бидејќи самостојното одење во здравствена установа може да биде фатално, бидејќи на тој начин срцевиот мускул се изложува на дополнителен напор и потенцијален ризик од несакани настани“ предупредува тој.
Препознавањето и спречувањето на срцев удар не само што штити од ненадејна смрт, туку и од оштетување на срцевиот мускул.
„ Кога се преземаат соодветни дијагностика и третман, речиси и да нема оштетување на срцевиот мускул или тоа е минимално и практично не влијае на квалитетот на животот на пациентите“, вели д-р Белеслин.
Во спротивно, екстензивното оштетување на миокардот доведува до срцева слабост.
За да се спречи појава на срцев удар, како и негово повторување, најважно, вели професорот Белслин, е пациентот да престане да пуши, да се храни здраво, да се рекреира најдобро што може, да зема лекови за контролирање на крвниот притисок, дијабетесот и постигнување на оптимални нивоа на маснотии.
Забава
Како фолната киселина влијае на телото?

Веројатно знаете дека фолната киселина е нешто што трудниците треба да го земаат додека планираат бременост.
Фолната киселина е всушност синтетичка форма на витаминот наречен фолат, кој е познат и како витамин Б9.
Овој витамин е многу важен за развојот и производството на клетките, особено за време на бременоста. Се верува дека овој витамин е од витално значење за развојот на невралната туба на фетусот – од која се формираат мозокот и ‘рбетниот мозок. Невралната туба се развива многу рано – во периодот помеѓу четвртата и шестата недела од бременоста. Ако нема доволно фолна киселина, невралната туба нема да се развие правилно, што може да доведе до спина бифида, вроден дефект што може да предизвика физички и когнитивни пречки.
Недостатокот на фолна киселина во бременоста може да биде штетен за здравјето и развојот на бебето – затоа е толку важно да се суплементира фолна киселина во раната бременост, па дури и пред да се појави.
За многу жени кои подоцна дознаваат дека се бремени, можеби е предоцна да се дополни. Невралната туба веќе е формирана помеѓу четвртата и шестата недела. Ова е причината зошто се предлага суплементација при планирање на бременост.
Фолна киселина и спина бифида
Што е спина бифида? Кога невралната туба не е затворена за време на бременоста, пршлените кои го штитат ‘рбетниот мозок не се формираат правилно, што може да доведе до оштетување на’ рбетниот мозок, како и нервите што излегуваат од него.
Последиците можат да се изразат во форма на тешко одење или губење на функцијата на рацете и нозете, а најтешка форма е аненцефалијата. Аненцефалијата се јавува кога половина од мозокот не се развива, што резултира со сериозно когнитивно оштетување.
Овде е важно да се истакне дека фолната киселина драстично го намалува ризикот од спина бифида, но дека сè уште постојат форми на оваа состојба, како и други нарушувања на развојот на мозокот кои не се тесно поврзани со фолната киселина.
Колку е потребно фолна киселина?
Иако консумирањето храна збогатена со фолна киселина е добра за општото здравје, суплементацијата е неопходна бидејќи исхраната не може да содржи доволно фолна киселина за да се намали ризикот од развој на дефекти на невралната туба.
При планирање на бременост, пренаталните витамини со најмалку 400 микрограми фолна киселина треба да се земаат заедно со железо, витамин Д, калциум и други витамини и минерали кои помагаат за здрав развој на бебето. Пренаталните витамини треба да се земаат неколку месеци пред зачнувањето, ако е можно.
Други придобивки од фолната киселина
Фолната киселина делува така што му помага на телото да произведува и одржува нови клетки. Особено, формирањето на црвените крвни зрнца зависи од соодветното ниво на овој витамин. Недостатокот на фолна киселина е позната причина за анемија и кај возрасни и кај деца.
Придобивките од фолната киселина во организмот се следните: од намалување на ризикот од развој на разни срцеви заболувања, ризик од мозочен удар и некои видови на рак. Фолната киселина е добра за сите клетки кои брзо се делат и растат, поради што е одлична за здравјето на косата, кожата и ноктите.
(ПР текст)