Контакт

Здравје

Паметните телефони траба да имаат автоматско поставување за вечерно користење

Објавено пред

Паметните телефони, таблетите и електронските книги, треба да имаат автоматско поставување за „користење навечер“, за со својата светлина да не го нарушуваат квалитетот на сонот на корисникот, смета професорот Пол Гринграс од лондонската детска болница Евелин, коментирајќи ги резултатите од истражувањето објавено во списанието Frontiers in Public Health.

dobivaj vesti na viber

Професорот Пол Гинргас учествувал во истражувањето за влијанието на светлината којашто ја емитуваат гаџетите врз сонот на нивните корисници. Тој и неговиот колеги сметат дека поставувањата на овие уреди треба да нудат можност за намалување на интензитетот на сината светлина која негативно влијае врз природниот телесен часовник, одржувајќи го лицето будно подолго отколку што наложува неговиот биолошки часовник. Притоа особено мисли на децата и младите, пишува лондонски The Independent. Смета и дека производителите на гаџетите би требало да бидат поодговорни кон своите корисници, и вели дека му изгледа дека кај секој нов модел „светлината е сé поинтензивна и посина“. Меѓу овие уреди ги наведува и Pad Air, Kindle Paperweight од првата генерација и iPhone 5s.Во човековиот организам во темница се произведува хормонот мелатонин или хормонот на спиење, кој го намалува нивото на котризол, хормонот на стресот, го смирува и го подготвува за сон. Некои бранови должини, како сино-зелените кои се наоѓаат на крајот од спектарот, го прекинуваат процесот на лачење на мелатонин. Британските научници заклучиле дека новите гаџети се поголеми, дека емитуваат повеќе светлина, дека нивото на контраст им е посилно, како и дека емитуваат сé поинтензивна синкаста светлина.„Тоа е одлична работа кога се користи преку ден, но многу штетна за употреба навечер, бидејќи го нарушува биолошкиот часовник поради што децата остануваат будни барем уште еден час“, вело Гринграс додавајќи дека знае дека некои производители кај одредени апликации повеле сметка за автоматска промена на светлината на уредот имајќи го предвид периодот на денот, односно вечерта.„Не е доволно на детето само да му лажете дека не смее претерано долго да го користи гаџетот пред спиење, со оправдување дека тала наложува модерниот начин на живеење. Произведувачите мора да бидат поодговорни и да ги заштитат своите корисници“, смета професорот Гинргас, и сугерира промена на зелените и сините светлосни тонови со жолти и црвени, и намалување на интензитетот на заднинските осветлувања на екраните./крај/мф/сн

Извор: The Independent



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Веднаш отстранете ги овие пет работи од вашата бања – пред да се разболите

Објавено пред

Микроорганизмите се размножуваат на предметите што ги користиме секојдневно, а нивното присуство може сериозно да го загрози нашето здравје.

dobivaj vesti na viber

Бањата е простор што повеќето од нас го доживуваат како симбол на чистота и свежина. Таму го започнуваме денот, ги миеме забите, се тушираме и се подготвуваме за работа. Но, зад сјајните плочки и миризливите крпи лежи изненадувачка вистина: според експертите, бањата е едно од најопасните места во домот кога станува збор за ширење на бактерии и мувла.

Plumbworld, компанија специјализирана за опрема за бањи и кујни, предупредува дека топлината и влажноста се идеална средина за развој на микроорганизми.

„Повеќето луѓе не сфаќаат колку брзо бактериите можат да се акумулираат на предметите што ги користиме секојдневно“, велат експертите. На долг рок, овие микроорганизми можат да доведат до проблеми со кожата, варењето, па дури и респираторни проблеми.

Еве пет од најчестите „виновници“ кои тајно го загрозуваат нашето здравје во бањата.

1. Стара четка за заби
Предметот што го користиме најмалку двапати на ден е парадоксално еден од највалканите во бањата. Експертите предупредуваат дека остатоците од паста за заби, оралните бактерии и микроскопските честички од воздухот се акумулираат меѓу неговите влакна.

Особено загрижувачки е облакот од капки што се ослободува секој пат кога ќе пуштиме вода во ВЦ школката. Овие невидливи честички можат да слетаат на блиски предмети, вклучувајќи ја и четката за заби.

„Ако ја држите четката за заби на мијалникот до ВЦ школката, постои реална можност бактериите што не ги сакате во устата да завршат на неа“, предупредуваат експертите од Plumbworld за Mirror.

Препорака: Четката за заби треба да се менува на секои три месеци, или порано ако влакната се истрошени. По миењето на забите, секогаш е добра идеја да ја исплакнете четката за заби, да го истресете вишокот вода и да ја оставите да се исуши во исправена положба. Ако некој во домаќинството бил болен, најдобро е да ги замените четките за заби на сите членови на семејството.

2. Сунѓери и луфи
Иако се идеални за ексфолијација и чувство на свежина под тушот, луфите и сунѓерите за туширање се исто така совршена почва за размножување бактерии. Тие ги заробуваат мртвите клетки на кожата, влагата и сапуницата – комбинација што им овозможува на бактериите и на габите непречено да се размножуваат.

„Ако луфата стои во топол, влажен агол од тушот, таа никогаш не се суши целосно. Ова значи дека во неа расте цела микробна заедница“, предупредуваат експертите.

Решението е едноставно: по секоја употреба, исплакнете ја темелно и закачете го сунѓерот на проветрено место. Еднаш неделно се препорачува да се мие во топла вода или да се потопи во раствор од оцет. Ако почне да мириса непријатно, да ја промени бојата или да стане лигава, време е за нова. Општо земено, сунѓерите и луфата треба да се менуваат на секои еден или два месеца.

3. Крпи
Многу луѓе мислат дека крпите се чисти сè додека не изгледаат валкано. Но, вистината е сосема поинаква. Крпите што се користат секојдневно и ретко се перат стануваат место за размножување бактерии, пот и мртви клетки од кожата.

„Дури и ако крпата изгледа чисто, таа може да содржи стотици илјади бактерии на квадратен сантиметар“, велат експертите од Plumbworld.

Најважното правило: крпите за раце и за бањање треба да се перат на секои три-четири употреби на температура од најмалку 60 °C. По перењето, тие мора целосно да се исушат – или на воздух или во машина за сушење алишта.

Ако крпата добие мувлосан мирис или стане груба, тоа е знак дека треба да се замени. Експертите препорачуваат нов сет крпи на секои две години за да се одржат хигиената и свежината.

4. Подлоги за бања
Малкумина размислуваат за подлоги за бања или туш, но тие може да станат складиште на влага и бактерии. По секое туширање, тие апсорбираат вода од подот и стапалата, а ако останат влажни, бргу почнува да се развива мувла под површината ,особено кај моделите со гумена подлога.

„Тепихот што не е правилно сушен може да биде сериозен извор на габи, па дури и алергени“, предупредуваат експертите.

Решение: Теписите треба да се перат еднаш неделно во машина на висока температура и темелно да се сушат по можност на воздух. Никогаш не оставајте ги рамно на подот додека сè уште се влажни. Доколку се појават темни дамки или мирисаат на влага, тепихот треба веднаш да се фрли.

5. Козметика и тоалетни производи
Колку долго стоело отворено шише шампон или крем за лице? Ако не можете да се сетите – веројатно поминало предолго време. По По отворањето, козметиката и тоалетните производи почнуваат да собираат бактерии, особено во топли и влажни бањи.

„Луѓето често не размислуваат за рокот на траење на козметиката, но старите производи може да предизвикаат иритација на кожата, очите или скалпот“, велат експертите.

Затоа е препорачливо редовно да го проветрувате рокот на траење – најмалку на секои три месеци – и да фрлате сè што е отворено повеќе од една година. Чувајте ги производите цврсто затворени, по можност надвор од бањата, на ладно и суво место.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

Рускиот еликсир на вечната младост: за слабеење и за подмладување – и на душата и на телото

Објавено пред

Руската народна медицина е богата со лековити рецепти, а меѓу нив е и овој руски билен еликсир на вечната младост, комбинација од билки со исклучителни лековити својства – камилица, кантарион, смил и пупки од бреза.

dobivaj vesti na viber

Сите овие билки се богати со лековити својства што се потврдени од многу генерации, а ако го пиете овој еликсир, ќе можете да се споредите со луѓе 20 години помлади.

Руски билен еликсир на вечната младост

За да го подготвите, ќе ви требаат:

– 100 грама цветови од камилица
– 100 грама кантарион
– 100 грама цветови од смил
– 100 грама пупки од бреза

За да го подготвите еликсирот, добро измешајте ги наведените состојки и чувајте ги во херметички затворен сад. Земете една голема лажица од смесата и прелијте ја со половина литар врела вода, покријте и процедете по 20 минути.

Чувајте ја напивката во термос за да остане топла. Половина од напивката испијте ја наутро на празен стомак, а остатокот два часа по вечерата, потоа не пијте ништо друго и не јадете ништо.

Оваа напивка ќе ви помогне да ослабете без диети и со метаболистички нарушувања. Ќе го исчисти телото од токсини и со тоа ќе го подобри функционирањето на срцето, црниот дроб, бубрезите и на панкреасот.

Како влијае еликсирот?

Еликсирот ја зголемува еластичноста на крвните садови, помага при мултиплекс склероза, спречува срцев удар и хипертензија. Еликсирот на вечната младост има пријатен вкус, а по желба може да се заслади со лажичка мед.

Камилицата денес е најпознатото лековито растение, кое се користи еднакво во конвенционалната и во народната медицина, неговите состојки и активни супстанции се добро истражени.

Кантарионот има многу лековити својства, тој е многу корисно лековито растение. Се користи за лекување слуз во белите дробови, желудникот и за грчеви во стомакот, згрутчување на крвта, заболувања на бубрезите, црниот дроб, слезината и мочниот меур. Особено се препорачува за неконтролирано мокрење. Во комбинација со други лековити растенија, тоа е одличен лек за лекување зрела кашлица и астма.

Покрај подмладувањето, смилот има ммногубројни други лековити својства. Тоа е одличен лек за бронхитис и кашлица, дејствува како седатив, го намалува крвниот притисок, нивото на холестеролот во крвта, спречува згрутчување на крвта, ја ублажува болката и го зајакнува целото тело.

Чајот од брезова пупка го поттикнува отстранувањето на вишокот урична киселина и токсини од телото, а може да помогне и во случај на проблеми со ревматизам и едем.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

Најздравиот појадок на светот: топи масти, слабее и го зајакнува телото

Објавено пред

Нема сомнение, ова е најздравиот појадок на светот и идеален за носење на работа. Заборавете на гладот ​​до ручек, ослободете се од токсините и стопете ги мастите.

dobivaj vesti na viber

Секој знае дека појадокот е најважниот оброк, но кој е всушност најздравиот појадок? Нутриционистите се согласуваат: тоа е овес или овесна каша. Но, бидете внимателни, не зборуваме за оние брзи, преработени житарки.

Вистинската моќ е во кашата добиена со готвење цели зрна овес. Телото ја обожава! Лесно можете да најдете овес во која било продавница за здрава храна.

Оваа каша е идеална за носење на работа, а можете да ја јадете на два фантастични начина:

– Солен вкус: Додадете варено јајце, сирење, малку сланина (ако навистина морате!) или урда. Многу протеини.

– Слатко совршенство: Додадете суво грозје, мед, јаболко, цимет или какао. Вистинско уживање.

Зошто килограмите лесно се намалуваат?

Ако постојано сте на диета, го знаете проблемот: постојано сте гладни. Па, овесната каша е мајстор за ситост, бидејќи го чисти телото од токсини. Овие зрна содржат чудотворно влакно, бета глукан, кое се претвора во густ гел во желудникот. Токму овој гел ве држи сити подолг дел од денот, затоа заборавете на нездравите грицки до ручек. Затоа ова е најздравиот појадок за секој што сака да ослабе.

Ги чисти цревата и го штити срцето – неверојатна моќ
Влакната прават чуда за варењето. Оваа каша ги чисти цревата, осигурува дека сè функционира правилно и го намалува ризикот од запек. Плус, овесот е вистински благодет за срцето. Полн е со антиоксиданси и здрави влакна кои го намалуваат нивото на лош холестерол.

Верувале или не, некои студии покажаа дека редовното консумирање на оваа каша може да има иста важност како и пиењето лекови за висок крвен притисок (секако, терапијата не треба да се заменува).

Како да се подготви: Рецепт што ви овозможува да го понесете појадокот на работа
За да го извлечете максимумот од тоа, заборавете на инстант житарките. Купете цел овес и потопете го во вода преку ноќ. Наутро, гответе околу 15 до 20 минути, додека зрната не се сварат целосно.

Брз рецепт за сладок оброк за носење: Земете 1 чаша овес и 4 чаши млеко. Додадете мед, цимет и суво грозје. Оставете сè во сад преку ноќ. Наутро, гответе додека смесата не се згусне. Префрлете во тегла и одете на работа.

Ова е убедливо најздравиот појадок што можете да си го дозволите. Јадете го со чиста совест.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Мицкоски: Барам смена на Љупчо Коцевски, не си ја врши својата работа добро

Премиерот Христијан Мицкоски се осврна на работата на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, потенцирајќи дека ниту тој лично ниту јавноста не...

Македонија9 часа

Само еден месец по отворањето, Штип го издава Дино паркот под ќирија на 15 години

Еден месец откако беше промовиран, Дино паркот во Штип, со одлука на Советот на општината ќе биде даден под ќирија...

Македонија10 часа

100 дена протести во Љубојно: Жителите бараат запирање на сечата на шумата

Жителите на преспанското село Љубојно информираа дека во среда, 19 ноември, ќе се навршат 100 дена откако секое утро одат...

Македонија14 часа

(Видео) Мециновиќ за „Пулс“: На почетокот на декември ќе биде свикана анкетна комисија, да утврдиме каде потфрлиле институциите

На денешната прес-конференција пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, информираше дека на почетокот на декември ќе биде свикана седница на Постојаната...

Македонија17 часа

ЦУК предупредува: Поради интензивни врнежи од дожд, во делови од Западна Македонија се создадоа водни површини под подвозниците и надвозниците

Поради интензивни врнежи од дожд во делови од Западна Македонија, особено во Полошкиот регион и Општина Тетово, забележани се проблеми...

Македонија18 часа

Утре почнува судењето за пожарот во „Пулс“, Обвинителството со тим од 15 обвинители

Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи на 16 март, а во кој животот...

Македонија18 часа

23-годишник од Волково принудувал петгодишно девојче на полови дејства, поднесено обвинение

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 23-годишник од Волково, бидејќи се обезбедено докази дека извршил други полови дејствија...

Македонија18 часа

Филипче слепо ја следи агендата на Заев и ја игнорира потребата од реформи во партијата, смета ВМРО-ДПМНЕ

Венко Филипче безрезервно ја следи политичката стратегија на Заев штитејќи ги бизнис интересите на кланот Заеви, а притоа целосно ги...

Македонија19 часа

Почна пријавувањето за набавка на електронски уреди, 55.000 студенти добиваат по 15.300 денари, информира Владата

„Ветеното, го реализиравме. Од вчера официјално започна аплицирањето за набавка на електронски уреди. Студентите ги добиваат ветените 250 евра или...

Регион19 часа

(Видео) Облакодерот во Загреб гори со часови, паѓаат делови од фасадата: штетата е тотална

Облакодерот на Славонска авенија во Загреб, во кој вчера избувна пожар малку пред полноќ, утрово сè уште гори, делови од...

Европа20 часа

(Видео) Нападнати термоелектраните во Донецк: многу населби без струја

Денис Пушилин, прорускиот лидер на регионот Донецк, објави на апликацијата Телеграм дека украинските сили оштетиле две тамошни електрани во ноќен...

Регион20 часа

Градоначалникот на Загреб: Штетата е тотална, пожарот постојано се разгорува

Малку пред полноќ, во облакодерот Вјесник на Славонска авенија во Загреб избувна пожар, а како што се ширеше вертикално, зафати...

Свет21 час

(Видео) Трамп: Ќе објавиме сè за Епштајн, но сепак нема да биде доволно

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе ги објави сите документи за покојниот финансиер и осуден педофил Џефри Епштајн, но...

Свет21 час

(Видео) Израелците нападнаа Палестинци во близина на Витлеем; Нетанјаху: Ќе се справам со тоа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека итно ќе свика состанок на кабинетот за да се осигури дека Израелците што...

Регион21 час

(Видео) Гори облакодерот „Вјесник“ во Загреб, снимките драматични

Малку пред полноќ во понеделник навечер, во небодерот Вјесник на Славонска авенија во Загреб избувна пожар, а како што се...

Македонија1 ден

Два авиони наместо во Скопје пренасочени во Приштина поради силен ветер

Два вечерни лета кои требаше да слетаат на скопскиот аеродром, се пренасочени кон Приштина поради неповолни услови за слетување. Директорот...

Македонија1 ден

Градиме брза железница и автопати од Албанија до Бугарија, најави Николоски во Виена

Македонија ги реализира најкрупните капитални проекти за патна и железничка инфраструктура на транспортните Коридори 8 и 10, истакна вицепремиерот Александар...

Регион1 ден

Албанија со торта во Брисел го прослави отворањето на последниот преговарачки кластер со ЕУ

Албанија со торта во Брисел го прослави отворањето на последниот од вкупно шест преговарачки кластери со ЕУ. „Го отворивме последното...

Македонија1 ден

Земјотрес почувствуван во Делчево и Виница

Денес околу 15:48 часот беше почувствуван земјотрес во делови на североисточна Македонија, најмногу во Делчево, Виница и околните места. Според...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова: ЕУ сè уште нема јасна стратегија за нашата европска интеграција и практикува двојни стандарди

Да се посветиме на реформите, не поради „политичката волја“ за уставните измени, туку заради владеење на правото, порача претседателката Гордана...