Контакт

Здравје

Ревитализација на кожа под стрес

Објавено пред

Кожата е најважен дел на човечкото тело врз кој влијаат многу психолошки фактори, за што е потребна нејзина нега и ревитализација, особено кога човек е под стрес, препорачува д-р Анета Кoкалеска Петрушевска, специјалист дерматолог од „Ординација д-р Анчевски“.

dobivaj vesti na viber

Хроничниот стрес остава последици врз кожата. Хормонот кој најмногу се лачи при стрес е хормонот кортизол, кој влијае врз разградувањето на колагенот, најважниот дел во подлабоките слоеви на кожата. Промените во структурата на колагенот и во неговото количество може да резултира со појава на брчки, акни и други состојби на кожата и целиот организам.

Една од предностите на современото живеење е можноста преку естетски третмани на ефектен начин да се корегираат негативните последици предизвикани од стресот.

Еден од најновите светски трендови е ПРП или плазма богата со тромбоцити. ПРП е концентрат од човечки тромбоцити во мало количество плазма добиена од самиот пациент. ПРП е најприродната метода која ја ревитализира, обновува и затегнува кожата на природен начин. ПРП методата го забавува процесот на стареење, ја подмладува и регенерира кожата на лицето, вратот, деколтето и рацете, исто така е многу ефектна во цели на освежување и подмладување на лицето ги корегира фините линии на ситни и средно изразени брчки, го зголемува волуменот на кожата преку стимулација на множество на нов колаген и фибрин. Со техниката ПРП се решаваат и проблемите со опаѓање на косата предизвикани од стрес.

Длабоки дермални филери се применуваат при појава на предвременото стареење на кожата со појава на ситни и подлабоки брчки на лицето и вратот може да се корегира со два револуционерни третманиасо дермални филери „Радиесе“ и „Скулптра“. И двата дермални филера го стимулираат природното производство на колаген, ги бришат негативните ефекти од стресот и го враќаат младешкиот изглед на кожата.

„Дермалниот филер „Радиесе“ благодарение на специјалниот гел, матрица како и благодарение на фини калциумови микросфери создава волумен со долготраен ефект. Резултатите по третманот се импресивни и веднаш видливи. Самиот гел, како и микросферите, се безбедни за организмот и воопшто не му штетат, притоа природно се разложуваат во телото со текот на времето“, вели д-р Кокалеска Петрушевска.

Скулптрата или таканаречен течен „facelift“, е млечна киселина која се инјектира во одредени делови на лицето со што се постигнува face lifting. Скулптра е долготраен, клинички докажан третман кој стимулира создавање сопствен нов колаген, и на тој начин може да се постигне измазнување на длабоките линии и брчки на кожата, како и да се обнови и зголеми загубениот лицев волумен, кој физиолошки настанува со процесот на стареење. Подобрувањето на структурата на кожата настанува постепено, а постигнатиот ефект е долготраен, по што вашето лице добива природен изглед на компактност и свежина. Клиничките студии покажуваат дека постигнатите резултати траат две години, што е значително подолго од користењето на други расположливи препарати.

Светски лифтинг тренд е нехируршко затегнување на кожата со примена на мезоконци со помош на специјален материјал, полидиоксионон кој кога ќе се постави во горниот кожен слој ја затега и подига опуштената кожа. Можат да се подигнат и зајакнат зоните кај образите, околу очите, специјално зоната на подочниците, вратот и деколтето. Апсолутно безбедна метода без хируршка интервенција поради што не е потребно време за опоравување и трошоците се апсолутно помали.

Со третманот озонотерапија се постигнува ревитализација на кожата, како и на целиот организам. Озонотерапијата е еден од најмоќните начини во борба против слободните радикали за подигање на општиот имунолошки систем. Со неколку третмани озонотерапија не само што се постигнува подобрување на тенот на кожата, исто така го штити организмот од вируси и бактерии, ја подобрува циркулацијата и кислородното снабдување.

Сиве овие третмани комплетно, засега во Македонија се изведуваат само во ординација д-р Анчевски од страна на високо стручен тим на дерматолози кој што своите обуки ги имаат поминато во познати светски центри. /крај/мф/би

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

„Женски“ витамини и минерали: Осумте најважни нутриенти за жените, без оглед на возраста

Објавено пред

Без разлика колку години имате, важно е да знаете кои витамини и минерали се особено важни за жените и зошто секоја жена треба да ги има предвид.

dobivaj vesti na viber

Витамините и минералите се клучни сојузници на здравјето – тие учествуваат во скоро сите процеси во телото, од создавање енергија и зајакнување на имунитетот до здрава кожа, коса и коски. Иако се важни за секого, потребите на жените за одредени хранливи материи може да варираат поради хормонални промени, менструалниот циклус, бременоста, стресот и начинот на живот.

Затоа е важно да знаете кои витамини и минерали се особено важни за жените, без оглед на возраста. Подолу е даден преглед на најважните витамини и минерали што секоја жена треба да ги има предвид.

Железо
Железото е еден од најважните минерали за жените, особено поради редовното губење крв за време на менструацијата. Тоа е клучно за формирање на хемоглобин и транспорт на кислород во телото, а неговиот недостаток може да предизвика замор, слабост и намалување на концентрацијата.

Калциум
Калциумот е неопходен за здравјето на коските и забите, но и за правилно функционирање на мускулите и нервниот систем. Кај жените, игра особено важна улога во спречувањето на остеопороза, особено како што старееме.

Витамин Д
Витаминот Д помага во апсорпцијата на калциум и е неопходен за здравјето на коските, како и за имунитетот и хормоналната рамнотежа. Бидејќи најчесто се произведува со изложеност на сончева светлина, многу жени имаат недостаток од него, особено во зимските месеци.

Витамин Б12
Витаминот Б12 е важен за здравјето на нервниот систем, производството на црвени крвни зрнца и нивото на енергија. Неговиот недостаток може да се манифестира со замор, лошо расположение и проблеми со меморијата, а е почест кај вегетаријанците и веганите.

Фолна киселина (витамин Б9)
Фолната киселина е особено важна за жените во репродуктивна возраст, бидејќи е вклучена во создавањето нови клетки и синтезата на ДНК. Исто така, придонесува за здравјето на срцето и може да помогне во намалувањето на заморот.

Магнезиум
Магнезиумот помага во опуштање на мускулите, намалување на стресот и подобрување на квалитетот на спиењето. Често се препорачува за жени кои се борат со напнатост, грчеви или ПМС симптоми.

Витамин Ц
Витаминот Ц е моќен антиоксиданс кој го зајакнува имунитетот и придонесува за здравјето на кожата со стимулирање на производството на колаген. Исто така, помага за подобра апсорпција на железото од храната, што е дополнителен плус за жените.

Цинк
Цинкот е важен за здрава кожа, коса и нокти, како и за имунитет и хормонална рамнотежа. Неговиот недостаток може да се одрази во послаб имунитет, кршливи нокти и проблеми со кожата.

Прикажи повеќе...

Забава

Јадете колку што сакате: Овие 9 намирници нема да ве здебелат

Објавено пред

Следењето на вашата исхрана и внесот на калории често може да биде предизвикувачко, особено со зафатен начин на живот и постојана достапност на разновидна храна. Да не ги спомнуваме празничните гозби што ги уживавме.

dobivaj vesti na viber

Броењето калории и контролирањето на порциите може да изгледа премногу и тешко за одржување во желбата да ја одржите посакуваната тежина и да не добиете вишок килограми. Сепак, добрата вест е дека постојат намирници кои се толку заситувачки и природно нискокалорични што зголемувањето на телесната тежина од нив е практично невозможно, без оглед на количината.

Според експертите од популарниот YouTube канал и онлајн фитнес бренд, Gravity Transformation – Fat Loss Experts, постои цела низа намирници со кои речиси е невозможно да претерате. Тие објаснија дека „скоро невозможно“ не значи дека имате право да јадете неограничено, бидејќи прејадувањето со која било храна сепак може да биде штетно за вашето здравје. Придржувањето до балансирана исхрана и редовна рутина на вежбање е сè уште клучно.

Со овие девет намирници, нема да се здебелите, без разлика колку јадете, пишува Mirror.

9. Јајца
Јајцата се со исклучително висока содржина на протеини, што ги прави неверојатно заситувачки. Плус, протеините го забрзуваат вашиот метаболизам. Ова значи дека не ги апсорбирате целосно сите калории од јајцата, бидејќи голем дел се согорува за време на процесот на варење“, објаснуваат експертите за губење маснотии. Меѓутоа, ако правите омлет полн со додатоци, резултатот може да биде различен.

8. Лосос
Следно на листата е диво уловен лосос. Експертите препорачуваат избегнување на лосос одгледан на фарма, бидејќи содржи значително повеќе масти од диво уловен лосос. Експертите за губење масти сугерираат дека диво уловен лосос е всушност одличен за регулирање на телесната тежина бидејќи е богат со протеини, многу заситувачки и има половина од мастите од лососот одгледан на фарма.

7. Салца
„Салцата е еден од сосовите со најмалку калории“, велат експертите. Според Healthline, типична порција салца е околу две лажици и содржи помалку од 10 калории во просек, така што можете да ја додадете обилно во вашите омилени јадења без да се грижите за контрола на порциите. Халапењо пиперките, кои содржат соединение наречено капсаицин, исто така можат да ја зголемат способноста на вашето тело да согорува масти, што може да помогне во губењето на тежината.

6. Кисели краставички
Киселите краставички се одлични за јадење во големи количини бидејќи се природно ниски во масти и калории, што ги прави паметен избор за секој што внимава на внесот. Тие исто така обезбедуваат мали, но вредни количини на есенцијални витамини и минерали. Сепак, здравствените експерти предупредуваат дека тие содржат многу натриум.

5. Пилешки гради
Пилешкото е главен извор на немасни протеини, нудејќи висок процент на протеини по порција, а воедно е ниско во мастите, што го прави основна состојка во многу здрави диети. „Порција од 100 грама пилешки гради содржи 165 калории, 31 грам протеини и 3,6 грама масти. Ова значи дека околу 80% од калориите во пилешките гради доаѓаат од протеини, а 20% од масти“, објаснуваат експертите од Healthline.

4. Лубеница
Според Healthline, лубеницата е составена претежно од вода (91%) и јаглехидрати (7,6%). Таа речиси и да не содржи протеини или масти и е многу нискокалорична. Според експертите, 100 грама лубеница содржи само 30 калории.

3. Печурки
Печурките се исто така на листата на храна што можете да ја јадете без страв од зголемување на телесната тежина. Ова е затоа што се нискокалорични, а богати со витамини и хранливи материи.

2. Пиперки
Исто како печурките, пиперките се нискокалорични, но сепак се полни со хранливи материи кои го поддржуваат вашиот метаболизам и имунолошки систем. Една пиперка со средна големина, околу 120 грама, има само 30 до 40 калории, според земјоделската компанија Dominion Integrated Farms. „Пиперките, благодарение на нивната содржина на влакна и вода, помагаат во промовирањето на ситоста. Тие додаваат волумен на оброците без значително зголемување на калориите, што ги прави совршени за големи, нискокалорични оброци“, објасни компанијата.

1. Пуканки
Пуканките се изненадувачки одлична, нискокалорична ужина. Не само што обезбедуваат влакна, туку содржат и антиоксиданси кои ја поддржуваат циркулацијата и помагаат во варењето на храната.

„Пуканките за кино се различни од домашните пуканки. Кутија пуканки за кино може да содржи до 1.090 калории и 2.650 милиграми натриум. Кога се пукаат на воздух и се лесно зачинети, пуканките се ефикасно здрава ужина“, објасни Американското здружение за срце.

Прикажи повеќе...

Забава

Методот 5/25/25 – најпопуларната диета по празниците: Топи килограми без ограничување на оброкот

Објавено пред

Методот 5/25/25, измислен од фитнес инструкторката Џули Капицело, не го ограничува вашиот оброк, а ви помага да ослабете.

dobivaj vesti na viber

Нема смисла да се лажете себеси – не постои единствен и најдобар начин за слабеење, бидејќи нашите тела се различни и имаме различни потреби – од губење на 3-6 килограми до губење на дури 30 или 60 килограми. За среќа, балансираниот пристап кон слабеењето, базиран на разновидно мени и неисклучување на цели групи на храна од исхраната, станува сè попопуларен.

Таков метод за слабеење е 5/25/25, измислен од фитнес инструкторката Џули Капицело. Што е уникатно во врска со овој метод?

Методот 5/25/25 не го ограничува вашиот оброк.
Методот 5/25/25 се фокусира на додавање намирници во вашата исхрана, а не на исклучување од вашето мени. Според неговиот автор, тоа е одлична основа за употреба, без оглед на тоа дали штотуку започнувате или веќе имате искуство во грижата за вашата фигура и што јадете секој ден.

Методот 5/25/25 значи пет оброци дневно. Секој треба да содржи 25 г протеини, а во текот на денот треба да обезбедиме и 25 г влакна. Благодарение на овој пристап, не ограничуваме одредени намирници, туку додаваме „гориво“ на нашите оброци што помага да се одржи витка фигура.

Пример за мени предложено од фитнес тренер:

– Појадок: јајца, сланина од мисирка и тост;

– Ручек: салата со стек и многу зеленчук;

– Оброк пред тренинг: оризови вафли со путер од кикирики и банана;

– Оброк по тренинг: протеински шејк;

– Вечера: пилешко, печен компир и зелен зеленчук.

„Запомнете дека нутритивните потреби на секого се различни, затоа користете го ова како водич/почетна точка, а не како совршен план за оброци за вас“, потсетува фитнес инструкторот.

Како функционира методот 5/25/25?

Помалите оброци што содржат доза на протеини и влакна, консумирани редовно, помагаат во стабилизирање на нивото на шеќер во крвта, што значи дека не чувствуваме прејадување или сме претерано гладни. Во текот на денот, му обезбедуваме на нашето тело „гориво“ што може да го користи. Протеините се градежен блок на мускулите, лесно се сваруваат и ви овозможуваат да се чувствувате сити подолго по оброкот. Соодветната количина на протеини, исто така, има позитивен ефект врз придвижување на метаболизмот. Соодветното ниво за повеќето жени е 25 g протеини по оброк.

Покрај протеините, методот 5/25/25 е важен и за снабдувањето со влакна. За жал, обично консумираме премалку од нив, што доведува до разни проблеми, вклучително и проблеми со варењето. „Консумирањето на оваа количина на влакна (25 g на ден) помага во одржувањето на редовните празнења на цревата и го промовира здравјето на цревата со поддршка на корисните бактерии“, објаснува фитнес инструкторот, додавајќи дека влакната, исто така, го зголемуваат чувството на ситост по оброците и помагаат во стабилизирање на нивото на енергија.

Како да се имплементира методот 25/5/25?

Методот 5/25/25 не е тежок за спроведување на дневна основа, но има неколку правила што треба да се запомнат:

Јадете помали оброци богати со хранливи материи
Фокусирајте се на планирање пет помали оброци на ден, што ќе ви помогне да избегнете прејадување и напади на глад и да одржувате стабилни нивоа на шеќер во крвта. Базирајте ги вашите оброци на протеини, здрави масти и влакна. На почетокот на вашата авантура 5/25/25, можете да испечатите листи на производи богати со одредени состојки и да ги комбинирате соодветните производи во оброци врз основа на тоа.

Секогаш чувајте извори на протеини во вашиот фрижидер
Ќе биде полесно да ги планирате вашите оброци и да додавате протеини во секој од нив ако имате производи богати со протеини при рака. Затоа, погрижете се вашиот фрижидер (и замрзнувач) да бидат полнети со многу туна, грчки јогурт, урда, пилешко и лосос. Ако не јадете животински производи или го ограничувате внесот на месо, важно е да се снабдите со грав и други мешунки, кои се одлични извори на протеини.

Појадувајте во рок од три часа по будењето
Појадокот е најважниот оброк во денот, но ако не ви се јаде веднаш по будењето, нема смисла да се форсирате. Сепак, вреди да го изедете првиот оброк во рок од три часа по будењето и не заборавајте да додадете протеини. Појадок на база на јајца или овесна каша со природен јогурт ќе ви даде чувство на ситост и енергија во првата половина од денот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија40 минути

Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош

Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда. „Основното...

Македонија54 минути

МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија...

Македонија7 часа

(Видео) Тошковски: Обезбедена е видеоснимка на која се гледа како сопругот ја удира жртвата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека во рамки на истрагата за трагедијата во Карпош е обезбеден видеозапис на...

Македонија8 часа

Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на...

Македонија8 часа

По пад од балкон загина 10-годишно момче во Тетово: родителите дознале од соседите

Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче...

Македонија8 часа

Тошковски објави нови детали за трагедијата во Карпош: Жртвата негирала насилство пред полицијата, сопругот имал криминално досие и бил апсен за дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти нови детали за вчерашната трагедија во Карпош, во која загинаа мајка и дете....

Македонија8 часа

Бракоразводна постапка и пријава за насилство – вонреден надзор во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Министерството за социјална политика, демографија и млади изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на мајката и детето кои го...

Македонија9 часа

Државните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност, уверуваат надлежните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со посебно внимание ја следи состојбата со актуелната енергетска ситуација, особено во контекст...

Македонија9 часа

МНР со владиниот авион ќе ги евакуира нашите државјани од Израел, првите се очекува да пристигнат утре

За евакуација на Македонците кои сакаат да се вратат дома од Израел, Министерството за надворешни работи (МНР) ќе го испрати...

Македонија11 часа

Сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, велат од МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473...

Македонија11 часа

Едно лице задржано по трагедијата во Карпош: распити на повеќе лица, детален претрес на станот, екстракција на податоци од телефони, се обезбедуваат снимки

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога...

Македонија11 часа

Почувствуван земјотрес во Гостивар

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути...

Свет13 часа

(Видео) Објавено сведочењето на Клинтон за Епстин, Хилари е бесна

Нови видеа покажуваат како Хилари Клинтон речиси излегува од сведочењето зад затворени врати пред американските пратеници за Џефри Епстин откако...

Свет13 часа

Пезешкијан: Иран нема да стои настрана пред нападите врз училиштата и болниците

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема да стои настрана поради американско-израелските напади што погодија женско училиште...

Свет13 часа

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social извести дека САД имаат рекордни залихи на муниција од среден и...

Свет14 часа

Рубио: Израел планираше да го нападне Иран, мораше да извршиме превентивни напади

Одлуката на Израел да го нападне Иран и сигурноста дека американските сили ќе бидат цел на одмазда ја принудија администрацијата...

Свет14 часа

(Видео) Познатата Палата Голестан во Техеран е оштетена, објавени се фотографии

Делови од Палатата Голестан, единственото место на светското наследство на УНЕСКО во иранската престолнина, беа оштетени во воздушен напад извршен...

Свет14 часа

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

Американското министерство за надворешни работи денес ги повика Американците веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји на Блискиот Исток,...

Свет15 часа

Нетанјаху: Војната нема да трае со години

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека американско-израелската војна против Иран може да трае „некое време“, но нема да трае...

Македонија23 часа

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...