Здравје
Што може да се третира со плазма богата со тромбоцити?
Третмани при коишто корекцијата на одредени проблем е со стимулација на клетки од самиот организамм во светот секогаш имаат голема популарност, бидејќи се смета дека се крајно безбедни. Тие постигаат вртоглава популарност, а згора на тоа се и многу ефикасни
Што е ПРП?ПРП или плазма богата со тромбоцити е концентрат на човечки тромбоцити во мало количество плазма добиена од самиот пациент. Оваа метода се изведува така што се зема мало количество крв кое се става во посебна епрувета, а потоа крвната плазма се збогатува со тромбоцити и се аплицира на пациентот. ПРП е најприродната метода која ја ревитализира, обновува и затегнува кожата на природен начин.
Начин на кој делува ПРП?Апликацијата на плазмата со тромбоцити која е со мезоигли е за кожатат своевидна микротраума која го поттикнува физиолошкиот процес на зараснување. За време на зараснување доаѓаат многу клетки кои заедно со тромбоцитите кои се аплицират придонесуваат кожата на природен начин да се обнови. Тоа се постигнува преку матичнте клетки кои биваат активирани од аплицираните тромбоцити и кои доведуваат до образување на ново колагенско ткиво. Со третманот се стимулираат природните механизми на подмладување и регенерација на кожата, што доведува до создавање на нов колаген. Како резултат на ова кожата станува сјајна, еластична и затегната.
Кои кожни проблеми се решаваат со техниката ПРП?Проблем со опаѓање на косата – има повеќе докази и студии дека ПРП е моќна алатка во борбата со опаѓање на косата. Тој не само што го зајакнува коренот на косата туку и стимулира нов раст на коса . На тој начин помага при проблеми како проретчување на коса , алопеција или тркалезни кружни полиња без коса, лесни и средни облици на машка ќелавост. Оваа техника во последно време се прави неколку дена пред изведување на пресадување на коса за поуспешно да се фатат и преживеат што поголем баој грифтови а со тоа и ефектот од пресадувањето на коса би бил поголем.
Третман на стрии – се корегираат стриите преку исполнување на празнината со нов колаген а тие тие стануваат плитки , тенки и неприметни. Тој е еден од ретките третмани за решавање на овој проблем и е особено успешен кога стриите се црвени и свежо створени.
Третман на лузни од акни – со помош на своите тромбоцити кои стимулираат стварање на нови колаген, фибрин и други елементи, се исполнуваат дупките и лузните од акни на еден природен начин. Оваа стимулациа е иста така многу ефектна во цели на освежување и подмладување на лицето и корекција на ситни и средно изразени брчки.
Ефикасност и безбедностПрвите резултати се видливи после еден до два месеца од третманот, кога по потреба може да се направи и втора процедура. Бидејќи се користат сопствени елементи, тое е единствениот третман кој нема несакани ефекти ниту посебни контраиндикации. Безбеден е да се изведува во која и да е возраст неограничен број пати.
Совететот на експертите, како д-р Анета К. Петрушевска специјалист дерматолот од „Ординација Д-р Анчевски“, е дека за сите видови наброени третмани, при кои се употребува ПРП, од голема важност е да се знае дека таа нема контраиндикација да се комбиира со кој и да е вид третман уште истиот ден. Ефектите се долготрани, бидејќи создадените елементи се од самиот организам и сето тоа е на најприроден можен начин./крај/мф/сд
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Зошто понекогаш е добро да се направи пауза во процесот на слабеење?
Паузите се период кога привремено го прекинувате калорискиот дефицит и преминувате на диета што ја одржува вашата моментална тежина.
Повеќето луѓе кои се обидуваат да ослабат се фокусираат на строги диети и постојан калориски дефицит, надевајќи се на брзи резултати. Сепак, таков пристап често води до замор, губење на мотивација и откажување пред да се постигнат посакуваните цели.
Еден од најефикасните начини за одржување на мотивацијата и постигнување подобри резултати е воведување планирани паузи за време на губењето на тежината. Паузите се период кога привремено го прекинувате калорискиот дефицит и преминувате на диета што ја одржува вашата моментална тежина.
Ова му дава на телото шанса да се одмори, а метаболизмот се стабилизира, додека психолошки се регенерира. Телото не е под стрес и подоцна кога ќе продолжите со планот и програмата, има мотивација.
Паузите исто така помагаат во учењето како правилно да се одржува тежината. Многу луѓе не знаат како да јадат по диетата и често се враќаат на старите навики, што доведува до враќање на изгубената тежина. Кратките, планирани паузи му овозможуваат на телото и навиките постепено да се прилагодат на новата тежина и навиките во исхраната.
Покрај тоа, паузата од ограничувањата го намалува гладот и психолошкиот притисок, што му помага на лицето да се врати на диетата со обновена енергија и дисциплина. Паузите не се знак на слабост или откажување, туку стратешка алатка за долгорочен успех во слабеењето.
Затоа, правењето планирани паузи може да ги подобри и физиолошките и психолошките аспекти на процесот на слабеење, да го олесни постигнувањето на целите и да помогне во одржувањето на посакуваната тежина по завршувањето на диетата.
Забава
Неколку навики додека се туширате секојдневно ви ја уништуваат кожата
При секојдневно туширање, често се јавуваат проблеми со кожата како што се затегнатост, лупење, сивост или иритација, а експертите ги објаснуваат најчестите причини за ова.
Дерматолозите предупредуваат дека најголемите проблеми со кожата не доаѓаат само од силните производи, туку и од мали, повторувачки грешки кои полека ја оштетуваат заштитната бариера. Затоа е клучна правилната нега на кожата.
Експертите тврдат дека најпријатните моменти во туширањето, долгите и топлите, се и најштетни бидејќи водата над 38 степени ги раствора липидите, природните масла што ја одржуваат кожата мека и еластична.
Кога ова се случува секој ден, бариерата се истенчува, губи влага и развива препознатлива комбинација од затегнатост и чувство на „крцкање“.
Кожата потоа изгледа чиста, но е и исцрпена. Експертите советуваат да се користи млака вода, која чисти без да ја наруши природната состојба на телото. После тоа, кожата подобро ја прифаќа грижата, а сувоста на кожата исчезнува речиси преку ноќ.
Дополнително, геловите полни со парфеми, сулфати и засилувачи на пена го прават она што го прави топлата вода, односно отстрануваат повеќе отколку што е потребно. Кога на тоа ќе се додаде и секојдневната употреба на сунѓери кои механички ја тријат кожата, резултатот е потенцијална хронична иритација, која најчесто се гледа на рамената, градите, нозете и подлактиците.
Она што ѝ е потребно на вашата кожа е понежен пристап во форма на поприродни гелови и оние со минимален број состојки, без интензивни мириси.
Исто така, препорачливо е да нанесувате производи за нега на тело во првите 60 секунди по туширањето. Тогаш вашата кожа најбрзо ја губи влажноста.
Кога млекото, лосионот или маслото се нанесуваат додека кожата е влажна, се создава заштитен слој што ја одржува кожата мека во текот на целиот ден.
Дерматолозите велат дека ова е една од најбрзите промени што носи видливи резултати, особено во зима кога воздухот е сув, а кожата е почувствителна од вообичаеното.
Забава
(Видео) Најдобрата вежба за стегнат задник
Како што температурите се намалуваат и тренинзите се префрлаат од парковите во теретаните, фокусот повторно е на докажани вежби за сила и форма.
Главниот фокус, секако, се задникот и нозете. Интернетот е полн со програми за „peachy gluteus“ и силни нозе, но кога ќе се собере сè и ќе се одземе, постои една вежба која постојано се издвојува како кралица на долниот дел од телото – бугарско чучнување.
Повеќето луѓе прво помислуваат на стандардното чучнување или популарниот hip thrust кога сакаат да го активираат задникот. И да, и двата се одлични за вежбање, но не се број 1. Според многу тренери и студии, бугарско чучнување е супериорна вежба кога станува збор за активирање на мускулите на задникот, тетивите и квадрицепсите. Тоа е еднострана вежба која ги таргетира вистинските мускули, а воедно ја подобрува рамнотежата, стабилноста и симетријата на телото.
Бугарско чучнување се изведува со поставување на едното стапало на подигната површина (обично клупа) додека се прави клекнување со другото. Иако изгледа едноставно, оваа вежба брутално ги погодува мускулите и по само неколку повторувања ќе почувствувате како „горат“ – во најдобрата смисла на зборот. Може да се прави со сопствена тежина, тегови или шипка, во зависност од вашето ниво на искуство.
Она што ја издвојува оваа вежба е максималното активирање на глутеусите во долната фаза од движењето и фактот дека ја елиминира можноста посилната нога да ја „преземе“ работата на послабата, што е чест проблем кај класичните чучњеви. Покрај тоа, бидејќи бара рамнотежа и координација, ги вклучува и мускулите на јадрото, па затоа работите со повеќе мускулни групи во една вежба.
Значи, ако сакате да ги обликувате нозете и задникот, а не сакате да поминувате часови во теретана правејќи бесконечни серии, бугарско чучнување треба да биде на врвот на вашата листа. Не е најлесно, но дефинитивно е најефикасна вежба.

