Здравје
Тешко болна активистка за правото на смрт си го одзеде животот
Тешко болна американска активистка за правото на достоинствена смрт, Британи Мајнард, си го одзеде животот, објави портпаролот на здружението за асистиран сиуцид „Compassion and Choices“ во понеделникот.
Тешко болна американска активистка за правото на достоинствена смрт, Британи Мајнард, си го одзеде животот, објави портпаролот на здружението за асистиран сиуцид „Compassion and Choices“ во понеделникот.
На 29-годишната Британи Мајнард во април годинава и’ бил дијагностициран прогресивен облик на тумор на мозокот. Лекарите тогаш и’ даваа шест месеци живот, а пресели во Орегон, една од петте американски сојузни држави којашто дозволува медицински потпомогнато самоубиство.
Во својата последна порака на Facebook таа напишала „Денес е денот кога одлучив достоинствено да умрам соочена со својата фатална болест… со тој страшен рак на мозокот кој ми одзема толку многу, но кој би ми одземал и уште повеќе“.
Нејзиното објавување дека планира да си го одзеде животот предизвика во САД и ширум светот дебати за потпомогнатото самоубиство и Мајнард стана светски позната,/ Видеото поставено на интернет во октомври во кое ја објаснува својата намера е прегледано од 9,5 милиони луѓе.
„Умре во саботата, како што и планираше, мирно, во прегратките на нејзините сакани“, објави здружението „Compassion and Choices“./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Смејте се: се активираат дури 80 мускули во телото и делува како 15-минутен тренинг
Дали се насмеавте денес? Ако не сте, имате изговор да почнете да се смеете без некој да ве гледа чудно.
Имено, на 10-ти јануари го славиме Светскиот ден на смеата – ден посветен на радоста, спонтаноста и поврзаноста меѓу луѓето. Смеата е универзална, но и лична – од заразно кикотење до тивка насмевка – затоа што, исто како и отпечатокот од прст, смеата е единствена и открива многу за нас. Овој ден се слави од 1998 година на иницијатива на индискиот лекар Мадан Катарија.
Но, смеата не е само забава – таа е и многу корисна за нашето здравје.
Научно е докажано дека децата се смеат до триста пати на ден, додека возрасните се смеат само околу дваесет пати. Излегува дека колку старееме, толку повеќе забораваме на кратките моменти на радост. И токму овие моменти можат да ја направат разликата.
По само неколку минути смеење, се намалува нивото на кортизол, хормонот на стресот, кој ја ублажува анксиозноста и помага при опуштање, а го зголемува производството на ендорфин, хормонот на среќата. Исто така го стимулира мозокот и ја подобрува концентрацијата, што може да доведе до подобра меморија.
Смеата согорува калории
Освен што ви го подига расположението, смеењето поттикнува физичка активност – десет минути смеење може да согорите и до четириесет калории. Активира дури 80 мускули во телото, вклучително и 17 на лицето. Неколку минути смеење може да имаат сличен ефект како 15 минути вежбање на собен велосипед.
Смеењето со другите дополнително создава чувство на поврзаност, гради меѓусебна доверба и позитивна слика за себе, што придонесува за поголема самодоверба на долг рок.
Забава
Важно е да прифатите неколку навики ако сакате бргу да изгубите тежина
Метаболизмот одредува колку ефикасно вашето тело согорува калории за енергија, а малите промени во вашата дневна рутина може да направат голема разлика.
Од додавање одредена храна во вашата исхрана до одржување активност, постојат едноставни методи кои може да помогнат во забрзување на вашиот метаболизам. Тренерот и нутриционист Леа Домбровски препорачува ефективни промени, кои е важно да се воведат.
Доволната количина храна го подобрува метаболизмот бидејќи обезбедува телото да има посебна енергија за оптимално функционирање. Кога примате точен број калории, особено од храна богата со хранливи материи, телото избегнува да премине во режим на гладување.
„Главниот виновник за бавниот метаболизам е недоволното внесување храна. На вашето тело му треба гориво за да функционира правилно. Добивањето доволно храна приспособена на вашите потреби е клучно за губење на тежината и за целокупното здравје”, изјави Домбровски за SheFinds.
Секој килограм мускул согорува од шест до десет калории дневно, а мастите согоруваат само две-три калории.
„Тренингот со сила ја менува играта. Кревањето тегови од три до петпати неделно не само што помага во обликувањето на телото туку и го забрзува метаболизмот. Мускулите согоруваат повеќе калории, дури и во мирување“, тврди Домбровски.
Активностите, како одењето, качувањето по скали и истегнувањето, придонесуваат за енергијата што ја согорувате во сè, освен во спиењето и класичното вежбање.
Здравје
Африканските земји погодени од епидемијата на вирусот на мајмунски сипаници се уште чекаат вакцини
Ниту една од африканските земји погодени од актуелната епидемија на новиот вид на вирусот mpox, порано познат како мајмунски сипаници, сè уште не примила ниту една од ветените вакцини, пишува денеска Гардијан, пренесува Танјуг.
Најпогодена од епидемијата на новиот вид клад 1б е Демократска Република Конго, каде од почетокот на годината починале 629 лица, а пријавени се 18.000 случаи, покажуваат податоците на Светската здравствена организација.
Новиот вид е регистриран и во Бурунди, Уганда, Руанда, Кенија, Шведска и Тајланд.
Директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, рече дека првите дози на вакцини треба да пристигнат во Конго за неколку дена, но слични ветувања за донации на вакцини од САД не се реализираа на време.
Кога станува збор за донациите, немаше координирана акција, со тоа што Шпанија вети 500.000 дози, додека Германија и Франција ветија по 100.000, а САД соопштија дека ќе донираат 50.000 дози.
Досега, сепак, ниту едно од тие ветувања не е исполнето.