Контакт

Здравје

Урнат уште еден мит – тестенините не дебелеат

Објавено пред

Ретко се наоѓа некој продукт  што толку се демонизира во разни диети како што е тестенината, но ново истражување покажува дека во вистински околности таа воопшто не дебелее.

dobivaj vesti na viber

Имено, тестото може да помогне во одржувањето на здрава тежина, утврдиле италијанските научници во студијата во која учествувале повеќе од 20 илјади испитаници.Последните години се случува вистинска револуција кога станува збор за храната. Традиционалните „нездрави продукти“, путерот, солта, јајцата, сѐ повеќе „се вадат“ во новите истражувања. Според резултатите на едно истражување, научниците велат дека нема потреба да ја избегнуваме и тестенината.Истражувачите од институтот Неуромед во студијата објавена во магазинот Nutrition&Diabetes појаснија дека тестенината, но само ако е дел од здравата медитеранска исхрана, може дури и да помогне во губењето на килограмите.„Популарно мислење дека тестенината не е добра ако сакате да ослабете и некои луѓе не ја сакаат“, вели Лициа Иаковиело, една од научничките.Та додаде дека тестетнината е основна состојка на медитеранската традиција и нема никаква причина да се избегнува.Во истражувањето биле вклучени нешто повеќе од 14 илјади луѓе од молишкиот регион и нешто помалку од девет илјади од другите делови на Италија.Учесниците биле детално испрашани што јадат, кога и каде јадат и во колкави количини. Биле земени предвид и големината на порциите, висината, тежината, опсегот на половината и колковите на испитаниците.И не само што студијата не покажала никаква врска меѓу тестенината и нездравата тежина, туку токму спротивно, тестенината повеќе ја јаделе оние послабите.„Умерено конзумирање на тестенина во рамки на медитеранскиот начин на прехрана е добро за здравјето. Тоа е порака што произлегува од нашата студија“, рече Иаковиело.Медитеранската исхрана ја сочинува храна богата со сложени јагленохидрати и влакна, како житарки, сирење, маслиново масло, домати, лук и риба. /крај/хн/ст

Извор: Hina



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Најдобрата напивка за слабеење: едноставна и идеална за лето

Објавено пред

Освен што ги топи вишокот масни наслаги во телото, го смирува стомакот и ја намалува надуеноста, па затоа нема причина да не го консумирате секојдневно.

dobivaj vesti na viber

Ако традиционално сте одлучиле да почнете да се храните поздраво и да вежбате повеќе околу два месеци пред летната сезона, или ако сте одлучиле да ослабете среде лето, можеби овој одличен пијалок, за кој експертите тврдат дека е најефикасен во топењето на вишокот масти во телото, ќе ви помогне во тоа.

Потребни состојки:
– 1 литар вода

– 1/2 грејпфрут

– 1 мандарина

– 1 краставица

– 4 до 6 големи листови нане

– мраз

Подготовка:
– Излупете ги и исечете ги грејпфрутот, мандарината и краставицата на парчиња.

– Додадете ги сите состојки во бокал со вода и оставете го во фрижидер.

– Оставете преку ноќ.

– Промешајте го пијалокот наутро и пијте го во текот на денот.

Сите овие состојки имаат свои интересни придобивки: од стабилизирање на нивото на шеќер во крвта, забрзување на согорувањето на калории, намалување на надуеноста до зголемување на чувството на ситост и смирување на желудникот.

Прикажи повеќе...

Забава

Трик за хидратација на кожата што ги излудува жените: ќе се каете што не сте почнале порано

Објавено пред

Заборавете на негата на кожата во десет чекори и сложените рутини кои одземаат повеќе време од вашето утринско кафе.

dobivaj vesti na viber

Нова опсесија за нега на кожата се нарекува „skin flooding“, техника која вклучува нанесување на хидратантни креми во слоеви додека кожата е сè уште влажна, за да се максимизира секоја капка влага и активни состојки.

Концептот е всушност многу едноставен, но многу ефикасен!

Наместо да чекаме лицето да се исуши по миењето, веднаш почнуваме да го хидрираме додека е сè уште влажно, прво со лесен тоник или термална вода, потоа преминуваме на серум со хијалурон или глицерол, и го запечатуваме сè со побогат хидратантен крем што спречува испарување на влагата.

Доколку вашата кожа е екстремно сува или дехидрирана, можете да ја завршите вашата рутина со дополнителен слој масло или балсам за да се осигурате дека она што сте го нанеле претходно ќе остане длабоко во вашата кожа.

Поентата е дека сите производи се нанесуваат еден по друг без чекање, додека кожата е сè уште еластична и отворена за апсорпција, исто како кога растението подобро апсорбира вода од влажна почва.

Овој ефект на „плакнење“ на кожата не само што обезбедува моментално чувство на мекост и свежина, туку на долг рок помага во зајакнување на бариерата на кожата, го враќа сјајот и го прави тенот да изгледа пополн, поздрав и поеластичен. Овој метод е особено корисен во периоди кога кожата изгледа безживотно, затегнато или иритирано – на пример по изложување на сонце, ветер или централно греење.

Најдобриот дел е што ова не бара скапи производи или многу време, туку само промена на пристапот, т.е. користење на производите што веќе ги имаме во нашата рутина малку попаметно. Иако доаѓа од сферата на „Тик-ток“, овој тренд има и своја дерматолошка логика бидејќи се базира на задржување на влагата во кожата, што е основа на здрава, избалансирана и сјајна кожа.

Ако сакате тен кој изгледа одморен, сјаен и свеж без шминка или филтри, овој начин на хидратација лесно може да стане ваш нов омилен ритуал за убавина.

Прикажи повеќе...

Забава

Осум едноставни трика за исхрана, кои го имитираат ефектот на „оземпик“

Објавено пред

Малите промени во вашата исхрана може да ги активираат хормоните за контрола на апетитот и губење на тежината, без да трошите пари на лекови.

dobivaj vesti na viber

Ако не можете или не сакате да набавите „оземпик“ или слични лекови за слабеење, но сакате да ослабите, еден доктор споделува осум едноставни совети, кои може да ги имитираат ефектите на лековите GLP-1, и тоа сосема природно и бесплатно.

Д-р Марија Скурбутакос, предавач на Одделот за семејна и општа медицина на Универзитетот во Торонто и доктор по нутриционизам, неодамна напиша статија за The Conversation, во која објаснува како одредени навики во исхраната може да го стимулираат природното лачење на хормонот GLP-1 (кој го регулира шеќерот во крвта и чувството на ситост), а со тоа да го поттикнат губењето на тежината.

Иако природниот начин трае подолго за да се видат резултати, докторката истакнува дека ваквите промени може да го намалат ризикот од срцеви заболувања за дури 10 % повеќе од лековите како „оземпик“. Покрај тоа, ваквите навики може да помогнат во одржувањето здрава телесна тежина на долг рок.

Еве осум начини како можете да го забрзате губењето на тежината – денес:

1. Јадете заситен појадок

Студија од 2009 година покажа дека телото реагира на храна побргу наутро отколку попладне. Појадокот стимулира побрзо лачење на хормонот GLP-1, што ве прави да се чувствувате сити.

Затоа – никогаш не прескокнувајте го појадокот!

2. Ручекот нека биде помал, а вечерата најмала

Распределбата на калориите во текот на денот игра голема улога. Студија од 2013 година покажа дека жените што јаделе 700 калории за појадок, 500 за ручек и 200 за вечера изгубиле повеќе тежина и имале помал обем на половината од оние што вечерата ја правеле свој најголем оброк.

3. Додајте влакна во секој оброк

Влакната се број еден природен засилувач на хормонот GLP-1. Дури и без ограничување на калориите, исхраната богата со растителни влакна може да ви помогне да ослабите.

Храна богата со растителни влакна:

Зеленчук: брокула, моркови, спанаќ, артичоки, слатки компири (со кора);
Овошје: малини, круши и јаболка (со кора), банани, портокали, авокадо;
Цели зрна: овесна каша, киноа, кафеав ориз, јачмен, леб од цело зрно;
Мешунки: леќа, црн грав, наут, зелен грав;
Јаткасти плодови и семки: чиа, лен, бадеми, ф’стаци, сончоглед;
Препорачано дневно внесување растителни влакна: 25 g за жени, 34 g за мажи.

4. Додајте незаситени масти

Покрај растителните влакна, важни се и мононезаситените масти (т.н. MUFA). Тие помагаат во регулирањето на холестеролот, намалувањето на воспалението и зголемувањето на лачењето на хормонот GLP-1.

Одлични извори вклучуваат: маслиново масло, авокадо, бадеми, лешници, семки од тиква, маслинки, путер од кикиритки.

Се препорачува 15-20 % од вашите дневни калории да доаѓаат од MUFA-масти.

5. Ужина со ф’стаци

Ф’стаците се богати со растителни влакна и здрави масти. Студија од 2014 година покажа дека тие природно го зголемуваат нивото на хормонот GLP-1. Покрај тоа, тие може да помогнат во заштитата на вашиот вид од сина светлина како што стареете.

6. Јадете по следниот редослед: првин протеини, потоа зеленчук, па јаглехидрати

Студиите покажуваат дека јадењето протеини пред јаглехидрати ги зголемува нивоата на GLP-1. Значи, следниот пат кога ќе јадете – првин месо, потоа зеленчук, па тестенини или леб.

7. Изберете цврста храна наместо кашеста или течна

Дури и самото џвакање храна стимулира подобар хормонален одговор. Студија од 2024 година откри дека GLP-1 се зголемува кога јадеме цврст зеленчук за разлика од пире.

Значи – помалку смути, повеќе салати.

8. Јадете бавно

Бавното јадење му овозможува на телото да препознае ситост и да го координира лачењето на хормонот GLP-1. Кога јадеме премногу бргу, честопати јадеме повеќе отколку што ни треба бидејќи чувството на ситост доаѓа доцна.

Продолжете го времетраењето на оброците и ќе се чувствувате сити со помалку храна.

Со воведување на овие осум навики во вашата дневна исхрана можете природно да активирате хормони што го поддржуваат губењето на тежината – без лекови, без стрес и без трошоци, пишува Best Life.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 часа

Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации....

Македонија9 часа

Големиот пожар кој избувна попладнево во близина на Струмица е под контрола

Големиот пожар кој избувна попладнево во близина на Струмица меѓу Градските гробишта и селото Баница и зафати огромна површина и...

Македонија12 часа

Анегелов: Пожарот на Готен не може да загрози ниту едно село

На територијата на целата земја денеска има шест активни пожари, а најтешкиот и најспецифичен е пожарот на планината Готен, на...

Свет12 часа

Најмалку 25 лица загинаа во текот на ноќта во нови напади на израелската армија врз Појасот Газа

Најмалку 25 лица загинаа во текот на ноќта во нови напади на израелската армија врз Појасот Газа, во време кога...

Македонија14 часа

За да помине граница преку ред, на полицајците од ФРОНТЕКС им кажал дека е дипломат, а на нашите полицајци им рекол дека им е колега, уапсени двајца скопјани на Табановце

Вчера на Граничниот премин „Табановце“, на влез во државата, полицијата ги упаси С.С. (59) и Б.А. (55), двајцата од Скопје...

Македонија16 часа

Овој ден буди тага, но ќе се памети и по човечноста и хуманоста, Град Скопје оддаде почит на жертвите од земјотресот

Делегација на Град Скопје предводена од градоначалничката Данела Арсовска, оддаде почит на жртвите од катастрофалниот земјотрес кој пред 62 години...

Uncategorized17 часа

Го онесвестиле удирајќи го со клешти оти се сомневале дека им краде лубеници

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано...

Македонија20 часа

62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје во кој животот го загубија 1.070 лица

Скопје денеска ја одбележува 62. годишнина од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го...

Македонија1 ден

Надлежните се борат со 11 активни пожари: Гори кај Прилеп, Македонски Брод, Штип

Според најновите информации, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор. Од нив, 11 се сѐ...

Македонија1 ден

(Видео) Грета Тунберг по Тетово стигна во Скопје, ќе дискутира за империјализмот и ќе протестира за спас на Дошница

Еко-активистката Грета Тунберг преку видео-обраќање на Инстаграм соопшти дека се наоѓа во Скопје и дека ќе учествува на неколку настани...

Македонија1 ден

Се’ уште се трага по девојчето кое го одвлече Вардар – 29-годишната соселанка се обидувaла да го извлече од водата

Прпиадници на полицијата, армијата, нуркачи, кајакари се во интензивна потрага по 16-годишното девојче од селото Уланици, Градско, кое вчера беше...

Топ1 ден

Влегол на Онкологија и крадел од пациентите – притвор за 60-годишник

Скопското Обвинителство поведе постапка против 60-годишник осомничен за тешка кражба. Кражбата ја извршил на Клиниката за радиотерапија и онкологија, каде...

Македонија1 ден

Мицкоски: Ќе ме прогласат за конзервативен, но за мене создавањето семејство е патриотизам, следната година ќе има поробусна акција од сегашната

Уште поробусна акција за подобрување на демографската слика на земјава најави премиерот Христијан Мицкоски за следната година во споредба се...

Македонија2 дена

Со 130 илјади евра ќе се спасува инвестицијата на Калето од 4,6 милиони евра: од 2026 музеите ќе бидат пуштени во употреба

Стотина сезонски работници од општините Кисела Вода, Бутел, Ѓорче Петров, Аеродром и Гази Баба утрово ја искосија тревата и ги...

Топ2 дена

55-годишен скопјанец пронајден починат во водите на Охридското Езеро

Вчера во 12.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје било забележано...

Македонија2 дена

Коцевски ги отфрла наводите во интерпелацијата: Функцијата ја вршам чесно и одговорно

Функцијата ја вршам чесно и одговорно, со максимално почитување на начелата на транспарентност и отчетност, одговори јавниот обвинител Љупчо Коцевски...

Македонија2 дена

Претседателката на антикорупциската, Татјана Димитровска, поднесе оставка

Кабинетот на претседателот на Собранието информира дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денес до...

Македонија2 дена

Продолжува пoтрагата по 16-годишното девојче, кое потона во реката Вардар

Центарот за управување со кризи извести дека од рано изутрината на самото место се ангажирани припадници на МВР, специјалната единица...

Македонија2 дена

(Фото) Канабис, луксузна облека и цигари запленети на граничните премини – спречен влез на мигранти

Царинските службеници на граничните премини и мобилните царински тимови при Секторот за контрола и истраги во текот на изминатите денови...

Македонија2 дена

Арсовска до Меџити: Тоа е таа насмевка кога успеваш за криминал и за перење 225 милиони евра црни пари ниеден новинар да не ти постави прашање

„Тоа е таа насмевка кога успеваш за криминал и за перење 225 милиони евра црни пари преку дивоградби ниеден новинар...