Контакт

Здравје

Ветувачки резултати од првото тестирање на вакцината против ебола

Објавено пред

Првото тестирање на експерименталната вакцина против ебола спроведено на луѓе покажува дека вакцината е безбедна и дека може да му помогне на имуниот систем да се бори против вирусот.

dobivaj vesti na viber

Вакцината во САД ја примиле 20 волонтери. Никој од нив немал поголеми споредни ефекти и кај сите организмот произвел антитела.

Научниците од американскиот институт за здравје рекоа дека резултатите се „ветувачки“ пренесе Би-Би-Си.

„Кога се во прашање безбедноста и способноста за создавање на соодветен одговор на имунолошкиот систем можеме да го сметаме ова испитување како целосен успех, иако е ова прва фаза на испитувањето“, рече Ентони Фаучи.

Волонтерите се поделени во две групи, од кои едната примала поголема, а другата помала доза, при што во првата биле произведени поголем број антитела. Кај седум лица од првата и две од втората потврдена е реакција на имунолошкиот систем, покажуваат резултатите од истражувањето.

Доколку вакцината е ефикасна, останува нејасно колку долго ќе трае заштитата.

„Доколку епидемијата и натаму трае за шест месеци и доколу тогаш се покаже дека вакцината е ефиканска, може да има многу позитивно влијание на моментната епидемија“, рече Фаучи и додаде дека долгорочна цел е да се направи вакција која ќе може да спречи епидемии во иднина.

Моментно се врши испитување на четири вакцини против ебола.

Вакцината која се тестира во САД е бивалентна, насочена кон заштита од врстата на вирусот кој е раширен во Судан и Заир. Тестирањата на моновалнета вакцина против заирсскиот вирус се вршат во Осфорд, во Мали и во Швајцарија. /крај/мф/ап

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Има 51 година и супер обликувано тело: поранешната членка на „Спајс грлс“ изгледа брутално во бикини

Објавено пред

Пејачката Мелани Џејн Чисом, попозната како Мел Си, поранешна членка на популарната група „Спајс Грлс“, ја воодушеви јавноста со својата неверојатна фигура во зелено бикини додека шеташе покрај плажата во Сиднеј.

dobivaj vesti na viber

Таа носеше дводелен костим за капење и го покажа своето извајано и затегнато, мускулесто тело, а погледите на сите присутни ги маѓепсаа нејзините прекрасни стомачни мускули.

Речиси е невозможно да се поверува дека има 51 година, бидејќи благодарение на редовните и напорни тренинзи, таа постигна фигура на која можат да и позавидат и оние двојно помлади од неа.

Внимание привлекоа и нејзините тетоважи и мазна, негувана кожа без грам целулит, а на овој топол ден друштво и правеше партнерот Крис Динвол со кој е во врска од минатата година.

Прикажи повеќе...

Забава

Витамин Ц или витамин Е: кој антиоксидант е најдобар за вашата кожа

Објавено пред

Се чини дека постојано се бараат чудесни комбинации што го забавуваат стареењето, го изедначуваат тенот и ги бришат несовршеностите.

dobivaj vesti na viber

Сепак, две антиоксидантни ѕвезди остануваат неоспорни во светот на негата на кожата – витаминот Ц и витаминот Е.

И двете состојки се омилени меѓу ентузијастите за убавина и кај дерматолозите, а нивното присуство во козметичките формули обезбедува многубројни придобивки.

Витамин Ц: блескав сојузник на вашата кожа

Од суштинско значење во борбата за сјајна кожа витаминот Ц (аскорбинска киселина) е моќен антиоксидант познат по:

  • Го изедначува тенот: помага во намалувањето на темните дамки и хиперпигментацијата правејќи ја кожата посветла и посвежа;
  • Го стимулира производството на колаген: обезбедува цврстина и еластичност намалувајќи ја појавата на фини линии и брчки;
  • Заштитува од фотостареење: кога се користи наутро, во комбинација со заштитен фактор, ја зголемува заштитата на кожата од УВ-оштетување и од слободните радикали;
  • Сепак, витаминот Ц може да ја иритира чувствителната кожа, особено во високи концентрации. Затоа, препорачливо е да се почне со помали проценти и постепено да се зголемува дозата;
  • Исто така, избегнувајте да го комбинирате со ретинол или АХА-киселини за да избегнете потенцијална иритација.

Витамин Е: хидратантен штит на кожата

Витаминот Е (токоферол) е липосолубилен антиоксидант познат по својата способност:

  • Длабоко хидрира: ја заклучува влагата во кожата спречувајќи дехидрација;
  • Ја зајакнува заштитната бариера: создава заштитен слој на површината на кожата спречувајќи губење вода и пенетрација на надразнувачи;
  • Го намалува воспалението: ги смирува црвенилото и иритацијата, идеален за сува и чувствителна кожа;
  • Заштитува од оксидативен стрес: ги неутрализира слободните радикали предизвикани од УВ-зрачењето и од загадувањето;
  • Она што го прави витаминот Е уште поефикасен е неговата способност да ги подобри стабилноста и ефикасноста на другите антиоксиданти, особено кога се комбинираат со витамин Ц.

Дуо од соништата: комбинација од витамини Ц и Е

За максимална заштита и сјајна кожа експертите препорачуваат комбинирана употреба на двата витамина.

Кога се користи заедно, витаминот Е го стабилизира витаминот Ц овозможувајќи му да работи поефективно и ја подобрува заштитата од оштетување од УВ.

Идеалната комбинација содржи 15 % витамин Ц и 1 % витамин Е, кој обезбедува оптимална антиоксидантна моќ и видливо го подобрува изгледот на кожата.

Кој витамин е најдобар за вас?

  • Ако имате проблеми со хиперпигментација, безживотна кожа или знаци на стареење – витаминот Ц е вашиот сојузник;
  • Ако имате сува или чувствителна кожа, склона кон иритација – витаминот Е е вистинскиот избор;
  • Ако сакате сеопфатна нега и заштита – користете ги двата витамина заедно за максимален ефект.

Совети за правилна употреба:

  • Почнете полека: постепено внесувајте витамини за да избегнете иритација;
  • Нанесете наутро: идеално време за витамини Ц и Е е по чистењето на лицето, пред да нанесете заштитен фактор;
  • Секогаш користете крем за сончање: витаминот Ц може да ја зголеми чувствителноста на кожата на сонце, така што дневниот заштитен фактор е задолжителен чекор;
  • Изборот помеѓу витамин Ц и витамин Е зависи од вашите специфични потреби и од типот на кожата. Сепак, комбинираната употреба на овие моќни антиоксиданти дава најдобри резултати обезбедувајќи ѝ на кожата сјај, цврстина и долготрајна заштита;
  • Инвестирајте во квалитетни серуми и дозволете вашата кожа да блесне во полн сјај!
Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Кората од ова овошје го нарекуваат природен ботокс: дали е навистина така

Објавено пред

Убаво и негувано лице е целта на секоја жена која се грижи за себе, а многу често сме во дилема како треба да се однесуваме кон него, кои производи да ги користиме, а кои не вредат.

dobivaj vesti na viber

Фактот дека брчките е невозможно да се избегнат загрижува многумина, но секако дека постојат начини да ги забавите.

Покрај скапите производи што ги користат многу жени, на „Тик ток“ стануваат вирални видеата со природен трик за успорување на брчките.

@yourmategingerkate 🍌🍌🍌🍌🍌🍌🍌🍌🍌 #naturalskincare #skincare #antiaging #antiagingskincare ♬ original sound – Kate 👩🏻‍🦰

Иако се се повирални видеата со ова овошје, дерматолозите објаснија дека нема докази дека кората од банана делува на брчките.

„Нема научни докази кои сугерираат дека триењето на кората од банана на кожата може да помогне при брчки, темни кругови или воспаление“, вели д-р Тејлор Булок од Клиниката во Кливленд.

Бананите можат да бидат ефикасни во негата на лицето благодарение на антиоксидансите кои ги содржат, но тешко дека ќе забележите ефект во однос на намалување на брчките. Иако, не ве чини ништо да се обидете.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

Христос воскресе објавено во полноќните литургии, црквите преполни со верници

Православните верници денеска го одбележуваат најголемиот христијански празник – Велигден, денот на Христовото воскресение, кога, според верата, Исус Христос ја...

Македонија22 минути

Сончево и топло низ целата земја, температури до 27 степени

По нестабилностите од претходните денови, денес ќе има стабилизација на времето во целата држава. Ќе биде сончево и топло, со...

Свет13 часа

За Зеленски велигденското примирје на Путин е нова манипулација

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази скептицизам во врска со едностраниот велигденски прекин на огнот, објавен денеска од рускиот претседател Владимир Путин. Во...

Свет15 часа

Путин објави велигденско примирје

Рускиот претседател Владимир Путин објави велигденско примирје и запирање на сите воени операции, соопшти Кремљ. – Руската страна, водејќи се...

Македонија17 часа

Родителите на децата загинати во пожарот во Кочани: Живееме за да одиме на гробишта, да си помуабетиме со нашите деца

Обвинители, дали нашиот молк, тишината и тагата по нашите деца, кои се убиени, ви даде право да ослободите лица кои...

Топ18 часа

Деветнаесетгодишно момче загина откако со БМВ излета од пат

Момче на 19-годишна возраст од село Миравци, загина утрово околу четири часот кога со автомобил БМВ, што го управувало, излетало...

Топ20 часа

МВР го објави идентитетот на загинатите во тешката сообраќајка

На 18.04.2025 во 20.40 часот во ОВР Кичево e пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај место викано „Сеферов бунар“,...

Македонија22 часа

Тошковски: Голема неприлагодена брзина е причината за сообраќајката во која загинаа три лица

Голема неприлагодена брзина е причината за трагедијата која вчера се случи на патот Кичево-Гостивар, а во која загинаа три лица....

Македонија23 часа

Со протестен марш на семејствата, ќе се бара правда за настраданите во пожарот во Кочани

Во Кочани за денеска во 12:05 часот е најавен нов протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката...

Топ1 ден

Три лица загинаа, а осум се повредени во сообраќајната несреќа на патниот правец Кичево-Гостивар

Три лица загинаа, а осум се повредени во сообраќајната несреќа што вчера вечерта се случи на патниот правец Кичево-Гостивар. Од...

Македонија2 дена

Велигден е тука, но нашите деца ги нема, не прашува ли некој нас како ги минуваме деновите, пишува Златкова, мајка на загинато момче во дискотеката во Кочани

Велигден е тука, но нашите деца ги нема. Престанаа да им чукаат срцата, ги закопавме во црната земја. Некои биле...

Топ2 дена

Одземени возила: биле користени во „диви“ трки во Куманово

На 16.04. и 17.04.2025 во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје се одвиваат диви трки со...

Македонија2 дена

Синдикатот на културата разочаран од Љутков: вработените останаа без плата за најголемиот христијански празник

Секој март од 2021 па наваму, кога се коригира минималната плата и кога платите во културата треба да се усогласат...

Македонија2 дена

Наместо куќен притвор, мерки на претпазливост за двајца поранешни инспектори на ДПИ, иста мерка и за лице од дискотеката

Основното јавно обвинителство Кочани, постапувајќи во предметот во врска со пожарот во кабаре клуб “Пулс”, до Основниот суд во Кочани...

Топ2 дена

Се задушил од запалена плинска боца: пронајден починат маж во Кавадарци

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека пожар во урбана средина бил трагичен за повозрасно лице во Кавадарци. Од...

Македонија2 дена

Историја без Албанци-Новата програма за седмо одделение ги исклучува од учебниците, реагираат од ДУИ

Новата програма на Бирото за развој на образованието при Министерството за образование и наука за предметот „Историја и општество“ за...

Македонија2 дена

(Видео) Автомобил влече врзан коњ низ Скопје: полицијата го идентификуваше возачот

МВР го идентификуваше возачот на автомобилот кој влечеше врзан коњ во Скопје по вчерашното видео на кое реагираа граѓаните. Во...

Економија2 дена

Владата озаконува паушални фактури за струја, граѓаните не смеат да бидат жртви, апелираат Инженери на Македонија

Инженери на Република Македонија (ИРМ), денеска упати апел до пратениците и Министерството за енергетика за да ги отстранат како што...

Македонија2 дена

Маркетите од денеска со нова обврска: ќе треба јавно да ги објават цените на производите

Трговците се должни од денеска да ги објавуваат продажните цени на производите на нивните официјални веб страници. Министерството за економија...

Свет2 дена

Трамп ѝ се закани на Кина со царини до 245 проценти; Кина: Бесмислена игра со броеви, одиме до крај

Кина ги отфрли најновите најави за зголемување на американските царини, нарекувајќи ги заканите на администрацијата на Доналд Трамп „бесмислена игра...