Спорт
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
Американската УФЦ-ѕвезда, Џастин Гетџи, вели дека мајка му ќе може да престане да оди на работа по неговиот саботен мегамеч против Хабиб Нурмагомедов на УФЦ 254 бидејќи тој ќе заработи доволно за да си ја осигури иднината.
Се очекува Гетџи да заработи над 3 милиони долари, без разлика дали ќе успее да го победи шампионот во лесна категорија, Нурмагомедов на Островот на борбите во Абу Даби. Неговата мајка Каролина, која по потекло е Мексиканка, работи во пошта.
„Моите родители никогаш не летале надвор од САД, а сега пристигнаа со бизнис-класа. Мојот татко Џон се пензионира пред неколку години откако 37 години работеше во рудник за бакар. А мојата мајка ќе оди во пензија по овој меч. Кога ќе почне мечот, тоа ѕвонче на почетокот ќе осигури таа да може да се пензионира по 35 години работа. Сите пари што ги заработуваа одеа кај мене и кај моите браќа и мојата сестра за да добиеме шанса“, вели Гетџи.
Американецот има скромно потекло од Сафорд, Аризона, каде што израсна со својата сестра и братот близнак и признава дека не било лесно.
„Живеевме на два часа од кој било град. Кога одевме да купуваме алишта за училиште, беше како празник за нас бидејќи возевме два-три часа. Знам колку финансиски им тежеше тоа и нема подобро чувство од тоа да си способен да го вратиш тоа“, вели Гетџи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јана Атанасовска испишува историја како прва Македонка во алпско скијање на Светскиот скијачки куп
18-годишната Јана ќе ја претставува Македонија на ФИС Светскиот скијачки куп во Леви, Финска
На само 18 години Јана Атанасовска испишува историја како првата Македонка што ќе се натпреварува во алпско скијање на ФИС Светскиот скијачки куп. Јана ќе го претстави знамето на Македонија во дисциплината слалом на утрешната трка со почеток во 11 часот. Овој настап претставува огромен успех и достигнување не само за Јана туку и за македонскиот спорт поставувајќи нови стандарди и инспирација за идните генерации.
Јана Атанасовска, која со својата посветеност, истрајност и талент успеа да го достигне светскиот врв, тренира интензивно и со голема посветеност изминатите години, а нејзиниот успех претставува одличен пример за сите млади спортисти. Во својата кариера Јана се истакна со многубројни успеси на регионални и меѓународни натпревари, а сега таа ќе се натпреварува рамо до рамо со најдобрите светски скијачки, меѓу кои и најдобрата скијачка на сите времиња – Микаела Шифрин. Јана, заедно со своите тренери Александар Атанасовски-Чаве, кој е и нејзин татко, и Игор Загерник, се наоѓа во Леви, Финска, подготвена за своето историско деби на ФИС Светскиот скијачки куп.
ФИС Светскиот скијачки куп во Леви, Финска, е еден од најочекуваните настани во алпското скијање, особено познат по натпреварите во дисциплината слалом. Традиционално, трките се одржуваат во ноември, со учество на светската елита во машка и женска категорија. Леви е првата слаломска трка во сезоната на ФИС Светскиот куп во алпско скијање и означува официјално отворање на натпреварите.
Скијачката федерација на Македонија со гордост ја поддржува Јана и ѝ посакува многу успех во остварувањето на нејзините цели и соништа.
Спорт
(Видео) Ферстапен сака да го прескокне претсезонското шоу
На Макс Ферстапен не му се допаѓа насоката по која оди Формула 1.
Светскиот шампион треба да учествува во февруари во Лондон, на претсезонското шоу кое ја најавува новата сезона.
Во О2 Арената се очекува да бидат присутни голем број ѕвезди и фанови на Ф1.
“Што е F1 75? Што е тоа? Се надевам дека ќе бидам болен таа недела”, рекол Холанѓанецот.
Од ФИА најавија дека ќе бидат присутни сите 20 возачи, како и десет тимски шефови, како и специјални ѕвезди на вечерта.
Продажбата на билетите започнува во петок, а пуштени се вкупно 20.000 билети.
Инаку, настанот се одржува на само неколку дена пред почетокот на зимските тестови на 25-27 февруари на патеката Шакир во Бахреин.
Првата гран-при трка во сезоната 2025 година ќе се вози на 16 март во Мелбурн.
Max Verstappen if he is excited about F1 75?
"What is that???" I am hope I am sick that week" 😭😭😭 pic.twitter.com/QtBYngz0K9
— Laura 🦋 (@formuLau16) November 13, 2024
Спорт
Времето на Анчелоти во Реал полека истекува, Флорентино Перез знае кој ќе го замени
Поранешниот шпански фудбалер и тренер на Баер Леверкузен, Чаби Алосно, веројатно наредното лето ќе го преземе Реал Мадрид, пренесува познатиот германски новинар Флоријан Петерберг.
Поранешниот шпански репрезентативец и минатата сезона се поврзуваше со Реал, но се чини дека претстојното лето е идеално време за враќање во клубот во кој настапуваше на почетокот на минатата деценија.
И покрај тоа што само крајот на сезоната ќе даде појасна слика за резултатите на Анелоти, убедливите порази од Барселона и Милан фрлија дамка врз се она што тој досега направи за Реал.
Интересно, по спектакуларната сезона во која со Баер ја освои двијната круна во Германија, оваа ниту на Алонсо не му оди најдобро. Во Бундес лигата со скор од четири победи, пет нерешени и еден пораз Баер вече има девет бода помалку од лидерот Баерн, а во Лигата на шампионите има две победи, реми и пораз.
⤵️ Xabi #Alonso X @realmadrid ✔️🇪🇸 https://t.co/dKML6KpKZD
— Florian Plettenberg (@Plettigoal) November 15, 2024