Црна хроника
Украдени дваесетина икони од три цркви во струшко
Непознати сторители ноќеска извршиле грабеж во уште три цркви во села од струшкиот атар, притоа одземајќи вредни стари икони, информираат од СВР Охрид
Истрагата досега покажала дека ограбени се двете цркви во селото селото Јабланица и една црква во селото Безево.Притоа од црквите „Света Богородица“ и „Свети Мартинија“ во Јабланица се украдени седум и пет икони, додека од црквата „Свети великомаченик Димитрија“ од Безево, пет икони. Провалниците украле и помала сума париКако што соопшти МВР меѓу украдените инони се наоѓа и осбено вреднат што ја изработил познатиот зограф Дичо околу 1824 г.Полицијата постети дека неодамна во струшко беа ограбени и црквите „Свети Архангел Михаил“ во и црквата „Света Богородица“ во селото Долна Белица.На 6-ти септември „Свети Архангел Михаил“ во Ташмаруништа беше отркиено дека се украдени девет икони и две позлатени царски двери. Полицијата претпоставува дека кражбата се случила во периодот од 30 август до 5-ти септември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.