Црна хроника
Банда дивеела низ Кочани
Неколкумина насилници во петокот по полноќ правела инциденти низ Кочани,претепувајќи повеќе лица и кршејќи низ локaлните кафетерии
Насилниците кои кочанската полиција ги идентификувала по прекарите Момчо, Цингел, Дуло, ЈАјце, Гано, Ш’шки, Пеанчо и Белио, во кафетеријата „Фама“ нападнале 35-годишен маж, нанесувајќи му тешки телеснни повреди, поради што е задржан на лекување во кочанскиот Медицински центар. Потоа групата влегла во локалот „Нокс“ каде го скршиле лап-топот, шанкот и неклолку маси и столчиња, а потоа со пивско шѓише во главата го удриле сопственикот на кафетеријата.По демолирањето, насилниците својот поход го продолжиле во кафулето „Манус“, јаде физички нападнале 19-годишна девојка која полесно ја повредиле. На крајот од своето дивеење, пред кафеаната „Два другара“ начекале 28-годишен сограѓанин, кого го претепале удирајќи го со тупаници и клоци, од што тој добил сериозни повреди. Од кочанската полиција велат дека по примените пријави, преземаат дејствија за приведување и расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дваесет и тригодишен скопјанец најден починат во домот во Гази Баба
Вчера на подрачјето на Гази Баба, во неговиот дом бил пронајден починат В.М.(23).
Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од полицијата, а по насоки на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Тешко повредена струмичанка во сообраќајна несреќа на патот Валандово – Струмица
Денеска, околу 00.25 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Валандово – Струмица, на место викано „Валандовско брдо“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот К.Т. од Гевгелија и патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 30-годишната С.Д. од Струмица, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., а со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Медицински центар Гевгелија, додаваат од МВР.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
Тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник во полициските станици во текот на вчерашниот ден.
На 25.04.2024 во 19.20 часот во Полициската станица Центар, Л.Ш.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Вардарска“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 25.04.2024 во 12.00 во Полициското одделение Мирковци, Р.Г.(38) од Скопје пријавил дека во близина на обиколницата Скопје, бил каснат од куче скитник.
На 25.04.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Карпош, К.С.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„Милан Марковиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.