Црна хроника
ОН: Хероинот од Авганистан во Европа минува низ Македонија
Македонија се наоѓа на транзитната маршрута по која хероинот од Авганистан се префрлува во Западна Европа, се наведува во извештајот на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ), објавен во Њујорк
Балканските држави во извештајот се споменуваат и како место од кое се шверцуваат жени, што главо се занимаваат со проституција во централна и западна Европа, а се проценува дека околу 140 илјади жени во Европа се во рацете на организираните криминални групи, кои се занимаваат со трговија со луѓе.Инаку УНОДЦ нагласува дека организираниот криминал станал глобална појава трансформирајќи се во една од најголемите економски и оружени сили.На криминалните групи, кои се занимаваат со шверц на дрога, луѓе, оружје, природни добра и фалсификати на луксузни производи треба да се гледа како на голема сила која се заканува да ја загрози стабилноста, па дури и суверенитетот на некои посиромашни држави, оцени Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.