Црна хроника
Кривични пријави за раководството на РЕК Битола
Битолската полиција поднесе кривични пријави против раководството на комбинатот во РЕК Битола за злоупотреба на службената положба и овластувања, соопшти МВР
Дванаесетмината раководители пред две години потпишувале фактури за правни лица за работна рака и работни часови за услуги од надворешни извршители, со што го надминале износот кој бил предвиден.Директорот на подружница РЕК Битола – Новаци заедно со поранешниот технички директор и другите пријавени лица потпишале 72 фактури од различни фирми во вкупен износ од повеќе од 7 милиони евра, а за услуги од работна рака за ремонт на постројки во термоелектраната Битола биле предвидени околу 3 милиони евра.Исто така, двајцата пријавени потпишале 86 фактури од правни лица кои се однесувале на работна рака за услуги од надворешни извршители спротивно на определениот број на извршители и работни часови. Со тоа вработиле поголем број на работници со повеќе работни часови.Во криминалот им помагале останатите пријавени, меѓу кои бил помошникот директор за комерција при РЕК Битола, самостоен референт во комерција и други лица кои ја злоупотребиле службената должност. Заедно потпишале вкупно 880 фактури.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.