Црна хроника
Тепачка на бокс меч на улицата „Че Ге Вара” во Скопје
Тепачка на бокс меч на улицата Че Ге Вара во Скопје
Во Скопје на ул.„Че Ге Вара“ во ОУ„Браќа Рамиз и Хамид“ за време на боксерскиот меч помеѓу БК „Тернипе“ и БК„Чаир“ од Скопје се случила жестока тепачка. Откако бокс мечот бил прекинат од делегатот за да се направела смена на боксери, еден од навивачите на БК„Чаир“ заедно со двајца тренери од клубот реагирале кај делегатот. Навивачот почнал да ги навредува присутните навивачи на натпреварот, со што настанала турканица помеѓу навивачите, кои фрлале со столчиња помеѓу себе и физички се пресметале , а потоа со физичката пресметка продолжиле и во дворот. Во тепачката навивачите оштетиле два автомобили. За да ги смири тепани полицаец од службениот пиштол испукал два куршуми во воздух. Поради здобиени повреди во тепачката во Градската општа болница во Скопје лекарска помош побарале лицата Ј. Б., М.Ј., Б.Ј., Д. Б., кои потоа биле пуштени на домашно лекување.Полицијата од Чаир превзема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против учесниците ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.