Црна хроника
Еден загинат и петмина повредени во сообраќајката на патот Охрид – Кичево
Педесет и осумгодишниот Јордан С. од селото Годивје загина, тројца патници се тешко повредени, а двајца полесно повреден во тешката сообраќајна несреќа што се случи во саботата попладне околу 16.20 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево, соопштува СВР Охрид.
Двајца од тешко повредени се на возраст од 64 години од Струга, а третиот е охриѓанец и има 54 години. Две момчиња на возраст од 24 години од Охрид се полесно повредени.
Сообраќајната незгода се случила во момент кога возачот на патничко моторно возило марка „Алфа Ромео“ со охридски регистарски таблици, движејќи се од Кичево према Охрид, од засега неутврдени причини изгубил контрола над возилото кое потоа се занесло по коловозот по што со бочната десна страна удрило во предниот дел од патничкото моторно возило марка „Сеат Кордоба“ со охридски регистарски таблици.
Ова возило се движело во правец од Охрид кон Кичево а било управувано од загинатиот Јордан С.
Тешко повредените кои биле сопатници во возилото „Сеат Кордоба“ како и полесно повредените кои биле во возилото „Алфа Ромео“ со брза помош се префрлени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
На местото на тешката сообраќајна незгода извршен е увид во присуство на јавен обвинител од основниот суд во Охрид како и полициски екипи од охридската полициска станица за безбедност во патниот сообраќај. За време на увидот, се вршеше наизменично пропуштање на моторните возила, а запрени беа тешките товарни возила и автобусите./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.