Контакт

Црна хроника

Фатени двајца арамии

Објавено пред

– фото илустрација

dobivaj vesti na viber

Деветнаесет годишен скопјанец, како и едно малолетно лице заработија кривични пријави за кражби.

Деветнаесет годишен скопјанец, како и едно малолетно лице заработија кривични пријави за кражби.

СВР-Скопје поднесе кривична пријава против Ш.Г. (19) и едно малолетно лице на возраст од 16 години од Скопје поради основано сомнение дека Ш.Г. извршил пет кривични дела од кои едно кривично дело “одземање на моторно возило“ и четири кривични дела “тешки кражби“, а додека второтопријавено лице извршило три кривични дела “тешки кражби“. Од страна на Судија на претходна постапка на Ш.Г. одредена му е мерка  притвор во траење од осум дена. Имено, првопријавениот Ш.Г. на 05-ти минатиот месец во точно неутврдено време на ул. “Скупи“ поточно во близина на болницата Бардовци, извршил одземање на ПМВ марка “Југо Темпо“, на тој начин што со употреба на погоден предмет (клуч или калауз) ја отворил заклучената врата од паркираното возило, влегол внатре, насилно ги откорнал жиците од контакт бравата и со нивно спојување го ставил возилото во погон при што неприметен од никого го напуштил местото на настанот. После поминати одреден број на километри, одземеното возило го паркирал во атарот на с.Злокуќани во непосредна близина на пешачкиот мост кај река Вардар и пред да го напушти возилото го одзел акумулаторот и една кутија со алати. Алатите ги продал на непознато лице, а акумулаторот го продал во отпад, додека добиените пари ги потрошил за свои потреби.Останатите три кривични дела тешки кражби ги извршил заедно со малолетното лице  во периодот од 28.12.2015 година до 02.02. годинава во различен временски период на подрачјето на Карпош. Првите две кривични дела тешка кражба ги извршиле на идентичен начин во празни деловни простории на ул „Црвена Армија“, на тој начин што со употреба на сила ја отвориле влезната врата, влегле внатре и со употреба на погоден алат ја исекле доводната и одводната инсталација при што одзеле четири радијатори и по истиот пат од кај што влегле заедно со украдените предмети го напуштиле местото на настанот. Радијаторите со такси возило ги однеле во отпад каде што ги продале за сума од околу 2800 денари.На 02.02.2016 година околу 15,00 часот, Ш.Г и малолетното лице извршиле тешка кражба во куќа лоцирана на ул.„Скупи“, каде што ја прескокнале оградата, влегле во дворот по што се качиле на летната тераса од каде што одзеле едно плинско решо, и две плински боци по што го напуштиле местото на настанот. Наредниот ден украдените предмети ги однеле на пазарот за стари работи „Под Кале“ каде ги продале на непознати купувачи за сума од 3.000 денари, а добиените пари ги потрошле за свои лични потреби.Во  ПС ОН Карпош билe извршени разговори со пријавениот Ш.Г. и малолетното лице во присуство на родител при што истите ги признале и појасниле начинот на извршувањето на кривичните дела. Дел од украдените предмети со потврда се одземени и вратени на оштетените.Инаку Ш.Г. е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти, потоа кривични дела против половата слобода и половиот морал и кривични дела против општата сигурност на луѓето и имотот за што од страна на СВР Скопје во временскиот период од 2013  до 2015 година поднесени му биле 23 кривични пријави. Малолетното лице исто така е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти и кривични дела против општата сигурност на луѓето и имотот за што од страна на СВР Скопје во текот на минатата година му биле поднесени 12 кривични пријави. /крај/со/ст

Извор: МВР



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Објавено пред

Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.

dobivaj vesti na viber

Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра

Објавено пред

Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.

dobivaj vesti na viber

„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Демолиран изборен штаб во Конче

Објавено пред

Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.

dobivaj vesti na viber

Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет15 часа

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија17 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија18 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ20 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија21 час

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет22 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет23 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија23 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет23 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион24 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет24 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија1 ден

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија1 ден

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија1 ден

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија2 дена

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија2 дена

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ2 дена

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија2 дена

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија2 дена

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија2 дена

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...