Црна хроника
Ќе се прави нова ДНК анализа за случајот Дениса Маркоска
Институтот за судска медицина ќе прави нова ДНК анализа или обдукција на телото за коешто грчките органи тврдат дека е на прилепчанката Дениса Маркоска, која мистериозно исчезна на 12-ти септември кај Карпатос, во водите на Егејското Море.
Професорот Алексеј Дума потврдува дека добил одобрување од Министерот за здравство, Никола Тодоров, да се изврши нова ДНК анализа на телото. Тој им дал овластување да постапат по барање на семејството и да направат сé што е во доменот на Институтот за судска медицина.
„Согласно член 275 од Законот за здравствена заштита, ќе се изврши судско-медицинска обдукција на Институтот за судска медицина во Скопје. Министерството за здравство стапи во контакт со семејството и го извести за истото“ соопштуваат од министерството за здравство.
Ова следува откако од Судска медицина рекоа дека не можат да го отпечатат ковчегот без присуство на надлежен орган, а сите институции, обвинителството, санитарниот инспекторат… се прегласија за ненадлежни и немаше кој да протолкува како да се излезе од правниот лавиринт. Семејството, пак, во очај го чека телото на својата ќерка и бара уште една ДНК анализа, која ќе им го тргне секој сомнеж дека телото е на нивната ќерка.Телото најверојатно ќе стигне во Скопје во среда и веднаш ќе биде однесено на Институтот за судска медицина. Транспортот е во тек, а за да стигне телото од Родос до Скопје требаат 22 часа. Дениса исчезна од бродот „Серинисима“ на кој што работела, на 12-ти септември, додека бродот пловел во водите на Егејското море. Грчките власти почнаа потрага по девојката, која заврши на 4-ти октомври кога беше најдено женско тело во водите на Егејското Море. ДНК анализата којашто ја направија грчките власти била 99,9 отсто сигурна дека пронајденото тело е телото на девојката, но семејството се сомнева и во анализата и во истрагата на грчките органи./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.