Црна хроника
Коха: Ослободени Алил Демири и Африм Исмаиловиќ во Косово
Кривичниот суд од Приштина ги ослободил од затвор двајцата првообвинети и осудени во случајот „Монструм“, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои во Косово издржуваат казна затвор во Косово за нелегално поседување на оружје, јавува весникот на албански јазик Koha.
Според весникот, кој се повикува на изјава на адвокатот на обвинетите Бесник Бериша, конечната одлука за ослободување е донесена еден пред завршувањето на казната затвор во траење од две ипол години во косовскиот затвор Дубрава, за нелегално поседување на оружје.Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се осудени на доживотна казна затвор за убиството на четирите момчиња и рибарот и според Судот тие се едни од извршителите на убиството. По откривањето на сторителите, Африм и Алил во Косово беа осудени на две ипол годишна казна затвор за нелегално поседување на оружје.Од Министерството за правда немаат одговор до каде е екстрадицијата на осудените во Монструм и бараат новинарите да им пратат и мејл со прашања за да им одговорат дополнително./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.