Црна хроника
МВР: Поднесена кривична пријава против 14 судии и против 11 судски службеници
Основното јавно обвинителство Скопје во рамки на акцијата „Јустиција“ поднесе кривична пријава против 14 судии од Одделението за прекршоци во Основен суд Скопје 1 и против 11 судски службеници од истиот Суд осомничени за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Ова во среда на прес конференција го соопшти министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, при тоа додавајќи дека приведените со неизвршување на службената должност нанеле штета на Буџетот од 1.308.515 евра за ненаплатена, а пресудена глоба, како и 3.773.500 денари за ненаплатен, а претходно пресуден паушал.
Имено, пријавените лица во својство на судечки судии кои ги воделе прекршочните постапки, во договор и со посредство на судските службеници кои работеле во истото Одделение, ги воделе судските постапки без притоа обвинетите да се појавуваат на рочиштата, односно со констатација дека истите се недостапни за судот, а се со намера да помине подолг временски период и да се оддолжи постапката.
Најчесто, по одржување на последното рочиште, судијата во законски предвидениот рок, а понекогаш и по истекот на тој рок, носел осудителна пресуда и изрекувал санкција во глоба и мерка забрана, а во месечниот извештај го прикажувал предметот како казнив и пресуден. Меѓутоа, наместо да ја верификува и експедитира пресудата во прекршочната писарница, со што истата би станала правосилна по предвидениот рок за жалба, а подоцна и извршна, а со тоа би се наплатила и санкцијата од обвинетиот, за сметка на буџетот на Р.Македонија, судијата, вака донесената пресуда ја чувал кај себе подолг временски период, односно до периодот после застарување на делото. Откако истото ќе застарело ја верификувал и доставувал во писарницата.
Исто така судските службеници примерок од пресудата по налог на судиите, доставувале само до подносителот на пријавата, а не и до обвинетиот. Вака доставената пресуда, по нејзиното застарување, со потпис на судијата на соодветно изготвен штембил неспоменат во судскиот Деловник чиј текст гласи: ”Согласно чл.42 ст.7 од Законот за Прекршоци, „СЕ ЗАПИРА“ прекршочната постапка према обвинетиот, поради застареност на прекршочното гонење”, а на самиот штенбил има и дата и потпис на судија со која дата и потпис предметот се архивира без да се извести подносителот за истото.
Во рамки на акцијата, во среда 24 лица се приведени и изнесени пред надлежен јавен обвинител, а во моментов сè уште се трага по уште еден судија. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредена жена во Охрид, разбојник ја турнал и ја ограбил
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36-годишниот Д.М. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба на дрзок начин“, извести СВР Охрид.
„Тој, на 28.03.2024 на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид турнал 84-годишна жена од Охрид и ѝ одзел чанта со пари и лични документи. Притоа, таа паднала и се здобила со тешки телесни повреди. Исто така, пријавениот на улица „Богомолска“ на сличен начин од 65 – годишна жена одзел чанта со пари и лични документи“, соопшти СВР Охрид.
Црна хроника
Физичка пресметка меѓу охриѓанки: по кавга меѓу две деца, се истепаа мајките
Вчера во 14.50 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Ванчо Питошески“ во Охрид, поради меѓусебно недоразбирање помеѓу две малолетни лица, нивните родители 36-годишната П.В. и 35-годишната М.Т., двете од Охрид, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, извести СВР Охрид.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Тешко повреден тетовчанец во судир на два автомобили
Вчера во 11.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово – с.Јажинце, на влез за тетовско Теарце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“, управувано од Ш.Џ.(74) од тетовско Шемшово и патничко возило „фолксваген голф“, управувано од А.Р.(78) од тетовско Пршовце, двете со тетовски регистарски ознаки.
Во несреќата, А.Р. се здобил со тешки телесни повреди, додека Ш.Џ. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.
Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.