Црна хроника
Не добил дозвола, а засадил 2.000 стебленца марихуана
СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.М.(43) од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
Пријавениот, наводно, заради изработка на магистерски труд на Замјоделски факултет Скопје доставил повеќе барања до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кои се однесувале за впишување во регистерот за семе и саден материјал на коноп од сортата „Хелена“- Cannabis Sativa L (добиена од сорта на индустриско растение запишано во национална сортна листа „Новосадско Конопље“) како и согласност за почнување проект и дозвола за произвотство на коноп. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство одговорило дека треба да биде запишан во регистерот на снабдувачи на семенски материјали, како и дека сортата „Хелена“ да биде запишана во Национална сортна листа и дека Министерството нема надлежност за давање согласност за користење на увезено семе за лична употреба. Известување и барање за дозвола за отпочнување на производство на коноп доставил и до Министерство за здравство за кое добил одговор дека во Република Македонија, како членка на Обединетите нации, е забрането производството на Канабис во сите форми и вариетети.Покрај известувањата кои ги добил од двете министерства пријавениот во текот на 2016 година, од Нови Сад, Србија набавил два килограми семенски материјал канабис. Дел од семенскиот материјал го засадил и одгледувал на земјиште лоцирано во м.в. „Врбица“ село Железница, кратовско каде неовластено произведувал вкупно 1.897 растенија додека останатиот семенски материјал од растителен род Канабис со нето маса од 1980,6 грама го чувал заради понатамошно дополнително производство. Во неделата извршен е претрес на објект и на нива при што П.М. ги покажал парцелите каде има насадено канабис.По одземањето на насадите и растенијата со потврда за привремено одземени предмети извршено е вештачење при што е констатирано дека насадите во вкупен број од 1.897 се млади растенија кои припаѓаат на растителниот род канабис сатива и содржат психоактивни супстанции забранети за производство и промет во Македонија. Истото е констатирано и за семенскиот материјал во вкупна тежина од 1980,6 грама./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.