Црна хроника
Обвинетиот за убиството: Немав намера да го убијам Ангел

Немав намера да го убијам Ангел, изјави во понеделникот обвинетиот Насер Ештрефи кој се товари дека на 19-ти мај минатата година го уби матурантот Ангел Петковски во скопската населба Ѓорче Петров. Тој тврдеше дека со него, освен мобилен телефон, цигари и малку пари, не носел ништо. Тврдеше и дека не носел нож и не му е јасно како ножот се нашол на насипот, кога и таткото на Ангел тврдеше дека со себе не носеле ножеви.
Ештрефи, кој кога се случи убиството имал 18 години, на едно од рочиштата се изјасни дека не се чувствува виновен за убиството на неговиот врсни Ангел, а денеска ја кажа својата веризја за тоа што се случило на патеката на насипот кај мостот во Ѓорче Петров, кој води на кај селото Сарај.Пред да стигне во дворот на куќата на семејството Петковски во населбата Ѓорче Петров, Ештрефи јадел донер и бил сам. Во дворот на куќата не забележал никој, го видел велосипедот и го зел. Во тој момент некој од дворот на куќата почнал да му вика „Застани, застани…“. Обвинетиот на десет метри од куќата го фрлил велосипедот на асфалтирана уличка и почнал да трча. Кога видел дека никој не го брка почнал да оди полека кон Европската очна болница, за да си оди кон дома. Спроти болницата имало паркирано автомобил, а на хаубата на автомобилот стоел дуксер. Продолжил да се движи кон мостот и го видел Ангел како се качува пред него на скалите на насипот.Според неговата верзија, Ангел го чекал на бекатонската патека на насипот, и го фатил за врат и почнал да го дави и да го прашува „од кај е..“. „Пред удолницата на насипот ме удри со бокс во тилот“, раскажа Насер.Тој се спуштил по удолницата кон мостот, а таму се појавил таткото на Ангел, Сашо Петковски, и почнал да го удира со дрво. Паднал на земја, а како што потенцираше, ударите не престанувале. Успеал да стане и меѓу него и Ангел забележал нож и го зел. Но, ударите продолжиле и пак легнал на земја. Повторно успеал да се исправи и после, како што изјави, не знаел ни кого удира со ножот, ни како удира.Избегал и се сокрил зад куќа, зад Европската очна болница, а кога забележал дека пред куќата стоело полициско комбе отишол кај полицајците и сам се предал.Обвинителството го товари Насер од селото Грчец дека од дворот на куќата на семејството Петковски во Ѓорче Петров го украл велосипедот на Ангел, а потоа со нож го прободел матурантот. /крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанец со сатар и нож сакал да влезе во Кривичниот суд во Скопје

Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Основен кривичен суд Скопје, при преглед за влез, во ранецот на М.К.(20) од Скопје, службеник во судска полиција пронашол и одзел два ножеви и еден сатар.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, сооштија надлежните.
Црна хроника
Стружанец крадел струја: со посебен уред вршел промени во потрошените киловати

ОВР Струга поднесе кривична пријава против правно лице од Струга и против А.Р.(28) од Струга, сопственик на правниот субјект, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.
Пријавениот А.Р. , без согласност од надлежен оператор, во просториите на неговиот правен субјект, неовластено поставил посебен уред кој вршел промени во потрошени киловати на електрична енергија, со што се стекнал со протиправна имотна корист.
Црна хроника
Измамена 79-годишна скопјанка: и се јавил лажен лекар од Бугарија, барал пари и злато за операција на ќерка и

Вчера во 17.30 часот во СВР Скопје, 79-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 216.949 денари и златен накит.
Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и се претставило како лекар од Република Бугарија, кој работи и во болница во Скопје, и ѝ кажал дека треба да ја оперира нејзината ќерка, која се здобила со повреди во сообраќајна несреќа и требало златни штрафови да се вградат во ногата, а за тоа требало да се плати.
Како што е пријавено, таа ги предала парите и накитот на едно лице на договореното место, а откако се вратила дома и ја видела ќерка си, сфатила дека била измамена.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.