Црна хроника
Поранешниот градоначалник на Охрид осомничен за шест кривични дела
Поранешниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески е осомничен за шест кривични дела, а според Министерството за внатрешни работи од криминалот што го направил зел повеќе од два милиона денари, легализирал противправна имотна корист во износ од 15.892 денари и примил поткуп од над 700.000 денари.
Осомничен е за „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службена положба и овластување“, „перење пари и други приноси од казниво дело“, „оштетување или повластување на доверители“, „фалсификување или уништување на деловни книги“, „примање поткуп“.Во полициската акција „Јагула“ којашто беше спроведена во четвртокот приведени се вкупно 14 лица, еден од осомничените е надвор од земјава, а по друг се трага.Приведени се сите вработени во општина Охрид, кои работеле додека Александар Петрески беше градоначалник. Се сомничат за криминал со злоупотреби при спроведување на постапки за јавни набавки спротивно на законските прописи со привилегирање и во полза на повеќе правни и физички лица блиски до членовите на криминалната група.„Во спроведувањето на своите криминални активности, членовите на злосторничкото здружение биле потпомогнати од седуммина вработени во Општина Охрид во својство на одговорни лица коишто вршеле надзор на извршени работи од спроведени постапки за јавни набавки распишани од страна на општината, на начин што со свој потпис потврдиле како да се извршени ’непостоечки градежни и други услуги’. Тоа го сториле со помош од управители на приватни фирми кои изготвувале и доставувале фактури со невистинита содржина, а изведувале градежни работи во 2007 година по усна наредба на градоначалникот без да биде објавен тендер за јавна набавка. Во текот на 2008 година, првоосомничениот објавил тендери во кои биле содржани и претходно извршените работи од страна на трговските друштва ’Охрид промет’, ’Ташма градба’ и ’Сидро градба’, кои ги добила ’Ина Трејд’. Тие му изготвиле и доставиле фактури со невистинита содржина за неизвршени работи, а исто така опфатиле и дел од веќе извршените работи во 2007 година без тендер и се стекнале со противправна имотна корист“, рече во петокот на прес-конференција помошник министерот за внатрешни работи, Иво Котевски.Буџетот на општина Охрид бил оштетен за над 47 милијарди денари, а сите се стекнале со противправан имотна корист од над 148 милијарди денари од спорните набавки.Останатите уапсени ќе одговараат и за уште едно кривично дело, помагање. Уапсените се изведени пред судија за претходна постапка и моментално се на распит./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повреден тетовчанец во судир на два автомобили
Вчера во 11.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово – с.Јажинце, на влез за тетовско Теарце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“, управувано од Ш.Џ.(74) од тетовско Шемшово и патничко возило „фолксваген голф“, управувано од А.Р.(78) од тетовско Пршовце, двете со тетовски регистарски ознаки.
Во несреќата, А.Р. се здобил со тешки телесни повреди, додека Ш.Џ. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.
Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Тешко повредена девојка од Скопје откако четирицикл излета од земјен пат во Галичник
Вчера во 15.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека од шумски земјен пат во атар на село Галичник, на место викано „Горно стопанче“, излетал четирицикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Л.(22) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.Ц.(23) од Скопје, додека возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Општа болница „8 Септември“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.
Црна хроника
Со „цитроен“ во Струмица маж излетал од патот, тешко повреден сопатникот
Во 00.15 часот во СВР Струмица било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Струмица, патничко возило „цитроен“ со струмички регистарски ознаки, управувано од И.Н.(56) од Струмица, излетало надвор од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Ж.А., констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.