Црна хроника
Приведени 25 судии и службеници од Основниот суд Скопје 1
Полицијата во среда изутрина приведе 25 судии и службеници вработени во одделот за прекршоци во Основниот суд Скопје 1, за несовесно работење со што го оштетиле Буџетот за околу 68 милиони денари, соопшти скопското јавно обвинителство.
Основното јавно обвинителство Скопје во среда донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 25 лица, од кои 13 се судии, а 12 судски службеници во Основниот Суд Скопје 1 Скопје – оддел за прекршоци, за основано сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата.
„Сомнението е дека во текот на 2010 година до нив биле доставени предмети Барања за поведување на прекршочна постапка, кои биле земени во работа во текот на 2012 и 2013 година. По предметите биле донесени пресуди со определени праични казни, а не биле доставени на извршување. Основното јавно обвинителство Скопје основано се сомнева дека поради несовесното работење на осомничените е нанесена штета на Буџетот на Република Македонија од околу 68.000.000 денари“, се наведува во соопштението на ОЈО Скопје.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Петгодишно дете исчезна во Сарај, МВР го најде по два часа
Петгодишно девојче исчезнало денес околу 16.20 часот во паркот Сарај.
Како што објави МВР, веднаш презеле мерки, па околу 18.15 часот детето било пронјадено.
Претходно, од полицијата информираа дека се трага по девојче со руса долга коса, облечено во розово фустанче и розови чевли
Црна хроника
Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на ископ, била пронајдена коска, најверојатно човечка, на место каде порано имало гробишта.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител.
Црна хроника
Во куќарка на паркинг во Центар пронајдено починато лице
Во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, во куќарка на паркинг, додека бил на неговото работно место, бил пронајден починат Д.С.(63) од Скопје.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.