Црна хроника
Сé уште непознати мотивите за инцидентот во Тетово
Мотивите за тешкиот вооружен инцидент, што во петокот доцна вечерта се случи во едно кафуле во Тетово, во кој едно лица загина, а 10 се ранети или повредени, се уште се непознати.
Ова за Макфакс во саботата го изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски, нагласувајќи дека истрагата за инцидентот е на самиот почеток.
Тој истакна дека информациите кои беа објавени во дел од медиумите дека мотив за инцидентот била расправа за девојка се чиста шпекулација и дека нема никаква официјална потврда за такво нешто.
Јосифовски информираше дека полицијата има еден осомничен за пукањето, кој бил непосреден учесник во инцидентот и дека по истиот интензивно се трага.
Според податоците А.А. се здобил со смртни повреди од огнено оружје во стомакот и градниот кош.
Тој им подлегнал на повредите на пат за скопските болници и по наредба на јавен обвинител врз неговото тело ќе се изврши обдукција.
Уште шест други лица кои се наоѓале во објектот, на возраст од 20 до 25 години, задобиле повреди од огнено оружје најмногу во долните екстремитети. Поради сериозноста четири од нив биле пренесени на скопските клиники, додека останатите две биле задржани на лекување во тетовската клиничка болница.
Други четири лица завршиле со телесни повреди, расеченици, набиеници и друго и откако биле пренесени во тетовската болница по укажната помош биле пуштени на домашно лекување.
Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле увид на местото на престрелката, каде биле пронајдени и подигнати за вештачење повеќе траги. /крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец ја нападнал поранешната сопруга, па ја заклучил дома и и’ се заканувал
Полицијата во Гази Баба приведе 38-годишен маж кој ја нападнал поранешната сопруга.
Според информациите од МВР, тој вчера на пладне ја начекал 39-годишната жена на автобуска постојка во скопско село и физички ја нападнал.
Потоа, ја заклучил во неговата куќа и и’ се заканувал, а закани упатил и кон нивните деца.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.
Црна хроника
Раправија во работилница во Чаир заврши со пукање
Во СВР Скопје вчера во 16.44 часот Е.З.(25) од Скопје пријавил дека во неговата работилница на подрачјето на Чаир, по претходна расправија, Б.Р.(36) од Скопје со пиштол испукал еден проектил кон него, но не го погодил.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Скопјанец со возило поминал преку ногата на малолетничка и побегнал
Вчера во 12.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, З.Г.(64) од Скопје, со патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки поминал преку ногата на малолетничка од Скопје и со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го пронашле и привеле лицето во Полициската станица Гази Баба.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.