Контакт

Црна хроника

Зголемен бројот на случаи со семејно насилство

Објавено пред

Во текот на деветте месеци од оваа година евидентирани се 635 кривични дела сторени при семејно насилство, односно 25 отсто повеќе од истиот период лани кога биле регистрирани 507 кривични дела, покажуваат статистичките податоци на Министерството за внатрешни работи коишто ги презентираше министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска во рамките на глобалните 16 дена активизам, “Orange your Neighbourhood“, посветени на Меѓународниот ден на спречување на насиството врз жените.

dobivaj vesti na viber

Најголемиот дел или речиси две третини се кривични дела, телесна повреда, а извршители во 90 отсто од случаите се мажи, а жртви се мајки, сопруги, ќерки.Кај евидентираните прекршоци пак, според Јанкулоска има намалување за 10 проценти – односно за деветте месеци од годинава евидентирани се 257 прекршоци во споредба со 288 лани, а дури 95 проценти од прекршителите се мажи. Заокружувајќи ја статистиката Јанкулоска потенцираше дека бројот на поплаки за семејно насилство за девете месеци годинава е над 3.200 што е зголемување од над 36 проценти во споредба со истиот период минатата година. А, најголем број од поплаките се поради психичко малтретирање на жртвата, над 2.500, потоа следат оние за физичко малтретирање и на крајот поплаки за малтретирање на жртвата од економски побуди.„Без сеопфатна и не само системска туку – поширока и постојана граѓанска и јавна партиципација, не е можно успешно спротивставување и анулирање ниту на семејното насилство ниту генерално на насилството и неговите, без исклучок секогаш трауматични и болни последици“, истакна на крајот министерката Јанкулоска.Јанкулоска потенцираше дека во изминативе години МВР и другите релевантни институции од една и граѓанскиот сектор од друга страна успеаа да направат крупен исчекор во подигнувањето на  свеста за овој реален  проблем  со насилството, особено семејното насилство коешто во најголема мера е токму “медиумот“ каде што жените најчесто се жртви по разни основи.„Почнувајќи од денес па во наредните 16 дена на активизам за спречување на насилството врз жени и девојчиња, колку што е предвидено да трае оваа глобална кампања, односно до 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права, и ние како индивидуи но и како општество, јасно и недвосмислено уште еднаш ќе го демонстрираме нашето “НЕ“ на насилството врз жените“ изјави Јанкулоска./крај/мвр



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Тројца приведени од Кумановско: возеле под дејство на алкохол

Објавено пред

Денеска во 01.30 часот на регионалниот пат Куманово-Св.Николе, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 28-годишниот Н.М. од село Биљановце, кумановско.

dobivaj vesti na viber

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Н.М. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,68 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

Исто така, денеска во 01.55 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.К.(42) од с.Доброшане, кумановско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал В.К. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,69 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

Денеска околу 03 часот на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.Д.(28) од с.Табановце, кумановско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Д. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,56 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

По целосно документирање на случаите, против овие лица ќе бидат поднесени кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Приведен возач во Гостивар затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Објавено пред

Денеска во 01.10 часот полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода И.Ф. (50) од село Долна Бањица, гостиварско.

dobivaj vesti na viber

При сообраќајна контрола на ул. „Живко Брајковски“ во Гостивар, било сопрено патничко моторно возило „шкода” со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал И.Ф., и по преземени мерки било констатирано дека И.Ф. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,17 промили алкохол во крвта.

Тој бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.297- а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило”.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Уапсен возач од Скопско поради синоќешната сообраќајна несреќа на „Џон Кенеди“ во Скопје

Објавено пред

Денеска во 00.30 часот на улицата „Џон Кенеди“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 57-годишниот Ф.А. од село Визбегово, скопско.

dobivaj vesti na viber

На 09.05.2025 околу 21.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Џон Кенеди“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А. и мотоцикл „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ц.(25) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

По наредба на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а возачот на патничкото возило „рено“ е лишен од слобода и во консултација со јавен обвинител ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

(Фото) Како изгледа индиски Кашмир по нападот од Пакистан

Пакистанската армија објави дека Индија извршила напади врз неколку пакистански воени бази во текот на ноќта. Исламабад објави дека, како...

Европа1 час

(Видео) Макрон, Мерц, Стармер и Туск заедно во Украина: „Ќе го зголемиме притисокот врз Русија“

Лидерите на Франција, Велика Британија, Германија и Полска денес се во Украина, во првата таква заедничка посета, за да разговараат...

Свет3 часа

Пакистан: Индија ги нападна нашите воени бази, започнавме операција за одмазда

Пакистанската војска објави дека Индија извршила напади во текот на ноќта врз неколку пакистански воени бази, вклучувајќи локации во близина...

Свет3 часа

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната меѓу Русија и Украина е оправдано

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека учеството на Северна Кореја во војната меѓу Русија и Украина е оправдано, нарекувајќи го...

Македонија4 часа

Истрага за убиството во Штип: 21-годишникот купил пиштол во Скопје и со умисла лишил од живот едно лице

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против вкупно 5 лица, од кои првоосомничениот како директен извршител...

Топ15 часа

Уапсен битолчанецот кој со нож се закануваше на маж на “Широк сокак”

Денеска на ул. “Св.Кирил и Методиј” во Битола полициски службеници го лишија од слобода М.Ш.(36) од Битола. Тој претходно, пред...

Свет17 часа

Полскиот премиер: „Срамно е да се биде на парада во Москва и да му се аплаудира на Путин“

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека сите што присуствувале на воената парада во Москва на Денот на победата се посрамотија....

Македонија21 час

Измами со превозот на ученици – пријава против ексдиректорка на училиште од Куманово, шест вработени во МОН и две фирми

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште од Куманово, шест вработени во Министерството за образование и наука,...

Македонија22 часа

Во Кочани си дојдоа деца што цел живот ќе немаат раце, толку бргу ли нè заборавивте? – проговори мажот што се врза за бандера во Скопје

Мажoт, кој на скопскиот плоштад се залепи со селотејп за бандера, го направил тоа за да испрати силна порака и...

Македонија22 часа

„Да, виновен сум“ – Васил Јованов призна вина за сообраќајната несреќа, во која загина Фросина

Васил Јованов на денешното прво рочиште призна вина за сообраќајната несреќа, во која загина Фросина Кулакова. Одговарајќи на прашање на...

Македонија23 часа

(Видео) Кузеска за убиството во Штип: Како е возможно турски државјанин да поседува пиштол

Безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена. Македонија гори од насилство, убиства по улици, криминал и безредие. Вчерашното убиство во Штип...

Македонија1 ден

Време е да сфатиме дека „Генералка викенд“ треба да прерасне во генералка 365 дена, вели претседателката Сиљановска-Давкова   

Просторот околу скопскиот акведукт, кој со децении е депонија, треба да прерасне во парк, заклучија утрово претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, министерот...

Македонија1 ден

(Видео) Убиецот имал четворица помагачи, сите се oд Турција и се приведени

Четворица помагачи имал убиецот кој пукаше во кафуле во Штип. МВР соопшти дека било пукано кон Е.О.(25) од Република Турција, по...

Македонија1 ден

Уапсен убиецот што вчера пукаше во Штип

Основното јавно обвинителство Штип е известено од МВР дека лицето по кое се трагаше во врска со вчерашниот оружен инцидент...

Македонија1 ден

„Влен“: 9 и 10 мај – црни денови во Куманово, албанските куќи гореа додека министрите на ДУИ се чешлаа

„Во темната колективна меморија на Албанците во Северна Македонија, 9 и 10 мај 2015 година ќе останат засекогаш како денови...

Топ1 ден

Извршен увид по пукањето во Штип: убиениот и напаѓачот се странски државјани

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип ноќеска вршеше увид на локација во кафе бар каде едно лице беше лишено...

Европа1 ден

Британскиот премиер: Ќе направиме сè за да ја уништиме операцијата на руската флота во сенка

Велика Британија објави дека ќе санкционира до 100 танкери за нафта од таканаречената руска флота во сенка, со цел да...

Свет1 ден

Џеј-Ди Венс: Војната меѓу Индија и Пакистан не е наша работа

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека Индија и Пакистан треба да ги деескалираат тензиите, но додаде дека САД не...

Свет1 ден

Американци: Вистина е, Пакистан собори индиски „рафал“ со авион од кинеско производство

Борбен авион Ј-10 од кинеско производство, кој им припаѓал на пакистанските воздухопловни сили, собори најмалку два индиски воени авиони, потврдија...

Топ1 ден

Пукање во Штип, едно лице повредено

Едно лице е повредено во пукање што се случило вчера вечер во кафуле на градскиот плоштад „Слобода“ во Штип. Според...