Австралија даде зелено светло за хомосексуалните бракови

Австралија даде зелено светло за хомосексуалните бракови

Парламентот во Австралија усвои закон за хомосексуален брак, што е последен чекор кон целосна легализација по кампањата за гласање на граѓаните по пат на пошта.

Законот треба да го потпише генералниот гувернер Питер Косгроув, претставник на кралицата Елизабета Втора од Австралија, што се очекува да се случи во текот на следните денови.

За законот гласаа 146 од 150 пратеници во Долниот дом, а во Горниот дом гласаа со 43 гласа „за“ и 12 „против“.

Граѓаните истовремено се изјаснија за хомосексуални бракови по пат на пошта, што траеше неколку месеци.

Речиси 63 отсто од 12,7 милиони учесници во гласањето гласаа за хомосексуалните бракови, што е ретка процедура која им овозможува на гласачите да се изјаснат по ова прашање.