Дел од село Дебреше ќе добие фекална канализација, инвестицијата е вредна 4,5 милиони денари

Дел од село Дебреше ќе добие фекална канализација, инвестицијата е вредна 4,5 милиони денари

Јавното претпријатие „Комуналец” почна со изградба на канализација за отпадни води за дел од село Дебреше во износ од 4,5 милиони денари.

Директорот на ова претпријатие информираше дека сите блокади за почнување на градежните работи се елиминирани и се прават максимални напори за градежните работи да се реализираат според планираната динамика.

„Почнавме со реализација на градежните работи за изградба на фекална канализација за дел од село Дебреше. Канализационата линија што треба да се изгради е во должина од 800 метри. Проектот се финансира од Министерството за екологија во вредност од 4,5 милиони денари“,  истакна директорот на ЈП „Комуналец“, Исак Лазами.

Градежните работи се очекува завршат во рок од 15 дена.