Министерството за економија на веб-страницата обjави голем број документи од интерес за јавноста

Министерството за економија на веб-страницата обjави голем број документи од интерес за јавноста

Министерството за економија на својата официјална интернет-страница ги објави документите што се од интерес за јавноста, од кои добар дел првпат, што претставува потврда на заложбата за целосна транспарентност и отчетност кон граѓаните.

Имено, во согласност со одлуката од 34. седница на Владата, со која институциите се задолжуваат јавно, преку официјалните веб-страници, да публикуваат 21 документ, односно области на работа за кои се надлежни, со сите податоци важни за јавноста (контакти, нормативи, услуги и друго), Министерството за економија ги ажурира постојните и за јавноста корисни податоци од работењето на Министерството и ги надополни со нови содржини барани од граѓаните.

Така, на интернет-страницата првпат може да се најдат буџетот на Министерството и извештаите за негова реализација, ревизорските извештаи, планот за јавни набавки со сите измени и дополнувања, правилникот за изменување и дополнување на правилникот за систематизација на работните места во Министерството, списокот на сите вработени со позиција, имејл и телефон, правилникот и контакт-лицето за заштитено внатрешно пријавување и офицерот за заштита на лични податоци. Во овој момент од 21-от баран документ дополнително ќе биде креиран онлајн-календарот со најави на настани за кој е потребно техничко приспособување на страницата.

Сите јавно достапни документи од областа на Министерството за економија може да се најдат на www.economy.gov.mk во главното мени на документи или преку линкот: http://www.economy.gov.mk/page/informacii-javen-karakter.