Контакт

Случај Масин

Обвинителството се сомнева како настанала смртта на докторката Јелка Спасовска-Масин, се прибира дополнителна документација

Објавено пред

По пет месеци, Основното јавно обвинителство сè уште го нема утврдено начинот на настанување на смртта на докторката Јелка Спасовска-Масин. Од таму извори за „Макфакс“ брифираат дека сè уште не е комплетирана документацијата која е клучна за утврдување на причините за смртта на докторката. „Макфакс“ дознава дека Обвинителството побарало дообјаснување на наодот од обдукцијата бидејќи постои сомнение дека докторката била убиена во својот дом.

dobivaj vesti na viber

„Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје ја очекува комплетната документација од Министерството за внатрешни работи, која е клучна за расветлување на случајот и за утврдување на причините за смртта. Во рамките на истрагата, покрај побараната обдукција и вештачењата на пронајдените траги од местото на настанот, надлежниот јавен обвинител нареди и обезбедување евентуални снимки од видеонадзорот на околните објекти во близина на зградата каде што беше пронајдено телото на 53-годишната лекарка“, велат од Основото јавно обвинителство за „Макфакс“.

Извештајот од Судска медицина бил завршен неколку дена по добивањето на случајот. Пред четири дена надлежниот обвинител побарал дообјаснување на наодот, кој ќе биде доставен до крајот на оваа недела.

„Веднаш штом го добивме случајот, го обработивме со сите анализи и ги испративме до Обвинителството. Од таму добивме писмо за доојаснување на некои работи. Моментно работиме на тоа, а кога ќе го завршиме, ќе го испратиме“, велат од Судска медицина.

Министерството за внатрешни работи случајот за смртта на Спасовска-Масин го води како смрт под неразјаснети околности, но, сепак, неофицијално се дознава дека има намера да го затвори како решен случај – самоубиство. Според информации на „Макфакс“, МВР никого досега нема ставено на испитување со полиграф.

„На местото на настанот е извршен целосен увид од СВР Скопје, телото на починатата е предадено за обдукција, а други предмети и траги пронајдени на местото на настанот се предадени за анализа и вештачење. СВР Скопје имаше службени разговори со повеќе лица, а преземени се и други мерки и активности врз основа на наредби од ОЈО во Скопје“, велат од МВР.

Според она што го истражуваше „Макфакс“, полицијата нема повикано на разговор луѓе што биле дел од опкружувањето на докторката, како и нејзините блиски. Педесет и тригодишната лекарка и професорка на Медицинскиот факултет беше пронајдена мртва со убодни рани од нож во својот дом на улицата Елисие Поповски – Марко спроти Клиничкиот центар во Скопје. Истрагата е сè уште отворена.

Кристијан Ландов

Случај Масин

(Видео) Случај „Јелка Масин“ – ќерката воопшто не била повикана на разговор во Обвинителството

Објавено пред

Освен сопругот, ниту еден член  од потесното семејство, во крвно сродство со починатата лекарка Јелка Спасовска-Масин не бил повикан на разговор во Обвинителството, тврди за „Макфакс“ нејзината ќерка. Револтирани се од начинот на кој е водена истрагата, како и од фактот дека никој од МВР ниту од Обвинителството не ги повикал да им соопшти дека случајот ќе го затворат како самоубиство.  Велат дека  ќе бараат и дополнителна истрага.

dobivaj vesti na viber

– Изминативе месеци се сретнавме со обвинителката Валентина Бислимовска само двапати, и тоа на наше инсистирање. Бараме повторно средба, а дополнително контактираме и форензичари од странство. Има многу недоречености. Фотографиите што ги видовме од Судска медицина не соодветствуваат со тоа што сега го изјавуваат од Обвинителството,  вели ќерката на починатата лекарка Јелка Масин.

Според информациите на „Макфакс“, на фотографиите од обдукцијата на телото недостасува дел од прстот, а за семејството сомнеж предизвикува и позицијата на телото во која била пронајдена познатата лекарка и професорка на Медицинскиот факултет. Дополнително, најблиските се сомневаат во верзијата за самоубиство и поради однесувањето на Јелка, кое со ништо не алудирало на тоа дека таа планирала да си го одземе животот.

Во оваа насока, мислењето на дел од невропсихијатрите е дека случаите за кои има сомнеж дека се работи за самоубиство треба да се анализираат подетално, или да се направи психолошка аутопсија и да се вклучат психијатри во форензичкиот тим, како што  препорачува невропсихијатарот Мице Дудучки. За случајот со смртта на лекарката Јелка Масин, кој вчера Обвинителството соопшти дека е затворен како самоубиство, д-р Дудучки вели дека треба да се направи психолошка вивисекција и да се анализираат настаните кои ѝ претходеле на смртта за да се отстранат сите сомнежи.

– Овде се поставува прашањето за извршување  психолошка аутопсија . Кои се мотивите за  една солидна личност, која пред тој настан била здрава и успешна, претстоеле убави моменти како мажење на ќерката и подготовка на стручни трудови, и зошто во таква ситуација една личност би извршила обид за самоубиство или успешен суицид?

Во земјите во кои форензичката наука е понапредната, а особено кај самоубиствата, во форензичкиот тим се вклучени форензички психијатри. Кај нас нема таква пракса, а би требало да има. Самата анализа на случајот треба да биде со научен пристап од повеќе аспекти: емоционални, психолошки, соматски, социјални, со тоа ќе се склопат сите коцки од мозаикот за да дадеме одговор кој ќе биде стручен објективен и кој нема да остави место за сомнеж кај кого било, особено кај семејството, оти  веројатно некои факти наведуваат на поинакви размислувања, вели Дудучки.

Основното јавно обвинителство вчера соопшти дека надлежниот јавен обвинител кој постапувал во предметот оценил дека нема место за јавнообвинителска интервенција во поглед на смртта на починатата лекарка од Клиниката за нефрологија и дека таа самата се лишила од живот, односно дека повредите по телото настанале од самоповредување и дека нема елементи на кривично дело. Дополнително оттаму денеска ги демантираа информациите дека недостасувал дел од прстот на телото на починатата, како и тоа дека семејството не било известено дека истрагата се затвора.

„Сите информации и шпекулации според кои недостига дел од прстот на починатата се невистинити. Имено, кај починатата не се утврдени такви повреди или недостиг на делови од телото. Вештачењето на трагите пронајдени на местото на настанот укажува дека телото на починатата не било поместувано.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ги повика и разговараше со сите членови на најблиското семејство. Веднаш по донесувањето на Резолуцијата за затворање на истрагата, на 20 декември 2017 година до членовите на семејството се испратени писмени известувања со кои се информираат за јавнообвинителската одлука“, велат од Обвиителство.

Г.Н.Р

Прикажи повеќе...

Случај Масин

Чија рака го држела ножот што ја усмрти докторката Јелка Масин?

Објавено пред

Обвинителството сè уште не излегува со детали дали докторката Јелка Спасовска-Масин е убиена или се самоубила. „Макфакс“ од свои извори во МВР дознава дека сакаат случајот да го затворат како самоубиство, иако Обвинителството сè уште истражува, а наодите од Судска медицина не наведуваат прецизно за таков исход. Ниту Обвинителството не може да одреди сè уште дали е убиство или самоубиство – досегашните докази не даваат сигурен исход ниту за една варијанта.

dobivaj vesti na viber

Деталите од истрагата до кои дојде „Макфакс“ говорат дека целата ситуација е нејасна и не е направен максимален напор да се открие како настанала смртта кај докторката. Засега е најблиску сценариото што Јавното обвинителство планира да го направи, односно дека се работи за самоубиство, при што докторката наводно трипати сама си забола нож во пределот на вратот, на задниот дел од главата. Според неофицијалните информации, докторката Спасовска-Масин првин еднаш си го забола ножот, а веднаш потоа си нанела убод од 4 сантиметри, за и покрај тоа, да си нанесе трета рана со убод од 12 сантиметри.

Студиите и анализите направени за самоубиства со самоубодни рани покажуваат дека ова го има само кај 1,6 отсто од целата популација, а тие биле последица на трауми. Но, смртноста од вакви рани е екстремно ниска и е само кај машката популација. Лицата што извршуваат самоубиства претпочитаат безболна смрт. Најчестите обиди за самоубиство се со бесење и труење. Според повеќе студии, убодувањето со нож е еден од најчестите начини за убиство. Ниту една од анализите не покажува случаи ниту можност за самоубиство со убод во пределот на вратот.

Според информации на „Макфакс“ од лица во истрагата, тенденцијата на Основното јавно обвинителство е да го затвори овој случај како „успешно решен“, односно како самоубиство, иако по шест месеци има многу нејасни моменти, кои не се поклопуваат со реалната слика што била затечена вечерта кога било пронајдено мртвото тело на докторката. Беживотното тело на докторката беше пронајдено на 9 мај, а шест месеци подоцна не се собрани и земени превид сите докази и факти, велат познавачите на оваа материја, кои додаваат дека не е направн сериозен напор да се дојде до вистината.

Никој од крвното сродство од страна на докторката Јелка Спасовска-Масин досега не бил повикан на разговор во полицијата.

К. Ландов

Прикажи повеќе...

Случај Масин

Кој и како ја запира истрагата за смртта на докторката Јелка Спасовска-Масин?

Објавено пред

По шест месеци, Јавното обвинителство сè уште не го расветли случајот за убиството на нефрологот Јелка Спасовска-Масин, која беше пронајдена мртва со убодни рани во својот дом. Од судска медицина сè уште го немаат доставено дообјаснувањето до Јавното обвинителство на кој начин ѝ се нанесени повредите на докторката Јелка Спасовска-Масин, иако во изјава за „Макфакс“ пред два месеца од таму рекоа дека тој ќе биде доставен за една недела. Ова дополнување, кое е клучно за истрагата, го запира расветлувањето на целиот случај.

dobivaj vesti na viber

„Прибрани се вербални и материјални докази. Се очекува пристигнување на побараното дополнение од Судска медицина, кое е битно за донесување јавнообвинителска одлука за натамошно постапување. Во насока на расветлување на настанот надлежниот јавен обвинител имаше средба и со блиски членови од семејството на починатото лице“, велат од Обвинителството за „Макфакс“.

Обвинителството не одговори на прашањето дали се прибрани видеоматеријали од локалните надзорни камери, кои би помогнале во целата истрага. Од Институтот за судска медицина објаснуваат дека им требало време за да дообјаснат како се настанати повредите на телото на нефрологот Спасовска-Масин.

Надлежниот обвинител ја комплетира истрагата, но не кажува кога таа ќе биде завршена за да биде објавен резултатот од неа. Педесет и тригодишната докторка и професорка на Медицинскиот факултет беше пронајдена мртва со убодни рани од нож во својот дом на улицата Елисие Поповски – Марко спроти Клиничкиот центар во Скопје. Истрагата е сè уште отворена.

Кристијан Ландов

Прикажи повеќе...

Најново

Топ4 часа

Бебе почина во болница во Охрид

Вчера во СВР Охрид, пријавено е дека во 8.10 часот во Општа болница во Охрид починало деветмесечно бебе. Бебето претходно...

Македонија6 часа

Вработена во МВР наплатувала по 15.000 евра за лажно посредување за социјален стан

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишна вработена како аналитичар во СВР Скопје која е...

Европа6 часа

Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина

Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на...

Топ7 часа

Нема крај на нападите од улични кучиња, полицијата во Скопје доби нови три пријави

Билтенот на Министерството за внатрешни работи секојдневно е полн со пријави за настани на граѓани каснати од улични кучиња. Такви...

Македонија10 часа

За осомничениот за убиството на братот и снаата се бара притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за лице...

Свет11 часа

Русија нема сила повторно да го нападне Киев, изјави Зеленски за АФП

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за Агенцијата Франс прес (АФП) изјави дека не верува оти Русија има сила...

Свет12 часа

Убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец

Вчера од вооружени лица во централен Авганистан се убиени  тројца странски туристи и еден Авганистанец, а четворица странски државјани и...

Македонија13 часа

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен...

Македонија1 ден

Мицотакис со предупредување: Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат Договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис уште еднаш ја предупредува Македонија дека прекршувањето на Договорот од Преспа, со кој се реши долгогодишниот...

Македонија1 ден

Понижувани сме и навредувани, стравуваме дека прозивките ќе преминат во лични напади, реагираат Даштевски и уште петмина од ДИК

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, и членовите Радица Ристеска, Оливер Ристовски, Борис Кондарко, Бобан Стојаноски и Абдуш...

Македонија1 ден

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Албанскиот премиер Еди Рама упати критики до официјална Софија и до сите ЕУ-членки што користат билатерални прашања за блокади на...

Македонија1 ден

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Кривичниот суд го добил барањето од Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари за ангажирање адвокат што ќе го застапува осомничениот...

Топ1 ден

Екстрадиран Бесим Красниќи

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР и Единицата...

Македонија1 ден

„Европскиот фронт“: Ниту една влада не може да го раскине договорот со конзорциумот „Бехтел и Енка“

„Европскиот фронт“ смета дека е неприфатлив и невозможен чин раскинувањето на договорот со „Бехтел и Енка“. „Ниедна влада не може...

Македонија1 ден

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, негира дека тој или неговата правна канцеларија го подготвиле или учествувале во изготвувањето...

Топ1 ден

Пронашле граната од Првата светска војна и ја однеле во Полициската станица Берово

Регионалниот ЦУК Штип известува дека, вчера, во 12.30 часот, во станицата на Полициската станица Берово беше донесено неексплодирано убојно средство,...

Свет1 ден

Извикал „Робо, дај ми рака“, па пукал кон словачкиот премиер – кој е човекот што стои зад атентатот на Фицо

Словачкиот премиер Роберт Фицо, кој беше застрелан во средата, сѐ уште е во тешка состојба. Според словачките медиуми, се очекува тој...

Свет1 ден

(Видео) Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

Француската полиција уби вооружен маж, кој се обиде да запали синагога во северозападниот град Руан, соопшти францускиот министер за внатрешни...

Европа1 ден

Орбан: Фицо е меѓу животот и смртта

Словачкиот премиер Роберт Фицо е меѓу животот и смртта два дена по атентатот што ја шокира Европа, изјави унгарскиот премиер...

Свет1 ден

(Видео) Огромно невреме во Хјустон, четворица мртви, градот во мрак: „Не излегувајте“

Силна бура со урагански ветрови го зафати Хјустон вчера, однесе најмалку четири животи, искрши прозорци на облакодери и остави 800.000...