Одобрено обвинението за „Трезор“

Одобрено обвинението за „Трезор“

Советот за оценка на обвинитениот акт при Основниот суд Скопје 1 Скопје го одобрил обвинението за случајот „Трезор“, во кој се обвинети ексдиректорот на УБК, Сашо Милајков, поранешниот началник на Петтата управа, Горан Грујевски, кој е во екстрадициски притвор во Солун, ексшефот на Кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, и поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Сајковиќ, дека проневериле државни пари за набавка на софтвер од странство за потребите на Петтата управа.

Судењето за овој предмет сѐ уште не е закажано.

„Макфакс“ објави дека адвокатите на одбраната поднеле жалба на обвинението и за него одлучувале апелационите судии.

В. Маглешов