(ВИДЕО)Питер Фејт за „Макфакс“: Македонија по изборите сврте нова страница

(ВИДЕО)Питер Фејт за „Макфакс“: Македонија по изборите сврте нова страница

„Македонија по изборите сврте нова страница“, изјави за „Макфакс“, Питер Фејт, кој беше посредник во конфликтот во 2001 година. Тој на „Белградскиот безбедносен форум“ говорше за одржување на безбедноста во земјите од Западен Балкан и Европа.

„Се одржаа избори, беше избрана нова владина коалиција, што ја поздравувам“, рече во изјава за „Макфакс“, Фејт. „Остануваат предвизвиците со владеење на правото и СЈО“, изјави Фејт. „Има нова надеж за Македонија“, изјави холандскиот дипломат.

На прашање на „Макфакс“, за дебатата за двојазичноста во земјата, Фејт рече дека со анализата на Охридскиот рамковен договор нарачана во 2015 година, по барање на Секретаријатот, предвиделе неколку препораки. Ексвицепремиерот за спроведување на Охрдискиот рамковен договор, Муса Џафери, побарал од нив, Законот за употреба на јазици да биде приоритетен во решавањето. „Целта на предлог-законот за употреба на јазици е да се зајакне социјалната кохезија во земјата. Законот за употреба на јазици нема да ја подели земјата“, рече Фејт во изјава за „Макфакс“.

Поранешниот посредник во конфликтот во Македонија и медијатор во Европскиот институт за мир, ја оцени како погрешно толкување дебатата за Законот за употреба на јазици, дека за сметка на албанскиот јазик, ќе биде занемарени јазиците на етничките заедници кои се под 20% во државата. „На крајот Македонија ќе биде посилна, ако сите заедници и групи во земјата бидат еднакво претставени“, додаде Фејт, кој го очекува и ставот за ова прашање натоп Венецијанската комисија.

Од Белград за „Макфакс“
В. Маглешов