Стевчо Јакимовски: Бегалците да ги примат САД и Русија, а не Македонија

Стевчо Јакимовски: Бегалците да ги примат САД и Русија, а не Македонија

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на фан-страницата на „Фејсбук“, објави статус во контекст на наводната изградба на бегалски кампови, а како потписник на иницијативата за распишување референдум за ова прашање.

Јакимовски напиша: „Македонија не е држава која ја бомбардирала или учествувала во бомбардирањето на Сирија и затоа нема обврска да ги прими бегалците. Кој ги бомбардирал, тој нека ги носи кај него, а во случајот тоа се САД и Русија. Не можеме да се согласиме да ни донесат бегалци во општина Карпош и да им дадат станови и тоа истите оние што тврдат дека општината е загадена, пренаселена и преурбанизирана“.

Македонија треба да прими бегалци и таков е редот доколку има воени дејства во регионот, како што тоа беше случајот со бегалците од Босна и Херцеговина и Косово, смета Јакимовски.

„Општина Карпош не е подготвена да прими 5.000 бегалци од Сирија и да им го загрозува животот на граѓаните. Токму затоа ја потпишувам оваа иницијатива“, напиша првиот човек на Карпош, Стевчо Јакимовски.