Контакт

Daily news

Хуманитарен велеслалом во Маврово за децата кои живеат во сиромаштија

Објавено пред

Шеснаесетта година по ред во Ски-центар Маврово се одржува аматерскиот велеслалом кој традиционално е настан со хуманитарен карактер. Оваа година собраните средства во вредност од 10 илјади евра беа донирани на Здружението за хумано-општествен развој „Проект среќа“ со цел помагање и унапредување на животниот стил, едукацијата, забавата и здрави животни навики кај оние категории граѓани на кои тоа им е отежнато од различни причини.

dobivaj vesti na viber

„Како пријатели на среќата, 54 екипи скијаа за среќата на општеството и оние на кои таа им е најпотребна, скијаа за среќата на децата во 2018 година. На настанот беа присутни над 150 учесници и уште толку посетители кои ги бодреа своите тимови, што за нас претставува мотив за продолжување на традицијата и неуморно креирање интерес за хуманоста и остварување многу хумани цели“, вели Петар Младенов, маркетинг-директор на Ски-центар Маврово.

Годинава настанот привлече 54 тима од најголемите компании во Македонија, кои се натпреваруваа во неколку категории мажи, жени, борд и спортски забавни игри на снег.

„Традиционално средствата од котизацијата на тимовите Ски-центар Маврово ги донира во хумани цели. Годинава добитник на средствата е нашето здружение ‘Проект среќа’. Бескрајно сме благодарни на укажаната доверба, и ги уверуваме дека средствата ќе стигнат на вистинско место. Сите добиени средства нашето здружение ќе ги намени за летниот камп Шарено лето 2018, наменет за деца кои живеат во сиромаштија. Минатата година на овој камп учествуваа 40 деца, а годинава ќе учествуваат 120 деца од цела Македонија. Им благодариме на сите поединци и компании кои ни даваат  поддршка бидејќи без нив нашата мисија би била невозможна“ – велат од здружението „Проект среќа“.

Првиот аматерски хуманитарен натпревар во велеслалом се одржа во 2003 година. Натпреварот се одржа на „Галички“ во дисциплините паралелен велеслалом и велеслалом. Бројот на тимови изнесуваше 35 со повеќе од 100 учесници. Ски-центарот ќе продолжи овој настан да го одржува традиционално со цел да изнуди многу насмевки и среќа кај оние на кои навистина им треба.

 

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Д-р Даниловски: Ризиците од заразување со птичји грип се мали

По потврдата на птичји грип кај угината гуска во скопската зоолошка градина, епидемиологот д-р Драган Даниловски на својот ФБ профил...

Македонија9 часа

АХВ: ЗОО Скопје иако детектирало угинато животно, не постапила по законски процедури

Вчерашното за нас недостојно соопштение на ЗОО Скопје во кое се користеа недолични, непрофесионални и небулозни зборови кои се надвор...

Македонија10 часа

Четворица вработени од Зоолошка одат под здравствен надзор, едно лице ќе биде тестирано за птичји грип оти појавило симптоми

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, даде изјава за медиумите откако беше потврден птичји грип кај гуска во...

Македонија11 часа

(Видео) Кирков: Неспособната Арсовска беше на праг да предизвика епидемија од птичји грип

Данела Арсовска која е позната по негрижа за граѓаните, негрижа за народните пари, сега беше на праг да предизвика епидемија...

Македонија13 часа

ЛДП: Пломбирање на Зоолошката градина додека не се реши градскиот хаос

Градската организација на ЛДП бара итно пломбирање на Зоолошката градина Скопје и преземање одговорност од надлежните лица за случувањата во...

Македонија14 часа

(Видео) Анима Мунди: Птичји грип не се превенира со кршење вратови, фрлање живи во канта и стрелање со пушки

Птичји грип не се превенира со кршење вратови, фрлање живи во канта и стрелање со пушки: повикуваме на итен прекин,...

Свет14 часа

Избори и референдум во Молдавија, Путин планира дестабилизација

Граѓаните на Молдавија денеска гласаат на претседателските избори, но и на референдумот за Европската унија (ЕУ). Овие избори и референдумот...

Свет15 часа

Повеќе од 1.000 британски осуденици наскоро ќе бидат ослободени поради пренатрупаност во затворите

Британските власти наскоро ќе ослободат предвремено 1.100 осуденици, како дел од владината програма за намалување на бројот на затворени лица...

Свет15 часа

(Видео) Доаѓа бурата Ешли: се очекува ветер до 300 километри на час и бранови до 12 метри

Првата бура во сезоната во северноатлантската зона наскоро треба да стигне до бреговите на Ирска и Шкотска. Атлантските бури се...

Свет15 часа

Романија се надева дека ќе влезе во Шенген зоната

Романскиот премиер Марсел Чолаку изјави дека е уверен оти неговата земја ќе влезе во Шенген зоната до крајот на годината....

Македонија1 ден

АХВ: Скопската зоолошка ќе биде затворена три недели, потврден е птичји грип

​По угинување на една гуска лоцирана во езерцето во Зоолошка градина Скопје и поставен сомнеж за болеста Авијарна инфлуенца (Птичји...

Македонија1 ден

Мицкоски: Зголемување на платите во образованието подразбира повисоки плати за сите вработени, наставници, професори и технички персонал

„Зголемувањето на личниот доход подразбира за сите, вклучително и за техничкиот персонал и сите оние кои што не се наставници...

Економија1 ден

(Видео) Битиќи: Лоши прогнози на Светска банка за економијата – политиките на Мицкоски се неуспешни

Светска банка во својот најнов извештај за Македонија изнесе аларамантни и поразителни податоци за економската состојба на земјава, дека извештајот...

Македонија1 ден

(Видео) Марковска Илиевска: Мозокот на неспособната Арсовска не работи во насока како да ги заврши проектите во корист на граѓаните

Градоначалничката Данела Аросовска ја ситни последната година од мандатот, а скопјани не можат да видат ниту еден реализиран проект, освен...

Свет2 дена

(Видео) Нападната резиденцијата на Нетанјаху, се огласија сирените ширум Израел

Приватната резиденција на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Цезареја била цел на напад со дрон утринава испратен од Либан, потврдија...

Свет2 дена

(Фото+видео) Цела Куба остана без струја, десет милиони луѓе во мрак

Целиот остров Куба вчера остана без струја, оставајќи десет милиони жители во мрак, соопшти Министерството за енергетика и рударство на...

Македонија2 дена

Во избришаната порака не пишувало „кажете само колку пари треба“, туку „полицијата не презема ништо, тврди дека Вања е избегана“, уверува Туфегџиќ

По денешното судење за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, адвокатот на таткото на Вања, Владимир Туфегџиќ, укажа...

Македонија2 дена

ДУИ: Од 34 универзитетски клиники, само три ги водат албански медицински директори, „Вреди“ уништува сè што беше постигнато во здравството

Од доаѓањето на ВРЕДИ на власт до денес, за 100 дена ги демолираа и продолжуват да демолират се што беше...

Македонија2 дена

МВР изгубило два дена од потрагата по Вања на проверка на момче од Шведска, со кое контактирала на интернет, трагата не водела никаде

Началникот на единицата за насилен криминал, Дејан Димовски, во денешното продолжение на судењето за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорческа и...

Македонија3 дена

100 килограми небезбедно месо, продажба на замрзната чорба, вработени со неважечки санитарни книшки, откриле вонредните контроли на АХВ во Куманово

Приближно 100 килограми небезбедно месо и подготовки од месо нештетно уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ)...