Контакт

Featured

(Видео) Тимоние: „Не е најважен притворот, туку конечната пресуда“

Објавено пред

Амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние, во интервју за „Макфакс“ изјави дека е изненаден од леснотијата со која им бил симнат имунитетот на пратениците во Собранието. „Не е најважен притворот, туку конечната пресуда“, изјави тој.

dobivaj vesti na viber

На прашањето за можно решение на прашањето за името, Тимоние рече дека премиерите на двете држави, Заев и Ципрас, покажале дека имаат чувство за државност.  „Никогаш досега не бевме убедени дека двете страни може да постигнат договор“, изјави амбасадорот. „За името треба да се гледа со разумен оптимизам“, изјави Тимоние.

„Ние ви дадовме глас. Сега најважно е и вие самите да си дадете глас за вас“, рече амбасадорот на прашањето како ќе гласа Франција ако на дневен ред во ЕУ стигнат пристапните преговори за членство во ЕУ.

Амбасадорт на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние, изјави дека не било пожелно да му стави европска етикета на Законот за јазици. Тимоние одговарајќи на новинарско прашање за блокирањето на Собранието со над 35 илјади амандмани на ВМРО-ДПМНЕ за овој закон, рече дека тој не бил почнат на најсоодветен начин.

„Собранието не функционира така како што треба“, рече Тимоние. „Законот не беше приоритетен за Европската Унија“, изјави амбасадорот. Tој се повика на изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан. „Албанските партии се легитимни и посакуваат ова прашање да биде решено“, додаде Тимоние.  Амбасадорот се повика на изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој рече дека за овој закон чекале 150 години и ќе почекаат уште малку. „Треба да се најде инспирација во неговата мудрост“, изјави амбасадорот на Франција.

Тимоние потенцираше дека многу поважно е земјата да го убеди Брисел дека македонската демократија е функционална.

Featured

(Видео) Костовски: Скандалот со тепањето полицајци од страна на обезбедувањето на Мицкоски мора да биде расчистен

Објавено пред

Скандалот со тепањето полицајци од страна на обезбедувањето на Христијан Мицкоски и попречувањето на полициската акција против дрога мора целосно да биде расчистен, изјави пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски.

dobivaj vesti na viber

Рече дека најавите за проширување на истрагата се позитивен момент во вистинската насока.

Но, надлежните институции, вели Костовски, имаат обврска да постапат професионално, во рамки на своите законски надлежности и секој инволвиран да понесе одговорност.

„МВР мора да одговори на прашањето за улогата на Мицкоски? Затоа што станува збор за спречување на акцијата против дрога од страна на негово обезбедување. Особено што и многу скандали со дрога се поврзуваат со ДПМНЕ и Белата палата. Професор во музичко училиште и претседател на ОК-ДПМНЕ Пештани неодамна беше фатен со кокаин. Наставничка во училиште во Ново Лисиче, претставник на ДПМНЕ во изборната комисија во Аеродром беше уапсена за дрога. Телохранителот на Мицковски, физички нападна полицаец за да спречи акција за откривање на дрога во познат скопски локал.Дали структурите на ДПМНЕ во ВМРО-МВРО, сега откако имаат министер, ја попречуваат борбата против дилерите со дрога?“, праша Костовски.

Овој случај, како што додаде, мора целосно да се расветли и сите инволвирани да понесат одговорност.

Прикажи повеќе...

Featured

(Видео) Груевски: Ретко се гледам со Мицкоски

Објавено пред

Експремиерот Никола Груевски по судското рочиште за предметот на СЈО, „Насилство во Центар“, на новинарско прашање одговори дека со новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ретко се гледа и дека тој самостојно ја води партијата.

dobivaj vesti na viber

„Тоа е ново раководство, си имаат свои приоритети. На почетокот се на својот мандат и треба да им се остави време за да се докажат со работењето, да ги покажат своите идеи“, изјави Груевски пред судот.

Прикажи повеќе...

Featured

Заев: Во борбата на нотарите и адвокатите за подобра заработка забораваат дека сите им служиме на граѓаните

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе го повлече најавениот предлог-закон за нотаријат бидејќи адвокатите бараа повлекување или најавија штрајк, тој одговори дека правото на штрајк на адвокатите не им бега.

dobivaj vesti na viber

„Ред е првин да разговараме, а по тоа, правото на штрајк не им бега. Јас денеска закажав состанок со министерот за правда и заменик-министерот за правда, мојот советник за правни работи, но и претседателот на Комората за нотаријат на нотарите, претседателот на Комората на адвокатите и претставникот на Стопанската комора, која работи на оваа проблематика. Верувам дека денеска ќе најдеме решение што ќе биде прифатливо за двете страни, а во функција на закон што, пред сè, ќе им служи на граѓаните. Во борбата кој ќе добие повеќе можности да заработи се забораваат дека сите им служиме на граѓаните преку пренесени овластувања, пред сè, нотарите, но секако и адвокатите. Наша конечна цел како Влада е да ги намалиме трошоците на граѓаните во која било постапка“, рече премиерот.

Тој се надева дека ќе имаат разбирање од претставниците на двете комори и на Стопанската комора на Македонија да изнајдеме правично решение и секој да добие фер шанса во согласност со Уставот и законите да заработува од Република Македонија, но и граѓаните да добијат пониски сметки при нивните правно-формални постапки што ги водат пред институциите.

„Законот, секако, ќе претрпи промени. Тоа што можам од почеток да го кажам е дека во еден дел сигурно се во право адвокатите, а во друг дел сигурно се во право и нотарите. Верувам дека има и меѓународни пракси, ние не го измисливме ова, ќе ги примениме сите меѓународно добри, признати примери и она што е пракса во Република Македонија, сослушувајќи ги аргументите на двете страни, на крајот да се донесе правично законско решение за заинтересираните страни. Но, како што реков, во функција на интересите на граѓаните на Република Македонија“, рече Заев.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Топ4 часа

Бебе почина во болница во Охрид

Вчера во СВР Охрид, пријавено е дека во 8.10 часот во Општа болница во Охрид починало деветмесечно бебе. Бебето претходно...

Македонија6 часа

Вработена во МВР наплатувала по 15.000 евра за лажно посредување за социјален стан

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишна вработена како аналитичар во СВР Скопје која е...

Европа6 часа

Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина

Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на...

Топ7 часа

Нема крај на нападите од улични кучиња, полицијата во Скопје доби нови три пријави

Билтенот на Министерството за внатрешни работи секојдневно е полн со пријави за настани на граѓани каснати од улични кучиња. Такви...

Македонија10 часа

За осомничениот за убиството на братот и снаата се бара притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за лице...

Свет11 часа

Русија нема сила повторно да го нападне Киев, изјави Зеленски за АФП

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за Агенцијата Франс прес (АФП) изјави дека не верува оти Русија има сила...

Свет12 часа

Убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец

Вчера од вооружени лица во централен Авганистан се убиени  тројца странски туристи и еден Авганистанец, а четворица странски државјани и...

Македонија13 часа

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен...

Македонија1 ден

Мицотакис со предупредување: Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат Договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис уште еднаш ја предупредува Македонија дека прекршувањето на Договорот од Преспа, со кој се реши долгогодишниот...

Македонија1 ден

Понижувани сме и навредувани, стравуваме дека прозивките ќе преминат во лични напади, реагираат Даштевски и уште петмина од ДИК

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, и членовите Радица Ристеска, Оливер Ристовски, Борис Кондарко, Бобан Стојаноски и Абдуш...

Македонија1 ден

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Албанскиот премиер Еди Рама упати критики до официјална Софија и до сите ЕУ-членки што користат билатерални прашања за блокади на...

Македонија1 ден

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Кривичниот суд го добил барањето од Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари за ангажирање адвокат што ќе го застапува осомничениот...

Топ1 ден

Екстрадиран Бесим Красниќи

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР и Единицата...

Македонија1 ден

„Европскиот фронт“: Ниту една влада не може да го раскине договорот со конзорциумот „Бехтел и Енка“

„Европскиот фронт“ смета дека е неприфатлив и невозможен чин раскинувањето на договорот со „Бехтел и Енка“. „Ниедна влада не може...

Македонија1 ден

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, негира дека тој или неговата правна канцеларија го подготвиле или учествувале во изготвувањето...

Топ1 ден

Пронашле граната од Првата светска војна и ја однеле во Полициската станица Берово

Регионалниот ЦУК Штип известува дека, вчера, во 12.30 часот, во станицата на Полициската станица Берово беше донесено неексплодирано убојно средство,...

Свет1 ден

Извикал „Робо, дај ми рака“, па пукал кон словачкиот премиер – кој е човекот што стои зад атентатот на Фицо

Словачкиот премиер Роберт Фицо, кој беше застрелан во средата, сѐ уште е во тешка состојба. Според словачките медиуми, се очекува тој...

Свет1 ден

(Видео) Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

Француската полиција уби вооружен маж, кој се обиде да запали синагога во северозападниот град Руан, соопшти францускиот министер за внатрешни...

Европа1 ден

Орбан: Фицо е меѓу животот и смртта

Словачкиот премиер Роберт Фицо е меѓу животот и смртта два дена по атентатот што ја шокира Европа, изјави унгарскиот премиер...

Свет1 ден

(Видео) Огромно невреме во Хјустон, четворица мртви, градот во мрак: „Не излегувајте“

Силна бура со урагански ветрови го зафати Хјустон вчера, однесе најмалку четири животи, искрши прозорци на облакодери и остави 800.000...