Daily news
Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ излезе со свое решение за кризата – нови избори
Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, во рамки на протестот што во петок попладне повторно го одржа во централното градско подрачје, преку македонскиот народен документ „Избори се за Македонија“ ги пренесоа своите барања.
Во продолжение текстот го пренесуваме интегрално:
„Нашето движење остварува победи во континуитет! Со нашите срца и души, со разум и мудрост, со сила и храброст – ја победуваме Тиранската платформа
-го победуваме нивниот план за тиранскиот претседател на Собранието
-ја победуваме планираната тиранска Влада која никогаш нема да се оствари
-го победуваме нивниот план за промена на името, знамето, химната, грбот
-ја победуваме идејата за кантонизација, федерализација и разнебитување на Македонија
-ја победуваме нивната перверзија да не прогласат за геноцидни луѓе
и затоа денес на 21 април 2017 година го претставуваме граѓанското решение за излез од кризата:
ИЗБОРИ ЗА ФИНАЛНА ПОБЕДА!!!
Бараме предвремени парламентарни избори во Република Македонија. Избори на кои народот ќе ја отфрли во целост Тиранската платформа, направена во друга држава под патронат на премиер на друга држава!!!
Од денес натаму ИЗБОРИ се основното барање на Граѓанската иницијатива „За Заедничка Македонија“, на сите Македонци, Абанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци кои нè поддржуваат. Ова барање е логичен и рационален продолжеток на сите наши досегашни цели. И затоа велиме
НЕ ЗА ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА!
ДА ЗА ИЗБОРИ ЗА ФИНАЛНА ПОБЕДА!
И сакаме да порачаме јасно и гласно
ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА НЕМА ДА ЈА ИМА! ИЗБОРИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИМА!
Ние сме убедени дека изборите се најдоброто можно решение за дефинитивен крај на политиката и институционална криза во нашата татковина. И ние сме сигурни дека ќе ја оствариме нашата цел. И ние порачуваме избори ќе има! Избори веднаш!
Нашата цел ќе биде остварена. За нејзино остварување имаме предвидено прецизни чекори кои ќе почнеме да ги соопштуваме од следната недела. Ние имаме предвидено и прецизни методи и активности со кои ќе стигнеме за реализација на оваа цел. Демократски методи, базирани на разум и мудрост, и базирани на сила, на силата на мудроста и силата на народот во македонските градови и села.
Бараме и свикување на итна собраниска седница со единствена точка на дневен ред – прогласување и распишување на предвремени парламентрани избори во Република Македонија!
Стратегијата не ја откриваме во целост, но стратегија имаме, исто како и оперативни и технички и тактички можности за таа стратегија да ја оствариме без разлика на противникот во земјата и надвор од земјата!
Ќе отпочнеме консултации со сите релевантни општествени субјекти, ќе ја побараме и ќе ја добиеме нивната поддршка затоа што имаме благородна цел. Избори! Избори за народен легитимитет на институциите! Избори за отфрлање на разнебитувачките сценарија и отфрлање на соросовите пари за корумпираните политичари и нивните полуги. Оваа држава не е лична своина на било кој амбасадор, странска организација, емисар или тесна политичка клика, оваа држава е на народот!
ИЗБОРИ ЗА ФИНАЛНА ПОБЕДА!
Ние сме дел од најмасовните, најголемите и најмоќните протести во историјата на Македонија. Ние не сме тука да ја објаснуваме демократијата – ние сме тука да ја обезбедиме демократијата! А изборите се врвот на демократијата! Ние ќе обезбедиме избори! Народот вели избори! Нема повлекување! Избори во Република Македонија ќе има!
Македонија силна, единствена, заедничка!“. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.