Daily news
Макрон и Брижит – романса што трае
Младиот француски политичар и кандидат за претседател кој ќе се бори со Марин Ле Пен за победа во вториот круг на изборите, Емануел Maкрон, привлекува внимание и поради интересниот приватен живот.
Макрон, кој има 39 години, е во брак со 24 години постарата Брижит Троњо, негов наставник по француски јазик и литература во средното училиште – и католик. Двајцата се сретнале кога Maкрон имал само 15 години, а се зближиле за време на организирањето на една училишна престава. Брижит тогаш била во брак и имала три деца.
Денес има 63 години и седум внуци. Двајцата од почетокот молчеле за нивната врска, но неговите родители наскоро дознале и жестоко се спротивставиле.
Ани Фулда, писателка која напиша книга за животот на Макрон изјави дека на професорката тие и забраниле да се гледа со нивниот син, барем додека не наполни 18 години.
“Не можам да ви ветам”, им одговорила таа тогаш, но тие и покрај тоа не поднеле обвинение против неа затоа што има афера со малолетниот син.
“Никој нема да знае во кој момент нашата врска се претвори во љубов, тоа секогаш ќе биде наша тајна”, изјави Брижит за Ројтерс. Родителите на Макрон верувале дека Макрон преку професорката се обидува до дојде до нејзината ќерка, и биле шокирани кога сфатиле за што станува збор.
Инаку, нејзината најмлада ќерка, која сега има 30 години, работи во неговата кампања. Најстариот син е две години постар од Макрон, а ќерката на кои првично се сомневаа неговите родители е на иста возраст како него.
“Нашата разликата во годините никому немаше да биде чудна што беше постар тој од мене”, вели оваа поранешна професорка. Со меѓусебен договор тие решиле да немаат деца, а Троњо е многу ангажирана во животот на нејзиниот сопруг и за време на кампањата.
“Ако ме изберете, не се извинувам, ако не изберете таа ќе биде тука за мене, да има улога и место во сè. Јас и должам многу, ми помогна да станам она што сум “, изјави Макрон за Брижит.
Во последно време има шпекулации дека Maкрон всушност е геј и дека бракот со Брижит е само маска.
“Му реков: Ќе одиш да го негираш тоа, нели?“, рече неговата мајка кога ги слушна гласините. “Се разбира дека не,само ќе ги хранам ваквите неосновани гласини”, одговорил Макрон, кого по се изгледа мислењата и приказните на другите не го мачат воопшто.
По Франсоа Оланд, кој не се кандидираше за втор мандат меѓудругото и поради скандалот со љубовниците и брзо откако стана претседател ја остави Јелисејската палата без прва официјална дама, и по Николас Саркози кој ја донесе Карла Бруни кога веќе беше на претседателската функција, ако победи Макрон ќе внесе уште една егзотична епизода во врвот на Франција. крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.
Daily news
Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера
Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.
Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.
„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.
Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.
Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.