Контакт

Daily news

Родители на ученици од „Димитар Поп Георгиев –  Беровски“ нема да ги пуштат децата на училиште

Објавено пред

Родителите на учениците од едно одделение во ООУ „Димитар Поп Георгиев –  Беровски“ во Ѓорче Петров денеска нема да ги пуштат децата на училиште поради незадоволство од смената на одделенските наставници.

dobivaj vesti na viber

„Причина за оваа одлука е смената на одделенските наставници од IIa одделение со целодневна настава, К. Б.  и А. М, без никаква најава и за време на зимскиот распуст. Во основното училиште ‘Беровски’ десетина наставници работеа со договор на определено време.  На петмина не им се продолжени договорите. Од тие пет дури двајца се одделенски наставници од исто одделение – IIa. Имаме објективни причини да се сомневаме и за непотизам при вработување на кадрите, дел од нив се во блики роднински врски со вработен на висока функција во општината Ѓорче Петров“, се вели во известувањето од родителите.

Тие на средба со директорката на училиштето побарале на двајцата наставници да им се продолжат договорите барем до крајот на учебната година со цел да се намали, како што велат, психолошкиот шок и да ги заштитиме децата, кои и така се во процес на адаптација зашто во септември една од наставничките веќе им се промени.

„Големо разочарување предизвика нејзиното неизлегување во пресрет, особено што таа, директорката, дозволи истовремено двајцата наставници да се отпуштат. Училиштето е установа која треба да ги штити интересите на своите ученици обезбедувајќи им континуирано  квалитетна обука, а не да ги става пред свршен чин менувајќи им ги наставниците за време на зимскиот распуст. Доказ за постојаните промени на наставници во ова училиште е и фактот што во една паралелка за време од три и пол години се сменети дури петмина наставници. Ние, родителите, револтирани од ваквата ситуација, свесно и на штета по нашите деца, се одлучивме на непопуларен чекор – бојкот на настава, од причина што никој од релевантните фактори нема слух за нашиот проблем“, се вели во соопштението.

Родителите побарале и средба со градоначалникот Александар Наумовски на коja, како што велат, ќе побараат одговори на сите прашања во врска со кадровските решенија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Скопската обвинителка Жаклина Крстевска-Јосифовска ја заврши истражната постапкa, односно како што појаснуваат од ОЈО Скопје за Макфакс, преземени се сите...

Свет4 часа

Сè уште се трага по хеликоптерот со кој леташе иранскиот претседател Раиси, објави ИРНА

Државната Иранска новинска агенција (ИРНА) објави дека во тек е опсежна операција за пребарување и спасување откако хеликоптерот со иранскиот...

Регион9 часа

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Словачкиот премиер Роберт Фицо е надвор од животна опасност по обидот за атентат, изјави денеска министерот за одбрана и вицепремиер...

Топ10 часа

Во сообраќајката на „Водњанска“ во Скопје со повреди завршија седум лица

Седум лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа која синоќа се случи на улица „Водњанска“, пред влезот на Клиничкиот центар...

Македонија11 часа

Силните дождови поплавија подруми и гаражи во Охрид

Локални дождови вчера и во текот на ноќта имаше на повеќе места во државата. Регионалниот Центар за управување со кризи...

Топ14 часа

Четири возила се судрија пред Клинички центар „Мајка Тереза“, неколку лица се повредени

Сообраќајна несреќа вечерва вечерта се случи на булеварот „Мајка Тереза“ во Скопје, пред влезот на Клиничкиот центар. Според првичните информации, во...

Топ1 ден

Еден починат и еден тешко повреден во несреќа во лифт во Штип

Едно лице почина, а друго се бори за живот во Клиничката болница- Штип од повреди добиени во несреќа, што според...

Топ1 ден

Бебе почина во болница во Охрид

Вчера во СВР Охрид, пријавено е дека во 8.10 часот во Општа болница во Охрид починало деветмесечно бебе. Бебето претходно...

Македонија1 ден

Вработена во МВР наплатувала по 15.000 евра за лажно посредување за социјален стан

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишна вработена како аналитичар во СВР Скопје која е...

Европа1 ден

Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина

Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на...

Топ1 ден

Нема крај на нападите од улични кучиња, полицијата во Скопје доби нови три пријави

Билтенот на Министерството за внатрешни работи секојдневно е полн со пријави за настани на граѓани каснати од улични кучиња. Такви...

Македонија2 дена

За осомничениот за убиството на братот и снаата се бара притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за лице...

Свет2 дена

Русија нема сила повторно да го нападне Киев, изјави Зеленски за АФП

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за Агенцијата Франс прес (АФП) изјави дека не верува оти Русија има сила...

Свет2 дена

Убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец

Вчера од вооружени лица во централен Авганистан се убиени  тројца странски туристи и еден Авганистанец, а четворица странски државјани и...

Македонија2 дена

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен...

Македонија2 дена

Мицотакис со предупредување: Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат Договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис уште еднаш ја предупредува Македонија дека прекршувањето на Договорот од Преспа, со кој се реши долгогодишниот...

Македонија2 дена

Понижувани сме и навредувани, стравуваме дека прозивките ќе преминат во лични напади, реагираат Даштевски и уште петмина од ДИК

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, и членовите Радица Ристеска, Оливер Ристовски, Борис Кондарко, Бобан Стојаноски и Абдуш...

Македонија2 дена

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Албанскиот премиер Еди Рама упати критики до официјална Софија и до сите ЕУ-членки што користат билатерални прашања за блокади на...

Македонија2 дена

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Кривичниот суд го добил барањето од Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари за ангажирање адвокат што ќе го застапува осомничениот...

Топ2 дена

Екстрадиран Бесим Красниќи

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР и Единицата...