Контакт

Македонија

Бренидиран езерскиот туризам во Македонија

Објавено пред

Езерскиот туризам во Македонија првпат е брендиран со специјализирани ексклузивни подароци и сувенири под слоганот „All you need is love and the lake“.

dobivaj vesti na viber

 

 

Станува збор за идеја и иницијатива на македонскиот креативен бренд MUNUS, која за оваа намена изработи производи наменети за уживање во сончев ден покрај езеро, како што се пешкири за на плажа, летни фустани, пернички од органски памук, летни тефтери со голем број различни дизајни, подметки за чаши со мотиви од Македонија и цитати од Петре М. Андреевски и низа други уникатни подароци и сувенири.

 

Од компанијата MUNUS велат дека нивната главна цел е на оригинален и модерен начин да се промовираат езерските бисери на Македонија и секој посетител на Охрид или Дојран да си замине не само со убави спомени туку и со интересен сувенир.

 

Дојран е првата општина во Македонија која веќе го промовира езерскиот туризам со специјално изработени подароци, кои се дел од летната линија на MUNUS со слоганот

„All you need is love and Dojran“.

 

Покрај тоа, нивните производи може да се најдат во специјализираниот summer shop на плажата Golden beach во Охрид и во продажните места на „Матица“, „Икона“ и „Мамут“ во Скопје. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Усвоен најновиот квартален извештај со есенските макроекономски проекции на Народната банка

Објавено пред

Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беше разгледан и усвоен најновиот Квартален извештај во чии рамки се вклучени и макроекономските проекции на Народната банка. По усвојувањето на Извештајот, гувернерката ги претстави макроекономските проекции пред јавноста, на конференцијата за печатот.

dobivaj vesti na viber

Макроекономската слика за македонската економија во овој циклус проекции не е значително променета во споредба со априлските проекции.

Во согласност со закрепнувањето на светската економија и странската побарувачка, и натаму се очекува постепено забрзување на растот и на македонската економија. Сепак, најновите проекции упатуваат на малку послаб раст на домашната економија за оваа и за следната година, во споредба со априлските согледувања, а на среден рок оцените за растот се непроменети. Така, за оваа година економскиот раст е проектиран на 2,3%, а за наредната на 3,3%. На среден рок, во периодот 2026 ‒ 2027 година, се очекува натамошно забрзување на растот, во согласност со очекувањата за поповолен надворешен амбиент и засилени инвестициски активности поврзани со подолгорочниот карактер на јавниот инфраструктурен циклус. Ризиците за растот и натаму се нагласени и претежно надолни.

Во периодот на проекциите се очекува натамошно забавување на инфлацијата. Најновите оцени го потврдуваат априлското согледување за просечна стапка на инфлација од 3,5% во 2024 година, иако во последниот квартал се очекуваат одредени нагорни поместувања пред сѐ како резултат на споредбената основа. За следната година се очекува стапка на инфлација од 2,5%, што е мала нагорна ревизија во однос на април, при оцени за поголема инерција кај дел од ценовните категории. На среден рок (2026 ‒ 2027) се очекува стабилизирање на нивото на околу 2%, при очекувано исцрпување на ефектите од надворешните ценовни шокови, закотвени инфлациски очекувања и отсуство на позначителни притисоци преку каналот на домашната побарувачка. Како ризици и натаму се сметаат цените на примарните производи, коишто се под влијание на нестабилниот геополитички контекст и климатските фактори, како и домашните политики со кои се влијае врз агрегатната побарувачка во домашната економија.

И натаму се очекува поволна и претежно стабилна надворешна позиција на економијата на среден рок. По суфицитот остварен во претходната година (0,4%), оваа година се проценува умерен дефицит во тековната сметка од 2,1% од БДП, при стабилизирање на салдото во размената со стоки и услуги, како и нормализација на приватните трансфери, по високите нивоа достигнати во 2023 година. За преостанатиот период на проекцијата, 2025 ‒ 2027 година, е проектиран дефицит на тековните трансакции во просек од 2,2% од БДП. Во целиот период на проекцијата се очекуваат солидни нето-приливи во финансиската сметка, поддржани од директните инвестиции и задолжувањето на државата, со што девизните резерви и натаму ќе растат и ќе се задржат на ниво коешто е соодветно за задржување на стабилноста на домашната валута.

Банкарскиот систем и натаму ќе обезбедува солидна кредитна поддршка. До крајот на 2024 година, се очекува дека кредитниот раст ќе биде стабилен и ќе изнесува 7,5%. Се очекува раст и на среден рок, но малку поумерен и со просечна стапка од 7,2% за периодот 2025 ‒ 2027 година, во услови на солидна капитална и ликвидносна позиција на банките. Кредитниот раст, како и досега, ќе биде поддржан од растот на депозитите, како главен извор на финансирање. На крајот на 2024 година, се очекува солиден годишен раст на депозитите од 7,9%, а на среден рок за периодот од 2025 до 2027 година од околу 7,7%, во просек.

Во услови на значително забавување на домашната инфлација и поволен девизен пазар, но кога сѐ уште постојат ризици, Народната банка започна со претпазливо нормализирање на монетарната политика. Народната банка внимателно, на дневна основа, ќе ги следи макроекономските податоци и ризиците коишто сѐ уште постојат и како и досега, ќе ги презема сите неопходни мерки, користејќи ги сите расположливи инструменти, заради задржување на стабилноста на девизниот курс и ценовната стабилност.

Прикажи повеќе...

Економија

Македонија во фокусот на Microbalkans 2024: Никола Јошевски за улогата на финтек-иновациите

Објавено пред

Никола Јошевски, генерален менаџер и сопственик на Mint Fintech Group и претседател на Групацијата на финансиски друштва при Стопанската комора на Македонија, од вчера учествува на престижната конференција Microbalkans 2024, што се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина. Како клучен панелист на темата дигитализација во микрофинансискиот сектор, Јошевски зборуваше за улогата на финтек решенијата во модернизацијата на финансиските услуги, нагласувајќи дека „технологијата драстично го менува нашиот секојдневен живот и овозможува микрофинансиските институции да нудат поефикасни, поудобни и безбедни услуги на корисниците преку дигитални платформи.“

dobivaj vesti na viber

Во своето обраќање, Јошевски ја истакна важноста на законските регулативи, кои, според него, ја зајакнуваат стабилноста и транспарентноста на македонскиот финансиски сектор. „По сите дискусии и панели, сите се едногласни дека Македонија има една од најдобрите законски рамки за градење на здрав и квалитетен финансиски екосистем,“ посочи Јошевски, додавајќи дека ваквата регулаторна поддршка создава поконкурентна средина за финтек индустријата и микрофинансиските компании.

Македонската делегација на конференцијата ја сочинуваат и други претставници на финансиските друштва, како и претставници на Министерството за финансии кои ќе дискутираат за ESG практиките и инклузијата во финансискиот сектор. Конференцијата, организирана од Асоцијацијата на микрокредитни организации на БиХ (AMFI) со поддршка од Европската унија, ги привлекува водечките имиња од регионот и пошироко. Меѓу реномираните говорници се Елма Зукиќ, претседателка на AMFI, Јасмина Селимовиќ, гувернерка на Централната банка на БиХ, и Ричард Хатавеј, потпретседател на Habitat for Humanity за ЕМЕА регионот.

Јошевски посебно го истакна успехот на Mint Fintech Group во развојот на финтек услугите и важноста на соработката со банки и глобални партнери, наведувајќи: „Горди сме на нашето партнерство со банка во Македонија и со VISA, со што креиравме наша прва VISA картичка и овозможивме средствата од нашите кредити да станат подостапни за клиентите.“ Mint е исто така една од ретките микро-кредитни организации во Македонија која нуди заеми и за поединци и за мали и средни претпријатија, со што 30% од портфолиото е насочено кон корпоративни заеми.

Конференцијата Microbalkans 2024 ја истакнува улогата на Македонија во микрофинансискиот сектор на Балканот и ја зацврстува позицијата на Mint Fintech Group како

лидер во финтек иновациите, промовирајќи ги новите можности за раст и развој преку дигитализација и засилена соработка во регионот.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

ОКТА ги објави финансиските резултати за првите девет месеци од 2024 година

Објавено пред

Финансиски резултати за третиот квартал/првите девет месеци од 2024

dobivaj vesti na viber

ЕБИТДА во првите девет месеци од 2024 година достигна 336 милиони денари при пад на цените на нафтата и зголемени трошоци

ОКТА ги објави финансиските резултати за првите девет месеци од 2024 година со ЕБИТДА која изнесува 336 милиони денари и добивка пред оданочување од 151 милион денари. Иако извозната продажба се зголеми за 12%, пониските меѓународни цени на нафтата и зголемените оперативни трошоци влијаеја на резултатите.

Приходите од продажба достигнаа 34.359 милиони денари, што е намалување од 36.136 милиони денари остварени во истиот период претходната година. Бруто маржата се намали за 30% споредено со истиот период минатата година и изнесува 637 милиони денари, пред сè поради падот на цените на нафтата.

Во третиот квартал од 2024 година, обемот на продажба се зголеми за 2% споредено со истиот период минатата година изнесувајќи 332.000 м³, поттикнат од зголемената продажба на домашниот пазар за 6%. Меѓутоа, падот на цените на нафтата влијаеше негативно на вреднувањето на залихите, намалувајќи ја бруто маржата за 64% и ЕБИТДА-та за 78% споредено со истиот период минатата година. Прилагодената ЕБИТДА ги надмина минатогодишните нивоа за 43%, поддржана од зголемената продажба на домашен пазар, чисти маржи (без ефект од вреднувањето на залихите) и пониските оперативни трошоци.

Во третиот квартал од 2024 година, компанијата изврши откуп на 10% од сопствените акции, покажувајќи доверба во нивната долгорочна вредност и посветеноста на своите акционери.

ОКТА во истиот период инвестираше 44 милиони денари во проекти за обновлива енергија, како фотоволтаичната централа од 12 мегавати која треба да почне со работа до крајот на годината. Ваквите инвестиции ја потврдуваат посветеноста на ОКТА на обновливите извори на енергија, намалувањето на емисиите и одржливиот економски раст.

ОКТА ја покажа својата непоколеблива посветеност на заедницата преку поддршка во време на вонредни ситуации. Компанијата обезбеди специјална опрема за гаснење пожари на непристапни терени за Територијалната противпожарна единица во Свети Николе во екот на беснеењето на еден од најголемите и најактивните пожари во земјата ова лето. Покрај тоа, ОКТА потпиша и Меморандум за соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата за спроведување на едукативни работилници за безбедност во сообраќајот во основните училишта, како и за отпочнување на онлајн кампањата „Каде брзаш?“ со цел да се подигне јавната свест за подобрување на сообраќајната култура.

Дополнително, ОКТА инвестираше во дигитализација на единствените мотори во државата за тестирање на цетанските и октанските броеви кои што се наоѓаат во лабораторијата на компанијата, воедно прва акредитирана лабораторија за тестирања од ваков вид во земјата. Оваа дигитализација ја подобрува прецизноста и анализата на квалитетот на горивата во реално време. Преку оваа инвестиција, ОКТА ја потврди својата посветеност на одржувањето на највисоките стандарди за квалитет на горивата, како на домашниот, така и на извозниот пазар.

Раководството на ОКТА ги приоретизира здравјето и безбедноста на своите вработени и потрошувачи, истовремено обезбедувајќи континуирано и непречено снабдување со најквалитетни нафтени деривати во земјата.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Свет28 минути

(Видео) Израелци претепани во Амстердам; Нетанјаху: Испраќаме спасувачки авиони

Навивачите на израелскиот фудбалски клуб Макаби Тел Авив „синоќа беа нападнати од заседа во Амстердам“ додека го напуштаа стадионот по...

Свет50 минути

(Видео) Потона рибарски брод во Јужна Кореја, двајца загинати, 12 исчезнати

Две лица загинаа, а 12 се уште се водат како исчезнати откако рибарски брод потона рано утринава во водите кај...

Свет1 час

Трамп објави дека Сузи Вајлс ќе биде шеф на кабинетот на Белата куќа

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп синоќа објави дека неговата менаџерка на кампањата Сузи Вајлс ќе биде шефица на кабинетот на...

Европа1 час

Путин: Решени сме да создадеме услови Украина да не биде инструмент во рацете на трети земји и да не се користи во нивни интереси

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Украина треба да остане неутрална за да има шанса за мир, додавајќи дека границите...

Свет1 час

Трамп најави масовни депортации: Наркобосовите и убијците ќе се вратат во своите земји

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп во своето прво интервју по победата над Камала Харис на Ен-би-си рече дека зајакнувањето на американската...

Македонија13 часа

Почина петгодишно дете на Детската клиника, било хоспитализирано поради силна главоболка

Почина петгодишно дете како последица од воспаление на мозокот на Клиниката за детски болести. Девојчето од Скопје кај нив било...

Топ15 часа

Две деца нападнати во основни училишта – едното од соученик на час, а другото од 42-годишник во двор

Две деца претрпеле физичко насилство во основни училишта во Скопје и Тетово, од кои едното за време на час од...

Македонија15 часа

Неисправни вагони и локомотиви имало во опожарениот хангар на „Македонски железници“, велат од МВР

Нема повредени во пожарот кој доцна синоќа во 1 часот и 45 минути по полноќ избувна во хангарот на „Македонски...

Македонија19 часа

Вработени издавале државјанства на лица што не се во Македонија и од нив добивале пари, МВР поднесе кривични пријави

Велешката полиција до Обвинителството поднесе кривична пријава против А. Б. (33) и 30-годишната А. С., двајцата од село Мелница, општина...

Топ19 часа

Загина 59-годишен маж од Прилеп: со возилото излетал од патот

Вчера во 11.28 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Крушево,  кај место викано „Бегова ливада“,...

Македонија20 часа

Поради нерегуларности, затворени два института, просветната инспекција ги проверува и универзитетите, објави Јаневска

Кај некои универзитети се утврдени нерегуларности, потврди денеска и министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Таа информира дека државната...

Македонија20 часа

Војниците поднесоа кривична за Славјанка Петровска, го спречила синдикалното движење, а најавија и протести пред Владата оти Мислајловски 130 дена ги игнорира

Независниот синдикат на професионални војници (НСПВ) поднесе кривична пријава против поранешната министерка за одбрана, Славјанка Петровска, под сомнение дека ја...

Македонија21 час

Спасено лице од давење во Дојранското Езеро, акција на МВР – Гранична полиција

Вчера беше спасено лице да не се удави во Дојранско Езеро во акција на МВР – Гранична полиција, извести ЦУК....

Македонија23 часа

Почувствуван земјотрес во Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани на нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Свет1 ден

(Видео) Америка тестира интерконтинентална балистичка ракета

Американската војска тестираше уште една невооружена интерконтинентална балистичка ракета. Лансирањето се случи од вселенската база Ванденберг во Калифорнија на 5...

Регион1 ден

Градоначалникот на Бања Лука му се налути на Додик: Го креваме знамето на оние што нè бомбардираа

Градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, го критикуваше потегот на Милорад Додик, кој во Палатата на Републиката во Бања Лука...

Свет1 ден

Шефот на ОН за изборот на новиот претседател на САД: Подготвени сме да соработуваме и покрај претходните напади на Трамп

Генералниот секретар на ОН изјави дека е подготвен да работи „конструктивно“ со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, и покрај тоа...

Свет1 ден

Европски научници: Просечната температура во 2024 година ќе го надмине прагот од 1,5 степен

Оваа година ќе биде најтоплата во историјата и прва во која просечната температура била за повеќе од 1,5 степен потопла...

Свет1 ден

Кинезите пишуваат за новиот почеток на кинеско-американските односи, му честитаат на Трамп

Кина објави дека ги почитува резултатите од изборите во САД и му честиташе на Доналд Трамп за неговата победа, а...

Свет1 ден

Харис: Го признавам поразот, но не се откажувам од борбата за слободата и идеалите

Потпретседателката на САД и демократска кандидатка на изборите, Камала Харис, не успеа да и’ обезбеди победа на својата партија, а...