Македонија
Заев и Борисов ќе го потпишат договорот на Илинден
„На 2 Август ќе го чествуваме Илинден во Република Македонија и уверен сум дека тогаш ќе го потпишеме Договорот за добрососедство“, изјави премиерот Зоран Заев по средбата со бугарскиот домаќин Бојко Борисов во Софија.
И премиерот Борисов оцени дека двете земји се многу блиску до потпшишување на договорот за добрососедство, додавајќи:
„Треба ли да продолжиме да бидеме разделени откако многу земји дадоа пример како се развиваат кога заедно ги слават своите херои и историски личности. Затоа решивме со премиерот Заев да одиме на споменикот на цар Самоил. Тоа е нешто што можеме заедно да го славиме. Кирил и Методиј, нашите браќа, можеме да се радуваме сите на тоа“, порача бугарскиот премиер.
„Среќен сум што нашиот прв сосед има голема желба да помогне и на Македонија за интеграцијата во НАТО и ЕУ. За нашата земја нема алтернатива. Отворивме нови перспективи за напредување на нашето пријателство. Разговаравме за помошта и поддршката што Бугарија може да ја даде на нашата земја во процесите на интеграцијата. Се доближија нашите ставови за потпишувањето на договорот за добрососедство “, дополни Заев.
“Заедно ќе славиме Илинден во Македонија на 2 август и тогаш ќе го завршиме договорот за билатерална соработка. Премиерот Борисов ќе ја посети Македонија и ќе го посети споменикот од нашата заедничка историја. Денес ние ќе се поклониме пред споменикот на цар Самуил во Софија. Зборувавме со градоначалниците на Софија и Скопје да дадеме име на една улица за нашите претседатели кои не се живи. Во Скопје на Жељу Желев, а во Софија на Борис Трајковски.
Тоа што го правиме, е повредно од секој договор. Тоа е чин на поклонуваме кон заедничката историја. Тоа е многу повредно од секој договор. Тоа се мали детали. Двајцата министри ќе преговараат за да можат да го надминат сето тоа со цел на 2 август да го потпишеме договорот, кога ќе дојде премиерот Борисов. Остваривме 11 средби, кои помогнаа да го направиме претпоследниот чекор и убеден сум дека на 2 август ќе ја направиме “, рече Заев.
Околу помошта за ЕУ Заев најави бугарска помош исто така.
„Денес побаравме од Бугарија да ни помогне и со своето искуство за европските фондови. Да ни испрати експертизи.Македонија има малку отворени програми, но се надевам да отвориме уште заеднички. Искуството кое го има Бугарија, ќе биде многу важно за нашите перспективи. Имаме желба да ги почнеме преговорите со ЕУ, да станеме членки на НАТО. Пријателска Бугарија ќе ни биде од помош “, рече Заев.
Премиерот Бојко Борисов рече дека ако Македонија не вложи напори, никој не може да и помогне за членството во НАТО и ЕУ.
“Можеме да ја подржиме, да ја консултираме, ако сакаат околу одредена тема. Со отворено срце сме. Сето тоа зависи од политичката елита во Македонија, но ако тие не успеат да ги направат најважните чекори, каква и да е помош да добијат, нема да е доволна. Има прекрасен Берлински процес во Брисел. Веќе реков ако работиме заедно, мислам дека ќе имаме успех. Балканот е во фокусот и на ЕУ и на НАТО“, порача Борисов на прес конференцијата.
.
Заев порача исто така дека Македонија денес затвора едно поглавје на историјата на национализам и омраза и отвора поглавје на европска иднина.
“Македонија има европска иднина, има и пријатели кои сакаат да и помагаат. Го почитувам тоа и среќен сум што Македонија има таков пријател како премиерот Бојко Борисов, кој е среќен што може да му помогне на својот сосед. Земја како мојата може да биде среќна дека има таков сосед со такво раководство “, изјави Заев, додавајќи дека ова пријателство е искрено и дека не дошол во Бугарија само за да бара помош. Според него, градејќи добрососедство и пријателство, западните земји ќе ги почитуваат Балканот многу повеќе.
“Тие сакаат да видат дека си подаваме рака. Очекувам позитивниот дух на премиерот Борисов и на неговата влада да дојде и од Грција“, порача Заев.
И премиерот Борисов оцени дека двете земји се многу блиску до потпшишување на договорот за добрососедство, додавајќи:
„Треба ли да продолжиме да бидеме разделени откако многу земји дадоа пример како се развиваат кога заедно ги слават своите херои и историски личности. Затоа решивме со премиерот Заев да одиме на споменикот на цар Самоил. Тоа е нешто што можеме заедно да го славиме. Кирил и Методиј, нашите браќа, можеме да се радуваме сите на тоа“, порача бугарскиот премиер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Народот доаѓа по своето, по она што Али и Груби му го одзедоа, по она што Заев, Таче и Стево му го продадоа“, рече Стојаноска
„Мора да почнеме поинаку да функционираме и да не молчиме пред неправдите. Мора да се обелоденуваат сите криминали и скандали. Мора да бидеме гласни, за да не станеме невидливи. Криминалот е тој кој треба да биде замолчен. Доста е“, порача Дафина Стојаноска синоќа на митинзите во Гостивар и Тетово.
„На 8-ми мај народот доаѓа по своето, по она што Али и Груби му го одзедоа, по она што Заев, Таче и Стево му го продадоа. На 8 мај нема уценети и поткупени. Никој повеќе не им се плаши, ниту ги сака нивните гнасни пари. Сите до денар ќе му го вратат на народот, како што ќе му ја вратат и државата. Доста долго остана во нивно заложништво. Нема повеќе сила, ниту пара која ќе го сокрие криминалот на ДУИ и СДСМ. Време е за слобода и правда. Време е за нов Претседател на Република Македонија и за нова Влада. Гласајте за професори а не за криминалци“, кажа Стојаноска.
Македонија
„За избор на Владата нема двојно гласање (Бадентер), тоа не е предвидено ниту со Уставот, ниту со било каков договор или закон“, вели Демократскиот сојуз
Демократскиот сојуз ги потсетува партиите, посебно ДУИ, но и сите граѓани, дека соглано член 99 од Уставот на Република Македонија, мандат за состав на Влада добива кандидатот на партијата/ партиите кои имат мнозинство (најмалку 61 пратеник).
„Владата ја избира Парламентот со мнозинство гласови од 120-те пратеници. Мнозинство се 61 пратеник. За избор на Владата нема двојно гласање (Бадентер), тоа не е предвидено ниту со Уставот, ниту со било каков договор или закон, ниту пак има таква пракса. Се работи за класична манипулација или непознавање на политичкиот систем и Уставните решенија за избор на Влада“, велат од Демократскиот сојуз.
„Сосема е извесно дека по 20 години на власт, недопирливите од ДУИ, ќе бидат испратени во долгогодишна опозиција и за грабежот што го направија и разнебитување на институциите и државата во целина ќе одговараат.
Наводната проевропска партија „ги отвори вратите на ЕУ“, при што за време на нивното владеење над 800 илјади граѓани од Македонија се иселија во земјите на ЕУ, меѓу нив и над 200 илјади Албанци.
Сите партии се изјаснија дека по изборите нема да коалицираат со ДУИ. Тоа е јасно за сите граѓани, затоа ќе гласаат за промени, а на ДУИ во опозиција ќе им се приклучи и СДСМ“, се додава во соопштението на Демократскиот сојуз.
Скопје
100 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
„На територија на град Скопје изречени се вкупно 100 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење сигурносен појас…“, велат од МВР.
Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.