Македонија
(Видео) Мицкоски: Ќе поднесеме кривична пријава против Џафери, ќе го оспориме Законот и пред Уставен суд

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието, Талат Џафери, поради флагрантно кршење на Уставот и законите, најави вечерва на прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, реагирајќи на усвојувањето на Законот за употреба на јазиците во Собранието.
Тој рече дека партијата ќе поднесе и иницијатива до Уставниот суд, кој има обврска да ја заштити уставноста во државата. „Ако некој мисли дека ова безредие ќе заврши вака, се излажал. Денеска имавме флагрантно кршење на законите. Зоран Заев и мнозинството ја поништија волјата на граѓаните. Тоа е патување кон дното во кое сакаат да нè повлечат и сите нас. Од оваа одлука никој утре нема да живее подобро. Двете партии изгласаа договор кој е неуставен, неприменлив и штетен“, рече Мицкоски.
Според него, Законот е удар врз соживотот, некој нè втурнува во непосакувано сценарио во кое влогот е Македонија. „Ова е разнишана држава. Власта остана нема на нашите барања да не се донесе овој закон, а ги одби и нашите иницијативи да се разговара за поднесените амандмани на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава поради флагрантно кршење на Уставот. Ќе поднесеме и до Уставен суд, овој закон да не се објави во Службен весник“, вели Мицкоски. Тој тврди дека овие, како што вели, неправди ќе завршат, а тогаш сè ќе биде поинаку.
„Скандалозна е изјавата на пратеникот Џафери дека не го интересираат реформите, туку само Законот за јазици. Колку побрзо и порано сфатат дека сите сме во иста држава, толку ќе биде полесно“, додава Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Илинден, Арачиново и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од ФРЕШ ФАРМ С.МРШЕВЦИ,ФЕЦ СИМАО 1,2.3, ФОТО СОЛАР, СИТИ ФЕШ, МЕЦ СОЛАР, СОЛАНТ, МИЈАК (општина Илинден)
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од С.БУНАРЏИК (општина Илинден)
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од С.ГРУШИНО (општина Арачиново)
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од С.АЈВАТОВЦИ (општина Илинден)
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот дел од корисниците на УЛ.МИЛАН МАРКОВИЌ БР.2-8. (општина Карпош)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.МРШЕВЦИ (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од ФРЕШ ФАРМ С. МРШЕВЦИ (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.БУНАРЏИК (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од ФЕЦ СИМАО 1, 2, 3, ФОТО СОЛАР, СИТИ ФЕШ, МЕЦ СОЛАР, СОЛАНТ, МИЈАК (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.ГРУШИНО (општина Арачиново)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.АЈВАТОВЦИ (општина Илинден)
Македонија
Прекинато водоснабдување во дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека на ден 08.05.2025 година ( Четврток ):
· Поради уличен дефект на ф 65 мм на бул, Партизански Одреди бр.63, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.Борка Талески и Зграда бр,63 на бул Партизански Одреди од 22:00 часот до завршување.(општина Карпош)
Македонија
Променливо облачно време, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови од земјата, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во наредните денови ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во сабота повремено засилен северен ветер. Во недела попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.