Македонија
Ад-хок телото на состанок за да донесе деловник за работа
На нов состанок, Ад-хок телото за следење на медиумското предизборно известување, во вторник, ќе продолжи со обидите да донесе деловник за работа.
Според политичкиот договор, периодот за следење на медиумското известување веќе почна, но за телото да работи неопходен е деловник.Несогласувањата меѓу членовите се околу тоа како ќе одлучуваат, а според последните информации начелно, сите се согласиле одлуките, кога ќе бидат присутни сите пет членови, или четири од нив, да бидат носени со три гласа „за“ минимум. Но, дел од членовите на Ад-хок телото се против идејата во ситуација кога на седница ќе бидат само тројца од петмината, одлуките да се носат со гласови 2:1. Во таков случај другите опции се или да се бара консензус меѓу трите присутни членови, или, тројца воопшто да не можат да носат одлуки.Во Ад-хок телото се Слаѓана Димишкова и Цветин Чилиманов, по предлог на ВМРО-ДПМНЕ, Горан Трпеноски и Љубомир Костовски, предложени од СДСМ, како и Љуљзим Хазири, кој за петти член на Комисијата беше договорен на последниот состанок на лидерите на партиите./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пеевски до Мицкоски: Од вас се очекува правилно да го исполните договорот, Бугарија направи голема работа
Нема да дозволиме Бугарија да се користи за внатрешно-политички цели во Северна Македонија, наведува претседателот на ДПС од Бугарија, Дељан Пеевски.
„Зборовите на лидерот на партија со тврдења од нашата соседна земја дека ќе чека „поразумен премиер“ се апсолутно недозволиви и неприфатливи. Нема оправдување Северна Македонија да се оттргне од нејзиниот евроатлантски пат“ вели Пеевски и му се обраќа на претседателот на македонската партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски:
„Сакам да му се обратам на господинот Миткоски – Нема да има бугарски премиер што ќе оди спротивно на интересите на Бугарија. Од вас се очекува правилно да го исполните договорот потпишан со Бугарија. Ве потсетуваме дека Бугарија како држава направи многу со нејзината поддршка за Северна Македонија, чие место треба да биде членка на ЕУ“, вели Пеевски.
Македонија
Џафери за порасната трева околу Владата: Градоначалничката доби соодветен одговор со изборниот резултат, граѓаните гледаат и вреднуваат
Техничкиот премиер Талат Џафери по денешниот отчет за сработеното во првите 100 дена од Владата што ја предводи, даде објаснување за порасната трева околу Владата за што имаше многу реакции од граѓаните. Одговарајќи на новинарско прашање за тревата, Џафери објасни дека тоа е обврска на Град Скопје, па од таму и изборниот резултат на партијата што ја предводи градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.
„Разбирам дека има реакции по тоа прашање. Според процедурите и прописите, земјиштето е сопственост и во надлежност на Град Скопје. Според договореното и обврските, ‘Паркови и зеленило’ како јавно претпријатие што се грижи за изгледот на градот е надлежно и за оваа работа. Владата ниту има предвидено средства ниту, пак, може да предвиди средства за работи што се надлежност на друга институција. Во овој контекст, јас жалам што излезе вака, но, секако, и на изборите соодветен одговор доби и градоначалничката на градот Скопје во однос на изборниот резултат. Граѓаните гледаат, граѓаните оценуваат, вреднуваат и си го дадоа својот одговор“, рече Џафери.
Нова алтернатива, партијата која на изборите ја предводеше градоначалничката Данела Арсовска, освои 3.516 гласа, односно 0,35 отсто од гласовите на запишаните избирачи.
Македонија
(Видео) Џафери: Груби ниту е Влада ниту е партија
Ниту Европскиот фронт ниту ДУИ не повикува ниту, пак, мотивира на бојкот, беше оставено на слободната волја на граѓаните да ја изразат на гласачкото место, рече премиерот Талат Џафери на денешната прес-конференција.
Во однос на бојкотот на Артан Груби на вториот круг на претседателските избори, Џафери рече дека неговиот став е индивидуален и дека не став ниту на Владата ниту на партијата.
„Индивидуалните ставови не може да се претставуваат како генерални ставови на субјектот. Груби ниту е Влада ниту е партија. Јас имав изјава како премиер на избирачкото место и потврдив дека ги зедов двете ливчиња и гласав. Индивидуалниот став не е општ став по кој може да се извлече заклучок. Нека си е министер, индивидуа е во однос на Владата, не е став на Владата, ниту на партиските органи. Индивидуално може да каже што сака, тоа е слобода и на мисла и на изразување“, одговори Џафери и додаде дека не може да се повикува на одговорност.