Македонија
Четирикратно зголем бројот на мигранти во првите пет месеци од годинава
Бројот на мигрантите во првите пет месеци од годинава на територијата на нашата држава е четирикратно зголемен, а кривичните дела и сторителите поврзани со криумчарење мигранти во однос на истиот период од минатата година е двојно зголемен, покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи презентирани на Регионален форум на министри за внатрешни работи од земјите на Регионалната иницијатива за азил, бегалци и миграција – МАРРИ кој се денес одржа во Скопје.
„Ескалацијата на проблемот со незаконските миграции не се регионални или национални, тие се меѓународен проблем и затоа потребно е и меѓународен одговор на овој проблем“, рече министерот за внатрешни работи Митко Чавков.Според министерот Чавков, земјите од регионот изминатиов период беа и сѐ уште се под огромен притисок предизвикан од миграциските текови кои се должат на конфликтите и жариштата кои траат во повеќе држави. „Особено последниве недели Македонија од јужната граница се соочува со огромен притисок на илегални мигранти кои се обидуваат да ја искористат нашата територија како транзит упатувајќи се кон север, односно во богатите членки на ЕУ“, потенцираше Чавков.„Македонската полиција максимално ги вложува своите капацитети за справување со овој проблем, но сите заедно сме свесни за неговите димензии, рече Чавков, дотолку повеќе што проблемот со мигрантите не е локално или регионално прашање, туку тоа претставува глобален предизвик“, рече Чавков.Во однос на последните случувања за злоупотреба на мигрантите од криминални групи, Чавков потенцираше дека МВР ги мултиплицира сите мерки и активности кои што резултираа со кривични пријави.Покрај другите дискутанти на форумот на МАРРИ свое излагање имаше и амбасадорот на Велика Британија во Македонија, Чарлс Гарет којшто истакна дека регионалните иницијативи и органи се од огромна важност во решавањето на прекуграничните прашања и особено кога се зборува за чувствителни прашања како што е миграцијата.„Миграцијата не е првпат една од клучните меѓународни приоритети и целата меѓународна заедница е запрепастена од смртта на стотици па дури и илјадници мигранти кои се обидуваат да го преминат медитеранот. Сведоци сме на жртви и овде во Македонија. Бројките се чини дека растат неверојатно. Нелегалната миграција е прашање кое што бара сеопфатни решенија и Регионалниот центар МАРРИ кој што Британсакта амбасада го поддржува преку нашиот проект за подобрување на постапките за воспоставување на идентитетот на нелегалните мигранти во регионот на МАРРИ е дел од тој сеопфатен приод“, рече амбасадорот Гарет.Тој, покрај ова, најави дека Велика Британија, како и меѓународната заедница во глобала ќе ги поддржи националните институции во изградбата на одржливи и ефективни механизми за заедничка акција во идентификацијата на нерегуларните мигранти. „Ова ќе го направиме преку развивање и усвојување регуларна правна рамка во регионот на западниот Балкан за толкување на ретките јазици, а ќе се воспостави и заедничка база на податоци за преведувачи на ретки јазици коишто ќе ги користат националните миграциски служби во земјите членки на МАРРИ“, нагласи Гарет.Форумот на МАРРИ е организиран во рамките на Претседателството на Република Македонија 2014-2015 со оваа регионална иницијатива, а во рамки на денешниот собир претседателството со МАРРИ го превзеде Црна Гора./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Времето денеска сончево и потопло
Времето денеска во земјава ќе биде претежно сончево и потопло, попладне во планинските подрачја со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.
Во Скопје претежно сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 24 степен.
Утре времето ќе биде претежно сончево и топло, попладне во планинските подрачја со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Во вторник попладне ќе има локална појава на нестабилност, а во среда и четврток под влијание на нов влажен бран во поголем дел од земјава ќе има пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилни врнежи и засилен ветер.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.