Македонија
Хрватско-македонска НВО ќе донира помош за мигрантите во Хрватска
Невладината организација „Хрватско – македонска тангента“, со седиште во Шибеник, наредните денови, со цел да им помогне на многубројните мигранти и на хрватските институции, ќе донира помош во прифатните центри за мигранти во Хрватска.
По препорака на Министерството за здравство и Црвениот крст на Хрватска, обезбеден е контингент на детска храна, сапун и ќебиња.
Како што изјави претседателот на „Хрватско-македонска тангента“, новинарот Сашо Георгиевски, оваа невладина организација неодамна веќе покажа разбирање и капацитет со тоа што испрати (подари) значителни средства за најзагрозените хрватски граѓани во екот на катастрофалните поплави во Славонија што беше посебно поздравено во хрватската јавност.
Инаку, целта на „Тангентата“ е негување и доближување во доменот на култура, медиуми, економија, образование… меѓу пријателските држави Македонија и Хрватска.
Иницијативата за помош на мигрантите веднаш ја поддржаа и се приклучија и почесните членови на „Хрватско-македонска тангента“ , поранешниот претседател д-р Иво Јосиповиќ, дипломатите д-р Данчо Марковски и д-р Златко Крамариќ, кој е воедно и член на МАНУ. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Герасимовски: В петок предновогодишна забава на „Боемска 1“, концерт на „Нокаут“ и диџеј Александар Јорданов
Општина Центар, в петок, 27 декември, организира предновогодишна забава наменета за сите граѓани, за децата и возрасните на „Боемска 1“.
„В петок, во 11 часот, почнува предновогодишно дружење со хорот ‘Златно славејче’ и хорот од ООУ ’11 Октомври’, при што ќе се изведат познатите детски хитови и ќе ги забавуваат најмалите. На овој настан предвидено е обраќање на градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, а веднаш потоа следува забава со Елса и Спајдермен, кои ќе им поделат новогодишни пакетчиња на дечињата.
Вечерта, во 20 часот, ќе почне предновогодишниот концерт „Вечер под ѕвездите“ со македонските музички ѕвезди, групата „Нокаут“ и диџеј Александар Јорданов.
„Ги поканувам сите граѓани на концертот што ја одбележа годината. Настанот ќе почне со загревање на атмосферата со диџеј Александар Јорданов, а потоа омилената македонска група на сите генерации ‘Нокаут’ ќе ги отпее хитовите со кои пораснавме. Ветуваме добра журка и расположение, дојдете на ‘Боемска 1’“, вели Герасимовски.
Македонија
Антикорупциската комисија реагира: Немаме надлежност да ја истражуавме веродостојноста на сертификатот на Христовски
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) реагира, повторувајќи дека нема надлежност да ја истражува веродностојноста на сертификатот по англиски јазик на директрот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски.
Реакцијата следи откако претходно портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска ја повика ДКСК да ја повлече одлуката за непостапување по овој случај и да ја преиспита.
Од антикорупциската комисија во таа насока велат дека како институција, при разгледување на секој предмет, ги утврдуваат
фактите преку информации кои ги прибавуваат од други надлежни институции и при носењето на одлуките постапуваат исклучиво во рамките на нивните законски надлежности.
„Во однос на предметот за директорот на АНБ, што се однесува на оспорената факултетска диплома, надлежна иснтитуција која ги утврдува фактите е Државниот просветен инспекторат врз основа на чиј записник од спроведен инспекциски надзор е донесена одлуката на ДКСК. Во однос на овој случај, сакаме да укажеме дека ДКСК нема надлежност да презема истражни дејствија во однос на веродостојноста на сертификатот за познавање на странски јазик и тоа прашање е во надлежност на истражните органи“, велат од комисија.
Што се однесува до членот на ДКСК Цвета Ристовска, укажуваат дека нејзината соработка со Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје била на ниво на гостин предавач и никогаш за финансиски надомест или друг тип договорна соработка. Оттаму, сметаат дека не постои никаков судир на интерес бидејќи нема никаква поврзност со наведниот универзитет.
Македонија
Јаулески: Кланот Муртино – Зајас направи груба партизација на институциите и безбедносните структури
На денешната седница на пратенички прашања во Собранието, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески упати три прашања до премиерот Христијан Мицкоски. Во однос на првото прашање, Јаулески истакна дека по преземањето на власта во 2017 година, од кланот Муртино-Зајас, се правеше груба партизација на институциите и безбедносните сили во државата.
„Дали има нови моменти во насока на расветлување на овој случај и дали македонската јавност, може да очекува докази врз база на спроведени истраги во рамките на институциите?“, праша Јаулески.
Во контекст на тоа дека претседателот на Владата, кажа дека во време на опозиција бил следен од безбедносните сили, наместо да се занимаваат со криминалот кој шараше низ државата.
Јаулески напомена дека криминалците наместо да се под органите на прогон, тие биле фотографирани со министри, премиери и претседател на држава, со тогашната власт.
„Што се е пронајдено и запленето во акцијата во која се уапсија 18 лица, припадници на криминалните банди „Беланоца-Барон’’ и дали со оглед на фактот што целата македонска јавност, знаеше за овие ликови и нивната активност а поранешната Влада не гледаше или не сакаше да види, има индиции за соработка и штитење од страна на поранешни високи функционери“, праша Јаулески.
Во однос на третото прашање, пратеникот рече дека Груби носеше патики од над 2000 евра, додека крадеше врз грбот на албанските граѓани и додека тие се иселуваа и поттикнуваше меѓуетнички тензии.
„Што е преземено за враќање на Груби во државата и соочување со правдата?’’, беше последното прашање на Јаулески до премиерот.