Македонија
Избран нов претседател на Уставниот суд

Уставните судии во понеделник на колегиум го избраа уставниот судија Никола Ивановски за нов претседател на Уставниот суд.
Според информациите од Судот, Ивановски бил избран со двотретинско мнозинство, односно за него гласале најмалку шест од вкупно девет уставни судии. Од таму не соопштуваат кои биле други предлози и со колку точно гласови е избран Ивановски. Тој ќе биде претседател на Судот во следните три години без право на повторен избор, а според неофицијалните информации, Ивановски ја имал поддршката од досегашната претседателка на Судот, Елена Гошева.Никола Ивановски е роден на 15 мај 1960 година во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет во Битола во 1983 година, а правосудниот испит го положил во 1985 година. Работел прво како приправник, а потоа како стручен соработник во Окружниот стопански суд – Скопје (1984-1988), истражен и извршен судија во Основниот суд Скопје 1 Скопје (1988-1996), вршел самостојна адвокатска дејност во Адвокатска канцеларија во Скопје (1996-1999), Кривичен судија во Основниот суд Скопје 1 Скопје (1999-2008) и во август 2008 година бил избран за член на Советот на јавни обвинители на Република Македонија.За судија на Уставниот суд на Република Македонија е избран на 1 јуни 2012 година. Мандатот на актуелната претседателка истекува на 1 ноември, за уставен судија беше избрана во мај 2012 година, а по еден месец за судија во овој Суд беше избран Николовски. Изборот на Ивановски за претседател на Уставниот суд значи дека оценувањето на уставноста и законитоста на Законот за Специјално обвинителство ќе биде ставен на дневен ред на некоја од седниците на Судот за време на неговиот мандат. Оваа иницијатива е поднесена пред една година, но досега не беше ставена на дневен ред на седниците на Судот. Гошева, за време на чиј мандат имаше многу критики за партизираноста на дел од уставните судии, изјави дека не гледа демократија во вулгарностите изречени за Уставниот суд, ниту во боењето на објектот на Судот. /крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Да, виновен сум“ – Васил Јованов призна вина за сообраќајната несреќа во која загина Фросина

Васил Јованов на денешното прво рочиште призна вина за сообраќајната несреќа во која загина, Фросина Кулакова.
Тој одговарајќи на прашање на судијката, Снежана Марковска, дали го разбира делото и дали се чувствува виновен, изрази сочувство до семејството на Кулакова.
„Никогаш не сум мислел дека ќе се случи вакво нешто. Да, виновен сум!“, рече Јованов.
Во завршните зборови тој рече и дека има голема грижа на совест.
„Ова ќе ме прогонува до крајот на мојот живот“, рече обвинетиот.
Адвокатот на Јованов, Сашко Дуковски, во одбрана на својот клиент ги наведе неговите студии, успесите и наградите во боксот. Побара да биде изведена и снимка која покажува дека младиот Јованов веднаш по настанот покажал огромно каење.
Несреќата се случи на 29 јануари, кога Јованов, без возачка дозвола, под дејство на алкохол и на црвено светло на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, на пешачки премин, удри во Фросина Кулакова која почина на лице место.
Македонија
СДСМ: Цените растат, мерката за маржите се покажа неефикасна

Цените во маркетите продолжуваат да се искачуваат до нереално високи нивоа, а зголемувањата достигнаа и до 60 отсто. Овие астрономски цени не се само рекорди, туку и показател за неуспехот на актуелната влада во управувањето со економијата, дури и во најтешките периоди како што беше енергетската криза, велат од СДСМ.
„Како што предупредувавме, мерката за замрзнување на маржите се покажа како краткорочна и неефикасна. СДСМ веќе од почетокот ги истакна нашите сомнежи дека оваа мерка нема да донесе долгорочни резултати, што се потврди со зголемените цени.
Овие растечки цени се резултат на погрешните владини политики и неспособноста на Владата на ДПМНЕ да ги менаџира цените на основните производи. Секоја мерка што ја презела оваа влада до сега се соочува со неуспех. Ниту т.н. есенска и новогодишна кошничка, не успеа да го подобри животниот стандард на граѓаните. Напротив, растот на цените не престана!
Владата не ја прифати нашата иницијатива за пакет од седум закони и решенија. Со нашата иницијатива, само со укинувањето на ДДВ на храната, реално ќе се намалеа цените на повеќе од 250 производи, што ќе значеше значително олеснување за граѓаните.
За жал, помина цела година и овој неуспех на владата доведе до огромна штета за стандардот на граѓаните кои се во тешка ситуација и едвај врзуваат крај со крај. Власта треба да се соочи со реалноста и да ја смени својата неефикасна политика, за да ги заштити интересите на граѓаните и да се спречи понатамошно зголемување на цените, потенцираше портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска во одговорот за новинарско прашање на денешната прес-конференција.
Македонија
(Видео) Кузеска за убиството во Штип: Како е возможно турски државјанин да поседува пиштол

Безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена. Македонија гори од насилство, убиства по улици, криминал и безредие. Вчерашното убиство во Штип дополнително ја вознемири јавноста. Дивеење како на филм, за на крај да слушнеме за убиство на уште еден млад човек, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
Таа праша како е возможно турски државјанин да поседува пиштол, чие е возилото со кое бегал и пукал дури и на патарина и кој го дозволил ова безредие или најточно кажано анархија?
Според неа, на македонските улици се случува општ хаос.
„Нема ден, а да нема убиство, тепачка – граѓаните стравуваат за својата безбедност – не е сигурно ниту на улица, ниту во кафе бар, ниту дома. Вчерашното убиство во Штип, во кафе бар, е само последно во низата убиства што се случија изминатава година и тоа јавно пред сведоци. Ова е доказ дека министерот за внатрешни работи Тошковски ја губи контролата врз безбедноста на државата“, изјави Кузеска.
Според неа, Тошковски не само што нема капацитет да се справи со криминалот и да ја гарантира безбедноста на граѓаните – туку и дозволува негово слободно ширење на улиците, па дури во полициските станици.
„За 10 месеци Македонија се претвори во Див Запад. Серија убиства се случија само во Скопје – убиство во Мавровка, Бит Пазар, Чаир, Шуто Оризари. Македонија се соочува со безбедносна криза. Министре Тошковски, уште убиства е потребно да се случат за да ви пропаботи совеста и да превземете одговорност.“, изјави Кузеска и додаде дека СДСМ бара целосно расветлување за убиство во Штип и одговорност за секој друг нерешен случај.