Македонија
Јанкулоска: Се утврдува типот на оружјето од кое е пукано кон Влада и се бараат сторителите
Полицијата го утврдува типот на оружјето од коешто биле испукани куршумите во зградата на Владата, правецот од каде што дошле и ги бара сторителите, изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
„Самиот процес на увидот понекогаш трае прилично долго и во конкретниот случај со оглед на сериозноста со која е пристапено во функција на пронаоѓање на сите можни траги и евентуални докази увидот траеше повеќе часа. Во моментот го имаме остатокот од проектилот што дава информација за неговиот калибар, а оружјето од кое е испукан таков проектил може да биде различно оружје, но ние треба да утврдиме точно од каков тип оружје е испукан овој проектил“, изјави Јанкулоска.Таа рече дека не смее да дава информации дали во моментот кога биле испукани проектилите се одржувала владина седница, но вели дека обезбедувањето на државните објекти е на потребно ниво.Синоќа околу 22 часот биле испукани два проектила кон зградата на Владата. едниот од нив завршил на источната страна на зградата, а другиот на покривот, при што се слушнале две детонации. Ваков инцидент се случи и пред седум години, кога две гранати беа испукани кон Владата, но паднале пред јапонскиот конзулат Едната експлодирала кога удрила во бетонски ѕид, другата уште подалеку од Владата, зад конзулатот, во гранките на едно дрво. Тогашниот владин портпарол, Ивица Боцевски нападот го оквалификува како терористички напад, а целта била Владата. Овој напад се уште не е расчистен./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори
На полноќ завршуваат кампањите за вториот круг од претседателските избори и за парламентарните.
Кампањата за претседателските избори започна веднаш по првиот круг од изборите, додека дваесетдневната кампања за парламентарните избори на 18 април.
На полноќ започнува молкот пред изборите, кој завршува со затворањето на гласачките места на 8 мај во 19 часот.
Македонија
Во мај уште еден продолжен викенд
Денеска се одбележува вториот ден на Велигден според православниот календар и е неработен за сите граѓани на земјава.
Овој месец ни престои уште еден неработен ден, а тоа е 24 мај (петок) кога се одбележува „Св. Кирил и Методиј“ – Ден на сесловенските просветители.
За граѓаните од православна вероисповед неработен ќе биде 21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден.
На 23 мај (четврток) се одбележува Националниот ден на Власите и ќе биде неработен за припадниците на оваа националност, додека 16 јуни (недела) муслиманите во земјвата ќе го слават Курбан Бајрам, а неработен ќе биде првиот ден на Курбан Бајрам.
Македонија
СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината
СДСМ ги повикува граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај и да гласаат за Стево Пендаровски за претседател и за пратеничките листи на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.
„На 8 мај се одлучува за иднината. Во овој клучен момент државата се наоѓа на крстопат. На една страна е враќање назад кон изолација, конфликти, меѓуетничка нетрпеливост и внатрешни поделби со ДПМНЕ. А на другата, продолжување напред, кон прогресот и просперитетот на Македонија во ЕУ, со СДСМ и Коалицијата за европска иднина“, дополнуваат од СДСМ.
Според нив, на 8 мај постои само една социјалдемократска опција, само една лева прогресивна опција која се вика СДСМ.
„Граѓаните со моќта на својот глас можат да кажат стоп за враќањето во кошмарното минато на поделби и тензии и да испратат јасна и гласна порака на сите ретроградни сили дека во Македонија живеат прогресивни луѓе, кои сонуваат за подобра европска иднина за себе и своите деца“, завршуваат од СДСМ.